Не збори ништо, сам прашуваш сам си одговараш, мене на болно бебе ми рече слободно вакцинирај !( по 2 дена заврши во козле), мислам да е стручна ама нешто не се замара. И покрај тоа што се знаеме, пак е лабава. Инаку е против антибиотици, мене ми се налути зошто сум го оставила да лежи во козле да го трујат со антибиотици и секогаш ми е достапна. На вибер враќа одма.
аууу. па што не дојде дома и да те истепа зашто докторите ти рекле да прими терапија детето. И такви ли има..
Рече дека Козле терале јака терапија за сите , за да покријат се. Демек е тек сеа ќе ти биде цело време болно. Кој и да однел дете во Козле на дежурство го оставале да лежи
Па син ми првиот пат да примеше јака терапија немаше може вторпат да лежиме. Од лидаприм до лендацин има ехеее... антибиотикот не е измислен за џабе. кога треба ќе прими и готово. А за жива глава не верувам дека децата стануваат болежливи од антибиотик што примиле. Нема никаква логика.
Блесава докторка Еве јас ноќе на дежурство однесов дете со пневмонија па сепак одлучија дека може дома да го лечам. Сите што се козле пациенти имаат некаков проблем со плуќа а тоа не е заебанција и ако не се лечи навремено и правилно може тек тогаш последици и за понатака да има. Офф од темата
Веќе кога се кај Козле, сакам да го носам син ми на контрола, обично го носам на приватен пулмоалергилог и сум задоволна ама ми треба преглед и извештај од козле за да можам да му земам терапија на рецепт, се утепав од пари дацање цела година скоро приватно, а и би сакала второ мислење. Имате искуство со добар пулмоалерголог во Козле, или Клиника?? И дали мора матичната да ни закаже или можам сама??
@M&M на клиника ќе ти ја препорачам Влашки пулмолог, преку матичен се закажува термин, малку потешко се доаѓа до термин ама главна е на одделот. После со извештајот од спец треба матичен да ти даде рецепт
Како што пишала и Мисдиор, на клиника, во педијатрија Др. Влашки гласи за најдобар пулмолог. Понеделник е во амбуланта, ќе ви треба упат од матичен.
Има логика. Антибиотиците го урнисуваат имунитетот, бидејќи, освен бактериите за кои се наменети, ги уништуваат и корисните бактерии во човековото тело, вклучително и цревната флора. Нејзиниот удел во имунитетот е огромен, да не речам добри 60%. Со постојана употреба на истите, влегуваш во магичен круг на нивно постојано користење и постојано разболување. Башка нуспојавите. Го искусив тоа со големиот во периодот од 3-4 години, и не би сакала да се повтори. Јас лично од Славица сум презадоволна, иако не е матична на моиве. Отидовме кај неа со малово лани летоска бидејќи неговата матична беше на одмор, а Славица е нејзина замена. Детално го прегледа малово, му направи кс, црп, испита урина. На крај ми даде антибиотик, малку беа покачени леукоцитите и имаше и црвено грло. Јас сакам кога докторите не форсираат антибиотици по секоја цена, затоа си ја сакам и матичната на децава, д-р Цекиќ. А претходно бевме кај Старковска во Идадија, уште од врата Алмацин даваше, без да види за што сме дојдени.
Можно. Но погледни и од овој аспект. Салмонелата му ги направи цревата односно цревната флора ја направи РЕШЕТО. Да не беше антибиотикот детето сигурно немаше ниту да заздрави а ниту да остане нешто од неговите црева. Ме сфаќаш каде се коси сиот тој муабет? Како ќе се уништеше бактеријата која ја јаде неговата ц. флора? Да, со пробиотик ќе ги оправиме цревата. Но мора прво таа бактерија да се уништи нели? Како и да е. Ти ја сфаќам поентата и се сложувам, не по секоја цена антибиотик. Но кога мора ... Се знае.
За салмонела нема компромис, како и впрочем за потешки облици на одредени заболувања. Ама 90% ги даваат од ракав, без оправдана причина. Затоа често се случува да не помагаат кога е навистина потребно.
Денес некако или се апла против или се апла за. Нема некое реално гледање на работите од педијатриве. Мојот го водат двете докторки што се во таа амбуланта. Едната сече од корен а другава лечи со камилица. Првата што ја спомнав т.е. Што уствари му е матична ми беше единствена докторка која не претерува ни со природни лекови ни со антибиотик .
Види, најбитна е добра дијагноза, а после тоа се знае која е терапијата. Денес е редок доктор што само од преглед и со слушалка може да ти даде точна дијагноза и соодветна терапија. Денес со сиот напредок на технологијата треба да е полесно за дијагностицирање, а испаѓа обратно, дека докториве се неспособни.
Многу внимателно, многу пазење и со храна, диета некаква мора да се тера после салмонелата подолго време, нас никој ништо не ни рече, диета еден месец по салмонелата држевме, а по салмонелата пиеше и антибиотици многу пати, пробиотик цело време. И сега според мене ради таа пуста салмонела и несоодветна нега после неа, што незнам од каде ја закачи дојдени сме до колоноскопија и гастроскопија, двете треба да му ги прават. Дијагноза немаме, освен што се знае дека има воспаление на цревата и толку.... и се си мислам дека е поради салмонелата се ова што му се случува... Нема врска, неколку пати сум била со децава, не не оставиле никогаш да лежиме... со инхалации дома сме се лечеле, без антибиотици..
Да ми препорачате добар педијатар а и матичен за возрасни во поликлиниката Ѓорче петров и околина. .Влае ...фала