Нема многу гужва, дали 1, 2 деца чекаале кога сум одела. Има дел за здрави деца. Мене ми е многу ок докторката, достапна е на емаил (не на вибер, ама одма одговара), работи во 2 смени, млада е, детална со убав пристап, смирена. Не форсира за бебе никакви суплементи, пример за пробиотик ти кажува неколку, кој сакаш и можеш да го купиш. За здраво бебе се оди на закажано за да не чекате. За болно не се закажува. Е сега јас сум од Аеродром па само заради патот би ја сменила. Ама ако сте од Карпош топла препорака за неа.
Да да, во Карпош 3 живееме. Ќе ја побарам. Како се вика ординацијата? Или да барам Др. Билјана педијатар Букурешт? И уште нешто зашто се наоѓа во поликлиника, не се проаѓа низ многу болни за да се стигне до ординацијата?
Во Букурешт и СитиМедика, мислам беше, ја фалат. Исто и СиМедика карши Сити мол, во зградата пред БиСи, доле има цвеќара Примавера, проаѓаш тука покрај и одма тука е, кумовите ми се таму многу се задоволни. Јас Паскалови не ги менувам, се научив со Ништо не му е и стварно кога ќе рече ништо не му е, ништо не му е.
Здраво мајки, дали има некоја од Струмица и да знае во државна д-р Цорлев педијатар која смена е оваа недела ? Фала ви
Не се менуваат на недела. Еве од мој термин. Зелените дати е прва смена. Другите денови или дежурен или слободен.
Мајки искуство со Наташа Чучкова Никчевска од Систина? Проблем со какањето имаме ,премногу ни е болно ...
Dr.Jadranka Zivkovic kaj nea sme od raganje, odime na kontrolni pregledi,detalna , temelna, trpeliva da odgovori na site prasanja i so odlicen odnos so majka i bebe.