Незнам да ти кажам бев на контрола пред 3 недели,следно сме за 3 месеци ако нема настинка или потреба.Ако сестрите ти кажле така тогаш е.
Предлог за педијатар? Се мислам Смоковска или Тренчева. Искуство имате или некој друг предлог во Аеродром?
Тренчева ја сменив за првото, некако стара и нефокусирана ми беше. Ова пред некои 3 4 години, сега не верувам подобро да е станато.
Препорака за добар матичен педијатар во реон Карпош/Тафталиџе? Како е периодов кај Златка во Букурешт? Дали има гужва и има ли замена? И дали одговара на телефон, како може да се добие? Кај Билјана сме моментално во Букурешт ама тоа што нема замена ми е проблем, никако не успевам да ја начекам кога ми треба а и не е баш респонзивна на мејл па се мислам да ја сменам
Здраво, исчитав мислам пола страни во темава, сега сум уште позбунета. Барам нов педијатар за децата, во моментов сме кај Паскалов, со малото најчесто одам кај др. Виктор, но еве последно дијагноза и терапија ни даде др. Сандра, и беше тотална утка, завршивме до болница. После коментариве прочитани тука за нив, дефинитивно морам да ги заменам. Би ми значело да пишете добар доктор, во овој реон, карпош, тафталиџе, па дури и Ѓорче сум ок. фала ви
Морам да го споделам искуствово од др. Игор во Реоника ново лисиче. Ние сме кај др. Сашко ама еве 3ти пат заради смени се погодува кај него да одиме. Прв пат човекот околу 19:15 си излезе го чекавме 45 минути и не се врати сестрата незнаеше каде е. Вчера отидовме во 18:30 не вратиа не примале веќе гужва било (работно време им е до 20:00) Денеска пак со болно дете одиме во 16:45 (излегов од работа порано и на детето дремката му ја прекинав) одиме докторот излегол, ке се врател за пола час. Го чекавме до 18:00. А притоа времето за пауза на врата е друго. Ужас! Има ли негде да се пријави ова?
Sum go cekala jas isto 40 minuti, a on vnatre si sedeshe. Sestrite vikaa da ne vleguvame. Bezobrazluk.