Златна е докторката, ми беше на породување и продолжив кај неа уште неколку контроли, влегов во темава да видам мислења за да му одберам матичен ама мислам од никого нема да сум задоволна како од нејзе Исто и Фидановски и Алулоска (или Алуловска, не сум сигурна) се супер во Систина
Мене Фидановски ми беше на пораѓај, ама некако ладен ми делуваше и на визита кога доаѓаше и одма уште првиот преглед кај Радица отидовме. Ни се има погодено Симонида и она многу ми се свиѓаше, и од неа слушам задоволни па еве ти предлог ако се одлучиш и да смениш во иднина
Луѓенца да не знае некој што се случува со др. Живковиќ од Ремедика? Достапна е на вибер, збор нема, ама околу 2 месеци е на боледување и немаат информација кога ќе се врати. Ние за месечни контроли кај неа одиме, сега на 6м ќе ја носам кај Марина како нејзина замена ама сепак Јадранка ми е при срце, ич не ми се напушта, ама еве и за јули нема распоред за неа. Добра ли е жената? Глупо ми е да ја прашам.
Леле мене па Симонида некако не ми се допадна, некако ладна и директна ми беше, со некоја машка енергија, ама може дека бебето на интензивна а мене хормоните во хаос скоро сите имав прилика да дојдат на визита па имав избор
Бев во четвртокот кај Др Марина, ја слушнав сестрата кажуваше на една мајка дека веќе се вратила од боледување докторката. Јави си се прашај повторно.
Морам да ја искоментирам Јасна сестрата од Јуниор мед, значи поискомплексирарно, арогантно суштество немам видено. Одамна и го собирам, некој ден ќе си го добие, пошто очигледно со култура ништо. Го*на јадење за пациенти пред други пациенти, кој што и каде работел, ужас понашање, не знам зашто се толерира толку.
Пошо она е таа Јасна што оди и по дома и е лактациски консултант. Ич не сум задоволна од таму. Отидов бидејќи ја фалевте Благородна, ама какви глупости ми изнакажа во поглед на дохрана и развиток на последниов преглед, цел ден бев нервозна. Не сум имала прилика со болно дете да видам како е, ама ако ги треска небулозните терапии како Емел не фала. Ќе го одјавам детево, само каде да се оди е прашањето.
Сериозно? Што ти кажуваше? Мене ок ми даде некои насоки, да не давам по 3 дена, да дадам и сезонско праска/кајсија итн. Терапија пак последно спрејчиња и маст… Не знам веќе и јас, маж беше ифрит да се расправа со сељанкава и да ги земе картоните, ама мало бебе никој не прима, а да не е педијатар. Уште оној Филев да го видам, Митка ако работи… или Ремедика да се оди, Искра ни погодувала терапија што знам…
Од 4 месеци да почнам вкусови, СОКЧИЊА од сезонско овошје, а бебе супер си напредува на доење, по кило месечно. Ама сега имало овошје. И викам е ако де, и во август има, тоа што нема ќе мрзнам од сега. Па како бебе не се вртело скроз на меше. И викам се врти до пола и понекогаш од стомак на грб. Ама не уште две недели ни давала додека да направи 4 месеци. И после што? На физиотерапевт да не треба да ја носам?
Не знам како швркнати се, мене па прво нејќеше да ми даде, као да чекаме 5 месеци минимум, па Драгана не прегледа и она ни рече каши одма да почнеме. За вртење и мојов не се врти, пробува ама не успева секад, искрено ни на крај памет не ми е за тоа да се замарам. Дете со проблем од старт се гледа така да…
И мене ми беше на породување. За неа нема и да се прочита лош збор, царица докторка И ние првите 3 контроли ја носевме кај неа. Јас ќе останев, ама па за се нешто да даваме толку пари на приватно, многу е. Да беше некаде државно, ич не се мислев матична да ни биде
Kaj Smokovska vo Aerodrom, pozadi Palma nekade mu doagja. Mapirani se na Google maps ima tocna lokacija. D-r Maja mu e maticna, mislam Smokovska odamna e vo penzija. Jas sum zadovolna, normalen odnos, mi se dopagja kako covek, a i kako doktor sekako, i za vikend sum ja barala i mi odgovorila na povik.
Чек збориме за Јасна што доаѓа по дома, лактанткава? Леле искрено супер фина беше кога дојде и заради нејзе дојам. Ама луѓе нема педијатар или сестра што ја имам сретната и нема кажано лош збор за нејзе. Не знам зашто така.
Леле ве читам мајки па ке се убацам. Јасна некако баш супер впечаток ми остави на спремност и на курсот а и сега тазе породена кога дојде дома за доењето и сите пропратни работи и совети. Баш сега треба да одбереме и матичен па сакав искуства за Благородна или Емел зошто ми рече може да ја впише како матичен. Ако имате искуства некој и со двете добри /лоши споделувајте да знам кај која да пробаме … генерално со приватно здравствено сме и ќе си ја носам за посериозни работи во систина сма матичен треба да има за овие основниве работи
Исто и јас имам супер впечаток од нејзе од курсот, ептен ми беше од помош и самиот курс а и Јасна откако се породив, секогаш е достапна за било каков совет, некако баш ми се допаѓа. И сама ми пишува често да види како ми оди со доење. Уште ја немам викнато ама ако имам потешкотии понатаму обавезно би ја викнала. И јас сакав кај нив за матичен ама разбрав дека е прегужва и многу се чека, плус немало паркинг. И сега за сега остануваме кај Муратовска во систина
Јас со Јасна не сум имала ништо. Ја немам викано по дома, а вака не ми се има испонашано нешто посебно во ординација. Ама оговарање на велико. Другарка кај Емел го носи девојчето и стварно и лупа небулозни терапии. Ниеден нормален доктор не меша два кортико препарати, или само бидејќи е затнато детето, без преглед од ОРЛ, лупни му Калменте, момокс, небитно. Освен редовни мерења не сум имала потреба за нешто друго, пишав погоре што беше ппследно. А да, бидејќи детето добро напредувало за два месеци да ја однесам сега. Прв пат слушам бебе да викаат на два месеци ама ај. Им е мачно очигледно, не им се замара. И јас сум со приватно, ама за вакви обични работи не ми се трча во Систина. Сакам и матичен да си има, па макар и за упат или некаква друга административна работа.
@Baby warrior мене ми спомнаа Dr. Paskalov Team of pediatricians дека се добри само имаат многу пациенти.Се наоѓаат во Карпош.Ми кажаа дека док биле услужливи и можеш да им пишеш кога има потреба.Само мене засега ми е далеку дека од Аеродром и деке е предвремено роден јас го носам кај Док Филев исто и на детска го носам еднаш месечно го водат и таму.Така ми кажаа дека се ок може некој од мајките има искуство.