Здраво мајки. Дали може да ми кажете до кога (кој месец) ги носевте бебињата на контролни прегледи за мерење тежина висина?
Па ок е. Достапен е, работи со закажување, ама секогаш пробива термин дека малку е спор. Битно секогаш кога имаме потреба во ист ден го прегледува, некогаш и следниот ден го алуша на слушалка. Достапен е за прашања на вибер. за знаење има ептен, ама има и таков пристап да ги остава сами да се изборат децата, пример против суплементи е, антибиотик ептен кога мора, инхалации само ако е спуштено на плуќа. На новороденчиња им прави супер преглед за здраво дете, детално мери се, слушам им објаснува се на нови мајки, детално за раст, за вакцини. Ама ко да не се замара многу да ги запамти децава , што до некаде е и во ред, ама малку е глупаво да ме праша 4 пати за еден проблем што го има син ми, дали го има, а кажано му е.
И ние сме кај него. Зборам со маж ми, некако ми го нема "она нешто" за да си заминам од кај него исполнета. Ја прегледува, диши диши, должина, тежина, и ништо посебно. Ама ми го нема оној момент да речеш нешто те советува, ти дава насоки. За нос, за коса за тежина абе било што. Кога ќе си заминев од кај Муратовска, она ми беше на пораѓај па први 3 прегледи кај неа ја носевме, ја обожаваше малава, нема што не и прегледуваше, ќе нè ислуша секое прашање, за сè нешто имаше совет..си викам на 2 3 месеци ќе одам кај неа па макар фрлала и пари на приватно ама знам тотално сум задоволна од прегледот. А Филев да го оставам за општи прегледи и упати. Што не ми е вака по мерак..на долги стази ќе си барам изгледа и друг матичен. Затоа сакав и др мислење да чујам, дали се поклопува со моето.
Абе мене ми е второ дете и нешто многу не го прашувам, ама да, лабав е. Јас исто го носам кај Симонида во Систина ан 2/3 месеци и таму сама ми кажува за храна, алергени и сл. Пример Филев ми нема кажано за д витамин ништо. Инаку, добар дијагностичар е, сум го носела болна малото, одлично слуша наод, проценува добро дали е за антибиотик, нема збор за тоа. Мислам дека нема да најдеш некој педијатар матичен ко што се во Систина, за големиот имаме 4 сменето. Или е премногу гужва, или не се замараат ич, само дава терапија по шаблон. Посебно во Аеродром опцијата е Митка што е одамна за пензија и Реоника да чекаш со сите баби од Лисиче.
И јас не сум тип што премн прашува доктори, иако ми е прво, ниту па замарам што треба и не треба, ама мислев нешто од нешто да каже бар. Далеку од тоа не е стручен, ок си е на свој начин. Иако ќе го прашам и него, каков е во врска со воведување вкусови? Дава совети што како или со време да си закажам кај Муратовска? Накај 5 ипол 6 месеци планирам да почнеме, па да прашам на време. Значи имало и побетер, епа ништо, сепак изгледа кај него ќе си останеме.
Ние сме кај д-р Јовановска, таа беше кога се породив и кај неа продолживме. Фина и достапна. Еднаш инцидентно се погодивме кај д-р Антони, позитивен, убав пристап. Бидејќи бебчето ми беше некој ден повеќе во болница, од докторите што поминуваа на визита, најдобар впечаток ми остави д-р Муратовска и најубаво ми објаснуваше
И тука ќе пишам, многу се изнервирав. Ве молам предложете нормален педијатар за матичен, ако остана некој таков. Одам со мало бебе 7м кај матичен, нос тече, кашла, повраќа од шлаемот, крчи и дотичниот Паскалов да ми каже ништо не му е многу се замараш ти и да си излезе од ординација и врата да ми лупне пред нос Јас цела во прашалници останав Нормален ли е? Му личи ли вакво однесување на доктор, педијатар? Овој треба да се пријави. Колку само имам читано вака оставал деца и после по болници
Ужас .... тој не знам каде има ординација ама нема ни П од педијатар. јас го носам кај Јермилова во МиМ педијатрија многу сум задоволна. Прво е препремила со него му збори го закачка не е нападна да брза, многу се труди посветува внимание, сослушува и ти дава совети без брзање независно дали е полна ординацијата.