Odi na ORL sin mi e pogolem ama problemot so zatnat nos orl mu go resi. Nemoj da mislis deka se posebni pedijatrite na privatno ( dve deca rodiv vo sistina i od iskusrvo govoram) za se sto treba kaj maticna idam i kaj otoringolaringolog. Ispod 9000 nema da iskocis od tamu so se ispiruvanja, za eden obicen pregled ke ti zemat 4000 min. Cenite im se vo vis otideni.
Јас сакав само бебето ми рекоа не можело, мора и родителите. Триглав не ти препорачувам нас скоро ништо не ни рефундираа, се вртеа некои филмови. Со други немам искуство.
Извини, не те разбрав. Индивидуално или преку фирма го имаш пријавено детето? Се јавуваш пример кога си 9ти месец, или после раѓање?
Јас имам приватно здравствено преку фирма. Преку истото го пријавив и детето откако се роди. Инаку имаш фамилијарни пакети преку Уника можеш да разгледаш. Не можам да ти кажам подетално индивидуално како идат, тоа најдобро е брокер да ти каже, но можам да кажам дека сите прегледи ни биле рефундирани и покриени до сега. Не сме имале никаков проблем
Фала ти на информацијата. Маж ми преку фирма е кај друга компанија, Winner. Ама ќе прашам како оди за јас и бебето да сме преку Уника. Не ми се допаѓа како оди цел процес преку Winner, не сакам да се осигуриме и ние таму.
Имам слушнато дека приватно осигурување, не покрива прегледи на бебе до 1 година. Дали некоја има за бебе приватно и да носела и да и се рефундираат средствата? И преку кое осигурување ?
Ние сме преку триглав, откако е роден син ми е осигуран. Само првите два месеци не рефундираа откако го осигуравме, потоа немавме проблем.
Само бебе е осигурано или и вие? Дали рефундираат било какви прегледи или одредени само? Која е цената месечно?
Комплет сите сме, преку маж ми од фирма. Годишно за малиот 6000 плаќаме, до сега се ни рефундирале. Можеш да се јавиш и да прашаш, да ти пратат скрипта, за што рефундираат и до која сума.
Ја многу триглав не ти препорачувам. Јас сум на работа преку Триглав, и во мај не сакаа да ми рефундираат инфузија ид Систина 8500 значи, бидејќи била заради бременоста, а буквално пишуваше дневна болница заради тровање.. и три пати ме одбија со причина дека е заради бременоста. Тогаш не ми важеше во бременост, и се вадеа на тоа, а стварно врска немаше. И здравје да се роди ќере, ќе гледам да ја осигурам преку други. Иначе баш коа разговаравме со тој што им е брокер, као кажуваше демек највеќе биле во минус од осигурање на деца пошо дете како дете лесно настинува, разболува. Па со тоа и сфаќам дека ништо чудно да измислуваат само за да не рефундираат.
Е баш поради ова што ти кажал брокерот, демек за бебиња не рефундирале, бидејќи сите ги носеле на прегледи приватно. И затоа барав кој сигурно имал позитивно искуство.
Затоа и ти пишав, дека според муабетов може и да не рефундираат, да си наоѓаат изговори. За да не се зезнеш.
Имам пишано во некоја од темите, Триглав не сакаа да ми рефундираат дека отидов на дежурен приватно дека ми беше ладна ногата и ми се укочи. Немало потреба, пресмешно.. јас мислев удар добивам. Перенде ги направив, што не ти им изнапишав и на крај ми ги вратија парите. Таа на телефон беше ужасно дрска. Од тогаш им немам купено ни патничко, а нонстоп преку нив земав. Сменив фирма, моментално преку Кроациа сме немаме проблем. Не сум прашала сеуште за малово искрено. Не знам како е за него.
Исто… 8500 денари… тровање.. не не нивните доктори одлучиле дека ми е од бременоста.. а Бојаџиев у Систина што ме гледаше физички, он измислува.. страшно. И после си реков абе 500 денари да се има да поднесам да ги рефундирам… безобразни многу.
И кај мене слично беше со Триглав демек детево повеќе пати имало горно респираторни инфекции. Исто и за мене за операција за колено од повреда не ми уважија, ми копаа некои извештаи од 2015та година.