Здраво мајки, Јас да пренесам едно негативно искуство од др. Сашко во Реоника, се одлучив за прв матичен педијатар , инаку сме 7+ недели . Ја мереа облечена со памперс и 2 бодиња на нејзе , нит главчето и го фати , нит ја соблече гола да и го види дундето, газето, папочето, нит стапалцата за рефлекси . Така да, кажувајте предлог за добар педијатар.
Не знам зошто го фалат Сашко, блиски мои се со многу лошо искуство кај него. За жал, нема баш педијатри вп Аеродром, јас го носам до Букуреш додека отвори др. Филев.
Кога е прва контрола на педијатар и дали треба најава за да се запише истиот за матичен, како оди процедурално?
Нема некоја посебна процедура... Одиш на преглед и кажуваш дека сакаш да ри е матичен ви отвараат картон
Прв преглед треба да е по 7 дена од раѓање. Најдобро е да се јавиш и да прашаш дали примаат нови пациенти. Првиот месец додека не извадите извод ќе те води без картон,во родилното картонче ќе запишува мерки. Потоа кога ќе го имате изводот ќе извадите и здравствена книшка и ќе може да го пријави бебето како пациент.
Кој е др Филев? Во Аеродром ќе отвара ординација? Катастрофа е Аеродром со педијатри ,и јас големата ја носев во Букурешт кај др Билјана и Снежана,ама сега дека е поголема веќе и поретко одиме на лекар ја запишав кај мојата матична по семејна медицина тука одма ни е близу,а малово ми е кај Митка ама многу е гужва па и со смените е ужас,само сабајле освен понеделник,ептен оти ми е пред зграда. Инаку не би ја менувала Билјана ама далеку ни е сега сме покнап со време од тогаш.
Кои се лошите искуства? И ние сме кај него, искрено не е нешто посебно, плус некако глупави смени има за болни, од 8 до 11 прва смена и од 16 до 19 втора смена.
Да, филев има ординација во Ново Лисиче направена, чека дозвола за да отвори официјално. И јас го запишав големиот (4г.) Кај мојата матична, ама она не прима бебиња и го носам бебево кај Биљана, ептен супер докторка. На другарка малиот втор пат завршува со наод на плуќа во болница и покрај прегледи кај Сашко со 'ништо не му е'.
Кај Тања да не сте? Ние таму одиме фамилијарно, откако матичната на ќерка ми отиде во пензија. Мислев и јас кај Митка да ја носам, ама голема е веќе.
Biljana od Bukurest moze li da bide maticen? Ako da kako e kaj nea za pregledi i slicno? Ke gi menjam "nisto ne mu e" ama baram asalen nekoj.
Јас го запишав бебето без проблем. Нема многу гужва, ги прима сите. Дава лекови кога смета дека треба. Јас и се консултирам со неа и преку емаил одма одговара.
Во чаир фалат една ординација, не знам како се викаше ама од паркингот на поликлиника чаир точно гледаш накај една црвена зграда и доле има амбуланта. Јас бев минатата недела ама не дочекав преглед. Мала чекална, возрасни и деца сите заедно чекаат, моево 2 недели а околу сите кашлаат и си отидов. Додека чекавме видов позади шалтерот на лист пишано дека доктор некој од Козле е педијатар. Др. Филев ќе работи приватно или со картони? Сакав кај Паскалов да ја запишам ама не примале пациенти веќе, имале многу гужва
Добар ли е Филев, има некој инфо? Ние сме кај Паскалов но дакав д сго префрлам кај Емел, поблиску ми е каде каде. Но ако е добар Филев па уште повеќе ќе ми одговара. Ако знае некој нека сподели инфо..