Мене повеќе ми одговара некоја во овој регион карпош влае тафталиџе па и ѓорче ама не ми смета и центар секако со коли функционионираме и јас и мм посебно
Да кај неа. Не сум имала потреба за друго освен мерења месечни, ама прочитај погоре последен пат што глупости ми изнакажа. Инаку големата ја носев кај Паскалов. Од Паскалов бев задоволна, ама последниот период човекот никогаш го немаше во ординација, па таа Кате се како за беља ја начекувавме. А таа освен лекоклар ништо не даваше друго. Па имав залиха едно време дома и ми немаше поента веќе да бидам таму.
Син ми беше кај Митка, ја сменив. Некако како да не ми се замаркаше, ми даваше антибиотик на црп 0 за да не и го носам детето повеќе пати, како неангажирана беше, дали годинките си го прават своето, не знам. Реоника сум задоволна. На син ми му е Игор матичен, тој е семејна медицина, ама многу ми се свиѓа како доктор, а Сашко е педијатар (замена си се еден на друг). Сега со бебето здравје ваљда кај Сашко ќе бидеме за контроли. Е гужва си има за болни деца стандард, ама за здрави е со термини.
И јас гледав и за Реоника исто, добив позитивни коментари па таму ќе се префрлиме и ние. Вака рутинските контроли за бебе добри се?
Еднаш бевме кај Игор пошо Сашко беше на одмор и воопшто не ми се допадна. Син ми имаше 2 год преплашен плачеше и овој му вика ај не глуми што плачење е ова без солзи сакаш да те расплачам вистински? Јас го тешам готово мама готово, не го лажи детето не е готово. Втф човеку. Може требаше да го пријавам. Кај Сашко сме оделе само на рутински контроли и бил ок. Еве и второво таму ќе го носам.
Ај леле сега читам за вртењево … како мене педијатарот на пораѓај што ми рече .. ја прашувам зошто на извештајот има апгар 9 од 10 што значи тоа … ми вика а ти си од оние мајкине што сакаат децата да им се во се нај во се уште од прв ден … викам не јас сум мајка прв пат, сакам да знам што значи бројката, што е 9 што е 10 што не сме исполниле. Ми вика немај гајле не заплакала во првите 5секунди. Викам ок, да така беше. Затоа таков однос на педијатар нема да ми даде моја душа да однесам на преглед кај нејзе иако во систина форсираат кој ти бил на пораѓај тој да ти ги тера првите 3 прегледи од пакетот… јас ќе си ја носам кај друга што знам дека има топ однос прво према мене а после и со детето. Вакви паметњаковичи давам уште две недели да се сврти и слични муабети нека им прави на луѓе што не знаат да вратат … јас би сакала педијатар што ќе ме води низ патот а не да ми праи дијагностики кај што се е релативно дали се свртела на 3месеци или на 4 мање битно здраво да ми е детето
Не сум била за бебе. Син ми беше бебе кога се појави короната и немаше рутински контроли, а и се маткав кај други доктори додека ги најдам Реоника. Сега сум трудна со второ, ќе видиме како ќе биде. Може така ви се погодило. Мене баш ми се свиѓа односот со детето, син ми исто го сака и е опуштен со него. А мене ми се свиѓа пристапот кога е болен малиот, слуша и прати, ретко доктор да те ислуша и да спои се што си му кажал..
Јас ја носам кај Билјана во Букурешт. Задоволна сум до сега, фина, пријатна, објаснува Сестра ми и двете ги носи со години и е задоволна, па затоа и јас