И јас имам блиски роднини во странство и тоа не кој знае каква држава, па и даваат насоки индивидуално за дохрана. гимнастика, масажи итн. Не се сите деца исти, некои имаат слаба крв, некои напредуваат малку, некои многу. За тоа треба да се педијатрите, да можеме да превенираме, а не да лечиме. А богами е научна фантастика да треба да го влечеш по кликиве овде за некој проблем, кој си можел да го спречиш.
Ама бараш листа за исхрана, а не совети. Ќе си прашаш и ќе те наосчат, ама усно. Имаш на интернет табели и обично се совпаѓат со оние на педијатрите. Еве нека каже која мајка добила листа, а не насоки и совети.
Како што ветив да пишам за Др.Драгана од ПЗУ Ложанковски. Бевме на прв преглед 18дена сме.Многу фина Др.стручна пријателски расположена кон нас.Многу внимателно му прииде на бебе го прегледа детално и пополека.Задоволна сум премногу.Папчето ни падна тој ден му направи преврска дури и пеленка му смени таа и рече на вибер да и пуштам слика за 3 дена како ќе е папочето...достапна е во секој момент.Ни објасни се што како треба...ме испраша се и топло ја препорачувам...
Од ординација на Паскалов даваат листи, мене ми запишуваа намирници на лист и шема подој-оброк од прилика како тоа би идело, плус усно нели образложено. На нареден преглед ќе ме прашаше до каде сум со воведување, дали имало реакција и сл. и ќе ми дадеше нова листа на намирници. Зарем толку ги мрзи од приватниве едно ливче да напишат, тоа треба да спаѓа во прегледот и ценат
Зависи од напредокот на бебето и дали е на АД или мајчино млеко. Ова инфо ми е од пријателка. Нас ни е матичен,но не од раѓање,туку од пред една година. Како и да е,само пофални зборови имам за Гого и Виктор.
Не знам точно каков му е ставот, негде околу 5+ ме праша дали сме почнале ама мојот став е 6+ и само му го кажав тоа па тогаш првите листи ми ги даде
https://www.facebook.com/PZU.Dr.RISTOVSKA/ еве види на фб страната локација ,не сум била никогаш нас матичен ни е Паскалов ,меѓутоа имам другарки кои ги носат нивните деца тука и се многу задоволни .
Моментално педијатар ни за лек. На одделение се Џорлев и Панди, и Македонка -Бамби. Од овие тројца јас би Џорлев.
Ние одевме во ремедика и листа како листа не ни дадода туку секој месец усно совети што и како да се воведе со тоа што педијатрите не ситничарат нешто многу околу намирниците. Кажуваат само што не смееш да даваш на одредена возраст пред се заради алергии и слично и кога се воведува жолчка, кога цитруси и такви работи. Исто ниу кажуваше дека треба да се поќне со пасирана храна накај 8 месеци не блендана и на 10 веќе лепче да си јаде за вечера за да научи да џвака. Инаку се согласувам со @JuLleE дека некогаш малку претеруваме со опсесија со храната и што кога како се воведува.
Дафи, Џорлев не е во болницата? Демек арен бил. А Бамби се приватни. И они ли не чинат? Пред некоја година една мајка ми ги пофали и се мислев да го носам син ми на една контрола.
Ќе се вмешам во муабетот за струмичките педијатри. Џорлев е во болница и сеуште е најдобар во таа област. Барем јас имам убаво искуство со него. Инаку јас малата во Бамби ја носам ама реално повеќе сум задоволна од Др.Марија која е сеуште општ лекар ама работи таму, отколку од др. Македонка која е педијатар во Бамби. Ако согледаме дека немаме баш избор на педијатри во СР тогаш Бамби се најдобриот избор.