Сакам да прашам на колку време се носи бебе на педијатар доколку нема конкретен проблем? Бидејќи се породив во Ремедика имав три прегледи вклучени во понудата за пораѓај и сега откако завршија не знам кога треба пак да го носам на контрола? Имаме матичен педијатар ама уште не сме биле, планирам за една недела да го носам па и за вакцини да ми објасни кога како што треба. Прашањето ми е дали се носи секој месец бебето (превентивно на контроли) или како?
Првата година од раѓањето е пожелно да се носи на 1м за да се следи развојот да. Јас ги носев на точно 4 недели и двајцата, зошто и двајцата ми се прематурчиња и не напредуваа добро.
Контрола на секој месец до годинка е пожелно. Јас продолжив во ремедика и после 3те бесплатни прегледи. Презадоволна сум од докторката, 24 часа достапна и заинтересирана. 5 пати правевме лапиз на папочето, денар не ни земаа, плус 2-3 пати сме биле ад хок за тежина, консултации, исто не ни наплатија. Пофалба од мене голема за др. Јадранка, денар не жалам за месечните контроли. Камо да можеше да ја пишам матична.
Исто и ние во ремедика скоро до 2 месеци нонстоп одевме, за контроли на тежина, за папочето.. може едно 7 8 пати отидовме ништо не ни наплатија. Презадоволна сум во секој поглед, достапна докторката 24/7 за секое прашање колку и банално да било.
И ние бевме кај неа и се мислам да си продолжам таму. Како е за чекање за прегледи, дали има термини? Дали има некој конкретен ден кога пуштаат (ко кај Котларова што се пуштаат термини на 15ти па се тепаме да закажеме)?
Ние се договараме со докторката на вибер и за месечни контроли и за нешто ад хок ако излезе. Ние не сме чекале подолго од 10 минути на закажано. А на незакажано кога одиме се договараме и не прима измеѓу термини. Еднаш само чекавме малку повеќе, докторката беше на пораѓај.
И јас го знам ова. Плус нема мислам големо искуство, беше во никоб и дир.на здравствен дом едно време , како педијатар којзнае дали работела
Колку пати се надевав дека жената ќе отвори амбуланта , ама ништо. Имаше еден кикс со малиот , ама после поминати многу педијатри , дефинитивно бр.1 а и душа човек На тие никакви услови во подрум , богами алал да и е
Мене многу ми се допаѓа што не ми го гледа детето како пациент број “тој и тој” туку ја знае по име и нејзе и нас, ги памти сите нејзини карактеристики, дијагнози и слично. Душа е. Врвен доктор според мене.
Еве ми се разболе детето и докторката се покажа одлично. Ја следеше на два дена до крај и беше достапна цело време, изгуравме без проблем.
Драгана Емел, 100 пати смени имиња на ординацијава За бебуши добра ли е? Највеќе за тоа ми треба… Од Јадранка и јас сум задоволна ама еве болен е малиот, вика била во страшна гужва… верувам и Марина е исто. Не знам во Систина кои се добри педијатри, да дадете препорака?
Аааа таа црвената? Видов една таква таму Да бе, ќере од прв преглед е таму. Многу внимание и посветуваше за килажата да знаеш може малку да те напне, абе до грам ја мереше со таа листата таму, па ми црташе На вибер секогаш е достапна шо мене ми значи затоа што свашта ја прашувам и на се има трпение да ми одговори. Многу е претпазлива да знаеш, у смисол ако види нешто дека отстапува од нормала ќе правиш милион испитувања Ми беше и мене матична, ме оправи исто.