Добра вечер вчера сабалје моето 8 месечно бебе кога го видов беше онесвестено целото бледо и задишено го однесов веднаш во болница и ми кажаа дека има тешка дехидраци и целата крв му била затровена значи сепса има и е во вештачка кома со апарат за дишење вчера додека го носевме во болница бебето си мрдна главата и почна да си дише а денес ми викаат докториве дека го тргнале од машината за дишење но неможело да дише некој искуство да ми каже нешто бебето не е на подобро во иста состојба е критична
А како дошло до тоа да дехидрира и да има сепса, од што е таа сепса и од што е такво. Претходно сигурно имало нешто штом дошло до тоа. Од еднаш не дехидрира и не доаѓа до сепса.
Cim ste vo Bukurest mozes kaj Zlatka, drugata vrata e . Jas sum mnogu zadovolna, a mnogu sum pribirliva za lekari.
Што е работата бевте болни?? Повраќаше бебе и имаше дијареа за да дојде до дехидрирање? Вода млекце пиеше?? Спиеше па го најде онесвестено? Што е работата? Како сте? Како е бебе што ви кажаа?
Педијатар во кисела вода или ново лисиче? Ама баш специјалист педијатар, не општ др што има спец семејна и работи со бебиња Да работи во две смени само ми е важно.
Во Ниво Лисиче знам само за Филев и Реоника, но мислењата на мајките се поделени, има задоволни и незадоволни. Јас сепак се одлучив за Драгана Емел, во МВР-поликлиниката. Има педијатри и во Јане Сандански, но немам инфо за таму, ниту за Кисела Вода.
Сашко од Реоника е педијатар. Игор во другата смена семејна. Со син ми поголемиот од кај 2 ипол - 3 години сме во Реоника, го преферирам Игор за кога е болен големиот, ама кој е на смена тој во принцип. Инаку бебиња здрави прегледуваат накај 2-3 попладне, два пати бевме така. Немаше никој во чекалната. Двајцата доктори се достапни и на вибер, гужви има и се окапува од чекање (за болно дете ова), ама јас за сега сум задоволна, имајќи во предвид дека тројца педијатри сменив за син ми додека ги најдам Реоника. Инаку на сите може да им се најде замерка, не дека не. Ама со дете конкретно, како расте е се полесно и си го учиш ти детето и нема многу простор за утка, и да утнат они јас си го знам протоколот за кога е болен . Ќе видиме сега со бебево како ќе се покажат, со дете поголемко бев задоволна.
Да прашам дали само со мене се случува ова или од многу пациенти почна да полудува Др.Сашко од Пзу Реоника?? Малиот ми фати бронхит , сакав да го однесам се прва смена е , нејке да го прими?? Морав да одам до клинички а бебето си има педијатар што мислам дека треба да го прими и прегледа?? Некако не е како порано во однесување , гледам да не сум досадна но стварно терапија преку вибер само ми даде и ЧАО??
Сериозно? Јас се чудам за Реоника ова пишуваат и други, со големиот никогаш не не вратиле, одам таму и си чекам. Заради тоа непримање и давање терапија на слепо со првото дете менував доктори, аман и овие ли забегаа.
Не знам, мене Сашко за големиов ми има утка напраено еднаш со антобиотик без брис и после испадна дека бактеријата му е резистентна на него, се разболе пак, и од тогаш го избегавам (а и брис си правам и да не ми речат научив), ама за бебево здраво он го прегледува сега пошто е педијатар. Се надевам Игор си е уште ок...
Сашко ми го мереше детето со памперс, боди, шпикозни и лигавче. Ми викаше супер напредува во тежина. Арно со скафандер уште што не ја измери. Е таков е Сашко