Здраво девојки, дали имате да ми препорачате педојатар во околина на насекба Аеродром? Ви благодарам однапред
За вас што сте кај Паскалов, дали одите кај другите доктори во ординацијата? Не одговара на пораки, а термин имам тек уџум таму во јуни
Da, kaj koj sakam si odam. Se javuvam prasuvam denta kako se so smena i odam kaj koj sakam. Paskalov na veliko go odbegnuvam.
Здраво, дали може да ми препорачате педијатар во околина ченто, автокоманда, маџари. Фала ви однапред
Автокоманда ПЗУ Лела доктор Даниела Станоева Ѓорѓиевска. Имам слушнато убави зборови за неа педијатар е и плус општ доктор. Мајка ми иде кај неа и сме презадоволни, а и внук ми од 3години исто
Здраво дали имате искуство со др Александра Андреевска во поликлиника Ѓорче, и дали е достапна на телефон.
Дали ако има потреба за консултација со Др. Филев за време на викенд или празник, истиот е достапен на мобилен?
Два ипол месеци имам гогота со бебето ( толку има ). Кажувајте добар педијатар во Аеродром. Читам наназад на темава мислења за др. Филев и др. Сашко. Моментално го носам во Реоника кај др. Игор, кај Сашко не сум го однела. Не ми треба да ми збори и филозофира туку да каже точно што му е. Неможам на секое да трчам во козле. Накратко од кога сме пуштени од болница има проблем со затнато носе, носено и приватно и во промедика ништо не му е се чисти, од плодовата вода му е, чисти со солен раствор тоа ми викаа, пред две ипол недели на своја рака правам крвна слика и брисеви, испаѓа бактерија, мењавам матичен го носам кај др. Игор ни дава маст миробакт, мачкаме 7 дена ок поминува за два дена се затнува скроз, почнува да кашла го носам пак ни мења маст. Вчера ептен почна да ми кашла, го носам во козле има малку спуштено на плуќа, ни даваат инхалации, а јас два месеци зборам по доктори за инхалации. Незнам више кај да го носам. Незнам што да му правам, а многу е мал за да му дадам било што на своја рака.
Го носев и систина и ремедика. Поише по лекари сме неголи по паркови. Не се проблем парите, проблем е нормален доктор да се најде. Нормални има на козле, ама неможам за се да трчам таму. Здраво дете секој може да прегледа, ама дијагноза излеа тешко знаат да дадат најлесно е ништо не е мајка ќе помине, нормално е. Море ај да не пцујам.
Жал ми е мајка што ти се случува ова Биди само упорна и ќе најдеш некој добар лекар. И најдобро знаеш и ти за бебка, прави му инхалации ако сметаш дека треба
За да правам било што на толку мало бебе треба доктор да каже. Како што кажаа вчера во козле. Со три инхалации има подобрување. Душиче се изнамачи. Два месеци ми го мачат детето.