Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Педијатар

Дискусија во 'Бебе' започната од lina-kalina, 22 август 2015.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.646
    Пол:
    Женски
    Ако е бактерија, искрено, антибиотик е подобро решение, ама ако е докажано бактериско. Ако е вироза, симптоматска терапија, инхалации само доколку е навистина потребно, дури и со физиолошки раствор, си има конкретни индикации за тоа.

    И моиве се разболувале и како помали, и сега, инхалации со кортико никогаш не сум користела, иако ми биле препорачани од матичен доктор, сум барала друго решение во консултација со докторот, оздравувале и без тоа.

    Јас не сум против лекови, јас сум против злоупотреба на лекови. Антибиотици кога е навистина потребно и се нема избор, а не на секој растечен нос.
    Инхалации не за секое кивнување и затнување, посебно не кортикостероиди и олеснувачи на дишење, тоа само со строги индикации.
    Ако се применува терапијата кога е навистина потребна, а не "за секој случај" тогаш и ќе биде многу поефикасна и со помалку несакани последици.

    Јас си ги лечам децата според симптоматологијата, како што ќе ми каже матичен доктор, така правам. Ако треба антибиотик, давам антибиотик, ако не, не давам. Не давам за секој случај, демек да заштитам да не спушти или слично. Затнат или растечен нос лечам со спреј за нос со хипертоничен солен раствор, секојдневно им испирам нос на моиве, спреј од диво оригано понекогаш. Кашлица лечам со чаеви, да, сирупи некогаш. Им го јачам имунитетот на природен начин, не со форсирање лекови и суплементи.

    Лично многу лошо искуство имам со Козле, таму деца не би однела.
     
    На Leanne, Asja, Iva2020 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.793
    Пол:
    Женски
    Ako dr. Meri ti e primer za dobar doktor voopsto ne te ni citam :rofl: arno mi kaza eden iskusen orl hirurg, poranesen direktor na klinika Meri e reklama na radio samo. Mi se potvrdi i licno toa.
    Druga situacija, odam na maticen posle dve nedeli rastecen nos, Paskalov na smena, znaev sto me ceka. Pola min pregled - grlo ok, nema na gradi, nisto ne mu e, si izlaga od ordinacija i mi treska vrata pred nos PAZI DOKTOR OVA VO NEGOVA ORDINACIJA KADE STO TREBA JAS DA SI OTIDAM NE ON. Ne me ni islusa, nit prasav sto me interesirase nisto. Od tamu vo Sistina, pola saat razlika megju pregledite, go gleda orl i zamisli vospaleno uvo. Spored tebe sto ke se slucese ako ostavev na negovoto nisto ne mu e? Ne fala, lani radi nisto ne mu e celo leto vo bolnica lezevme.

    Inaku, ve citam za Biljana Hristova vo Bukurest za maticna, kako e so smeni, ima li zamena, vtora smena? Bolni zdravi deca?
     
  3. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    45.020
    Пол:
    Женски
    @TheSecret за Билјана да ти одговорам.
    Работи во две смени, секоја недела различно, една прва смена, следна недела е втора.
    За здрави деца си закажуваш преглед, но моментално не закажуваат зошто имало гужва со болни дечиња. Според мене тоа не беше во ред, очекувам педијатар кај што ќе можам да си го однесам бебево барем еднаш во 2 месеци, да видиме како напредува, да ме советува за исхрана и сл. Им реков не е проблем нели и за неколку недели да ми закажат, ќе почекам, само да се случи прегледов. Ми рекоа на тоа да си го измерам дома сама детето, а ако имам прашање за исхрана да пишам мејл.
    А инаку вака ми се допаѓа Билјана, детална е, убаво објаснува, одговара на прашања.
    За болни деца само одиш таму и чекаш ред.
    Замена има, еден млад дечко што мене не ми остави некој добар впечаток. Некако брз е, не знае со деца да се постави, така генерално.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    8.165
    Пол:
    Женски
    Видете Паскалов е врвен дијагностичар. И ,да ,и он и останатите во ординацијата се тешки за давање антибиотик освен кога навистина мора . Што јас секако почитувам.
    Тоа што конкретно Паскалов е тежок на зборови ,знам ,ни засметало на сите ,ама затоа ние секогаш идеме кај Виктор и Сандра.
    Виктор ,не се десило да не ми крене слушалка или да не ми врати на вибер. Кога ми беше малата со бронхит ,сам ми пишуваше да праша како сме. Многу сме задоволни засега од нив двајца.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.793
    Пол:
    Женски
    Za mene ne e. Da ne go mrzese da mu go vidi uvoto so toa aparatceto nemase da zavrsime kaj sto zavrsivme. Najlesno e da kazes nisto ne mu e i ajt so zdravje. I jas mozam da bidam doktor ondak na site nisto nema da im bide |( Ne mu se raboti, flegma e, ne posvetuva dovolno vnimanie, ne te islusuva sto sakas da kazes, sto sakas da prasas. Ednas ne ni stana od biro za da go pregleda i so glavata nadolu bese ko u sudnica da e cel pregled koj ne traese minuta zamisli. Sleden pat cepkase po telefon, jas go soblakav bebeto da go pregleda i cekam nekoe vreme so golo bebe i go gledam, me gleda i on bledo i se cudi sto go gledam jas, pa mu tekna aaa da pregledam treba |( Pa jas podobro si go znam deteto normalno neli i sakam da mu gi kazam site okolnosti za momentalnata situacija za da dobijam odgovor. Sekogas koga si odam od kaj nego polna so prasalnici sum, uste porazocarana i poisplasena, namesto zadovolna. Profesionalnostana eden doktor se gleda po toa kako ke izlezes od negovata ordinacija, dali zadovolen i izlecen ili ne pa da trcas kaj Vikor na primer slednata smena ili kaj Kate za da te islusa.
    Znaci ne zboram za drugite doktori tamu tuku za nego.
     
