Како функционира таму една е докторката или има и прва втора смена и така како си задоволна од совети стручност, сакам некој што ќе разговара да дава совети ми е страв вака на почеток посебно како ќе е
По препорака на @BellaBibi и ние се впишавме кај др.Ливринска еве веќе 2ипол месеци, прекрасна жена и многу трперлива докторка. И јас сум прв пат мајка, прекрасен однос има и со мајките и со бебињата и од мене препорака топла!
За скоро ќе имаат уште еден доктор/ка, па ќе бидат во две смени и постојано доктор ќе има. И мене гради ми прегледуваше. Достапна во секое време ( освен ако е со пациент, па покасно да се јави).
Дали можеби некој знае да ми каже др.Звезда да не е на одмор и како е со смени оваа недела или наредната?
Знам дема следната недела сигурно е на одмор, за оваа не знам. Ни закажаа кај другата докторка за следна недела, Катерина мислам беше?
И јас исто се прашувам Дали најде кис вода п педијатар? И ако не ти е проблем да ми предложите и како сте задоволни?
Дали некој знае добар педијатар накај кис вода? И дали може да се појде на преглед иако нема бебето сеуште заверено книшка или мора прво целосно документација да има?
Ние одевме без средена документација 1 месец. А за добар педијатар, и јас уште барам, 10 months later.
Јас на работа ја остсвив книшката додека ја заверат два месеци дојде ќерка ми за вакцина, ама зависи од педијатарот ваљда
@Калатеа @LiquidLuna вие имате искуство со Благородна. Дали и вас ви кажува вакви небулози или нешто мене ми се чини? Од една страна чудно и е како кромид и лук сум дала, па и месо, од друга страна ми советува да почнам кравјо со најниска масленост да воведувам. На бебе 6 ипол месеци, доено. Ад во оброк кај и да е ќе употребам, ама кравјо бе... кој нормален на денешницава советува тоа? На возрасни им се сугерира да го исклучат, а бе па бебе.
Хм, мене не ми рекла, дури ме советуваше веќе со месо да почнам накај 6 месеци, телешко. За другите намирници исто ме форсираше, пример Драгана ми рече по 2-3 лажички неколку дена, она рече не верувам во тоа, давај се побрзо. За кравјо воопшто ми нема спомнато.
А да, ме напнува последниве два пати зошто не седи самостојно, да сум и ставала перници околу неа и да ја седнувам. И викам не ја ни седнувам. Од 45 степени се исправа и си седи, ама сама од лежење многу нормално дека не. А јас да седнувам дете со сила нема шанси. Сакав да и дадам бројче од ортопедов да се слушнат. Вакви совети имам слушано од педијатри во пензија само.