И ние сме кај Драгана Емел Маркоска Пзу Ложанковски Си има посебна ординација за здрави и за болни деца...си имаат лабораторија...Темелна е во секој поглед достапна на вибер нонстоп за секое прашање имам одговор.Презадоволни сме и ние.Топло ја препорачувам
Преполн е паркингот ептен, ама ние многу често се паркираме и на улица, поготово откако се сега во новиов објект оти е ептен блиску до улицата и останува некој во кола да седи за да не ни ја дигнат искрено не ми се дава секогаш 50 денари за 10 минути работа, а и нервоза не фака од барање место
Педијатарот од Неуромедика си заминал останавме без доктор. Кој педијатар ми го препорачувате, Паскалов или Кај Др. Цекич педијатарката? Итно ми е, со вирус сме.
Ни едниов ни другиов не примаат нови пациенти. Паскалов ми препорача една педијатарка во Аеродром Др. Олгица. Но не сватив кај се наога. Кај Гранит-Рехумана рече. Дали слушнал некој?
Јас кај Цекиќ ги носам децава, презадоволна сум. Рес Хумана, др. Олгица, матична е на неколку деца на форумов. @mariz, @TheSecret @sofi2107 може да те упатат каде е точно.
Тоа не е во аеродром. Олгица е во рес хумана, а тоа е накај козле, во зградата на гранит. Тоа е близу кај што се двои улицата за во козле детската болница. Незнам како би ти објаснила, види на златна книга за точно со мапа.
Во Козле се наоѓа, баш денес сме на контрола.. на работа е од 14ч. Ако сакаш ке ти дадам бројче, прекрасна е докторката Таму зимаат крв, мокрача и резултати за 5, 10мин има. Пиши Рес Хумана на мапа, ја има ке ти ја најде, точната локација е проверив.
А докторката добра ли е? Да не трупа со антибиотик на секоја настинка? @mariz се јавив ми кажаа дека е втора денес. Паскалов ми ја пофали но се мислам да не дава антибиотик непотребно. И дали е достапна ако треба и на телефон?
Не напротив, не дава антибиотик на секое. Дури и сируп за температура вика да се дава на 6ч, да се лади, масира, да не биде пречесто.. како што даваме на 4ч. Достапна е секогаш, дури и на вибер можеш да и пишеш. Инаку има искуство гооодини години со деца.. не е млада докторка, со доста искуство е. Бебево ми е на антибиотик, но не од неа препишан, од болница Козле..
Ти благодарам многу на споделеното искуство. И ние двете сме на антибиотик препишан од клиника. Јас со бронхит Малава треба на контрола денес а нема каде, како осакатена сум што не напушти докторката.
Ние цела фамилија болни. И јас на антибиотик... а малава викендов итно ја однесовме до Козле и имаше малку спуштено.. па дома ја инхалирам со едни капки и физиолошки и антибиотик пие, па ми рекоа од таму да не ја носам таму (освен ако е итно), туку на контрола кај матична, да не ја мешам во болни... оди кај Олгица, ептен детално проверува, се по ред.. и уши никогаш не скока дури. Крвна слика и мокрача ако има потреба, исто таму и зимаат.. @irena.1 имам пишувано тука за тоа..