    Последна измена: 8 мај 2024
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.202
    Допаѓања:
    18.315
    Збориме за бебе 10 месечно,кое кашла како возрасен, има многу густ секрет.
    Значи ништо не е непотребно дадено,ако не се третира ќе се спушти на плуќа.
    Нормално без крвна слика или брис нема да прима антибиотик,но не гледам ништо страшно во инхалација која ќе му го разводени секретот и олесни дишењето.
    Тешко дека само физиолошки раствор ќе помогне,од искуство со поголемото дете.

    Кое друго решение ти го давал докторот кога си одбивала кортико?
     
    На BlackNight и Калатеа им се допаѓа ова.
  7. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    22.309
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е маката-што не си ислушана.Бар од долгиве постови,јас таков заклучок донесов.Пасклов си верува на својата проценка и не губи време да сослушува.Можда тоа му е мана,таа неговорловост.
    И мене ми смета,и ги бирам другиве.Ама ако нешто ептен се думам околу дијагноза,кај него на контрола одам обавезно и он да види со свои очи.
    Тоа со увото,не држи баш вода.Имаш 1:1 дијгноза спротивна.Јас би отишла на трето мислење за да пресече.
     
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.610
    Исто,само поради што ми е далеку од Аеродром ја пишав малата кај Митка,инаку големата ја носев таму до кај 6-7 години,ама сега дека не одиме со неа многу често на лекар ја префрлив кај мојата матична ,инаку немаше да ја менувам Билјана.
     
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Ако е добар дијагностичар и да молчи не ми е проблем. Не ми треба доктор цуци-буци и да ми лупа антибиотици од ракав.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    8.165
    Пол:
    Женски
    Кога мојата на една година имаше воспалени уши и тоа доста воспалени ,бевме надвор од СК.
    Таму кај што бевме отидовме на дежурен педијатар кој под итно ни даде антибиотик. Ама јас несакав да земам.
    После тоа отидовме кај Паскалов ,ни даде локално во уво антибиотик, помина за два дена.
    И да, не треба секогаш сирупи ,ама па кога треба ,треба.
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Мене па поголемото ми го отруја со антибиотици кај него. Како се префрлив кај други, децата 100 пати поздрави ми станаа. Друг принцип на лечење, антибиотик ептен ако мора и многууу ретко пиеја антибиотик. Особено за поголемиот дека е со проблеми со цревата, во краен случај антибиотик даваат. Имав некако чувство дека кај него кога не треба даваат, а кога треба не даваат... Јас и ради друго си отидов од кај него. Многу беа гужви тогаш, јас со 3г год дете и бебе од 3,4м се скапував од чекање во кола, во ходник. Башка што го губеа картонот на малата и на секоја контрола за мерење и напредок ме прашуваа мене колку ставила претходно. А она слабо напредуваше, борба водевме со цице и ад... плус што секоја контрола, секое одење на лекар 4ца разни доктори ги гледаа. Сакав еден, посветен.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.943
    Допаѓања:
    26.242
    @Annath сега искусни пулмолози даваат инхалации со пулмикорт уште 2 недели после поминат наод на плуќа. Викаат дека така се штитела плуќата. Мене ми беше чудно кога ова ми го кажа Симонида кога веќе излечивме бронхит, после ми го потврди и Манчевска и Искра Лазарова.

