Прва бременост, наскоро треба да се породам па во потрага сум по добар педијатар по можност во околината на Ново Лисиче, Аеродром? Или било каде само да е професионален и стручен доктор.
може малце каснам со мислењево, од Зотовска има многу незадоволни, мене големата ми е кај Радица, презадоволна сум, ама ќе оди во пензија докторката, веќе е доста стара, затоа за бебето не го ставив кај нејзе да не менуваме за кратко. кај Ливринска сме и ние, неам некое мислење уште формирано, од форумов ја фалеа и отидовме кај нејзе, вака докторката е многу фина и достапна, ама уште не сме имале некој проблем фала богу, за да видам да стекнам мислење за стручност до сега одиме за мерење само и редовна контрола.
И мојата е кај Ливринска, не ми била болна ниеднаш за 9месеци само за мерење онака генерални прегледи што сум ја однела неколку пати и консултации некои кратки на вибер. Мн е достапна докторката и убав впечаток ми остава ама не сум имала потреба за терапии/дијагнози итн
Е баш супер. Ич не сум ја однела ни за мерење ми беше страв од вирусиве … немам поима ни колку ми е тешко бебево ама нека е жива и здрава си јаде, супер си е не идам ако нема зошто, страв ми е од вирусиве ептен
Јас лани кога беше бебе бебе, кога беа вирусите не ја носев на редовни контроли. Смешно, ама во торба од Кам ќе ја ставев и со кантер ја мерев. Чисто да си знам колку кг е. И сега така ја мерам. Ние ја носевме сега , поради бактеријата, ама шанси нема да ја измерат таму.
Препорачајте ми добар педијатар во Кисела вода, центар или аеродром ..? Некој што работи во две смени
Јас од 9 месеци ја немам измерено, сега сме 16,5 поим немам колку кила има Тешка е, се гледа дека напредува, ич не се замарам со тоа.
Да е жива и здрава мојава се разболе прв пат па завчера во систина ја измерија 8.200 на 9ипол месеци дефинитивно под стадардниве очекувања по книга ама вака си име мешенце газенце бутче не е слабо бебе
Нас ни е док Филев.Док е супер само да знаеш гужва е кај док.Чекалната е мала .Има и докторка ама ако закажуваш за термин напомени дека сакаш кај докторот.
Уште не сум породена ама веќе во 38ма недела влегов па со време сакам да си најдам доктор. Колку време се чека за термин вообичаено и дали се наплаќа приватно или е преку фонд? Првите неколку педијатриски прегледи се вклучени во пакетот бидејќи ќе се пораѓам во Жан Митрев, ама за после тоа секако ќе треба да си најдам доктор.
Преку фонд може.За кај докторот за контрола 2 недели унапред .Ако е детето болно можеш да одиш кога сакаш без закажување.Работно време од 9 до 18ч. Може консултации и преку тел.