    Нови протоколи за заштита од асма кај деца со опструкции.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    8.165
    Пол:
    Женски
    Кај Паскалов му давале толку антибиотици??
    Нас ич не ни даваат. Ептен кога мора .
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Да пред 9г почнавме кај него, до пред 5,6г бевме кај него. 3г само бев кај него, а незнам колку пати антибиотик пиеше малиот. Како го префрлив кај други, не даваа антибиотик и излеговме од тој круг на разболување често. И од другарка докторка ист совет добив, колку повеќе антибиотик, толку се поболно ќе е нареден пат. Може имал секогаш и такви крвни слики за антибиотик, ама баш скоро секое разболување он на антибиотик беше. Но не го гледаше Паскалов секогаш. Ми се собра тогаш се, па ги префрлив и не згрешив. Сега веќе се и 6г и 9г, па ги префлив и кај мојата матичната. Бебево незнам кај ќе го носам во старт :?:
     
  15. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.793
    Пол:
    Женски
    Kuti mojot e otruen od antibiotici. I toa znaes zosto? Zosto se naucile samo Amoksiklav na sekoj, na sekoja dijagnoza. Zosto gi lecat decata po kniga, site isto, ne kako posebna individua. Toa e slab antibiotik, kaj mojot voopsto ne mu deluva. Koga ke mi kazat Amoksiklav mi se temnee. Znam dzabe ke pie. Ama ne mnogu sum se zamarala jas taka vika doticniot. Ajde pie Amoksiklav 10 dena nema podobruvanje ili samo ke maskira, ke zavrsi so Amoksiklavot posle dva dena pak zavrsuvame so pojak antibiotik uste deset dena. Mesto od odma da mu dadat jak. Ete zatoa decata se trujat so antibiotici zosto pedijatrite ne gi slusaat roditelite. Jas sekako podobro si go znam deteto negoli on neli.
    Kaj se prefrli? Baram i jas odamna.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.793
    Пол:
    Женски
    Za mene dobar doktor e onoj koj ke me izleci, a ne da mi tresne vrata i da si izleze. Tocka. Dobar doktor ne e onoj koj e izvikan samo. Kolku deca zavrsile po bolnici od nisto ne im e. Ne fala.
    Edno vreme i Sajkovski bese izvikan woow najdobar neznam sto, toa gola voda da ti bilo :^) sega e ovoj izvikan, utre drug ke bide. I? Sami sme si krivi, nie gi pravime takvi doktorite.
    Pak ke kazam dobar doktor e onoj koj ke mi izleci dete. Paskalov niednas ne mi izlekuval dete. Sekogas taka ne ostavil nisto ne mu e. Posle jas trcam po dezurni, po bolnici, po privatni,po drugi doktori sto se cudele kako nisto ne e. Tolku od mene na temava. Ako imate predlog nekade gjorce, karpos i okolina za dobar maticen pedijatar bujrum...
     
  17. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    ти давам и јас препорака за Билјана во Карпош - Букурешт
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.239
    Допаѓања:
    76.252
    Пол:
    Женски
    Е исто, затоа веќе амоксиклав не се напил со години. Проливи, дијареи, лигава столица, грчеви страшни му прави...
    Иначе ми беа во Рес Хумана 5год. Прво кај Олгица, па она си отиде и после кај Розита. Сега веќе неколку месеци ми се кај мојата општа, она е семеен доктор.. ама големки се. А бебчево трето, врска немам кај ќе го носам. Носат и бебчиња кај мојава, има посебна просторија, се опремено за бебе.. ама не е педијатар и незнам каква е со бебиња. Секако во старт ќе го носам во Ремедика, па после ќе видиме...
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.943
    Допаѓања:
    26.242
    Оди кај Биљана ако си во Карпош. Ние во Аеродром живееме и стварно мака е до Букуреш секое разболување, ама жената супер е и воопшто не дава антибиотик без потреба
     
    На mariz и TheSecret им се допаѓа ова.
  20. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    8.793
    Пол:
    Женски
    Da da se mislam za nea, eve i pocnav da se rasprasuvam... Plus i majka mi rab vo Bukurest... Edit: mariz si ja citirala mislev mene ama ok fala na sovet sepak :D
    btw ke ti pisam inbox nesto da te prasam
     
    На KuklickaSk и mariz им се допаѓа ова.