салмонелата останува 6 месеци во црева... ако сте ја лечеле со лидаприм може само да е смирена. правиш копро секој месец? иначе знам све ми е јасно секој месец го носам на контрола кај терцијален
Он ја прележа на 1год и 3м, тогаш правевме копро секој месец неколку месеци, чисти копро имаше. Инаку сега е 3+ год имам направено 6 копро бактериолошки, 4 фецес ламблии, 4 паразити, 3 клостридиум дифициле и се е чисто.. Инаку незнам со што е лечена, имам извештаи, треба да пишува таму? Мислам дека нешто на н беше, но не сум сигурна. А со една мајка зборував и нејзиниот ја имал фатено и 8м на копро ја покажувало...
сигурно пишува во извештај. Но небитно. да, знае и понатаму да дава позитивен резултат зашто треба време да излезе од организмот односно од цревата. салмонела е најлошото што можат да го фатат од цревни бактерии. Коли може вода да и носи на салмонелата. .
Незнам ова кај нас што е, се надевавме дека ке поминеме и без колоно, испитавме се живо, се друго во ред е. Освен сцитиграфијата што не беше ок, и позитивен ген за целијакија, и анемија поради крварењата... и со куп работи што би можело да биде е. Кронова, колитис, полипи, фистули, целијакија А со исфрлување на глутенот огромно подобрување има, нормално кака 15 дена, одма 3 дена по исфрлање на глутен искака нормално гомце какво што не сум видела 9 месеци... Крв не сум видела овие 15 дена...
А може и некое кратко крварење се јавило па затоа не можат на ништо да го фатат.. дур направат да прошло. . греота е дете без глутен т.е. не без глутен туку коа нешто ќе присака а да му речеш не . можам да замислам колку тешко ти е
Море не само глутен... па и млеко не давам 3+ месеци Незнам еве сеуште му опаѓа хемоглобин, а пие Малтофер, се му е хаос во крвната слика, ниски еритроцити и железо, RDW CV покачено, што укажува дека има анемија... Ке му направам окултно крвавење, да не има сепак.. а да не се гледа со око. Вака детево е супер, кој и да го види што му ја знае ситуацијата, абе супер е детево што зборуваш, а супер е стварно цело време, не се жали на ништо. Видлива крв имаше се додека давав глутен, од кога не давам не сум видела Па и тој нека е ако треба проблемот, само да не е нешто пострашно си викам...
искрено и тогаш ти кажав прв пат слушам нетолеранција да јави крв у каке. Ама ете сепак очигледно можно е. .. спанаќ брокула цвекло телешки бујон за железо срц. прави давај.. нека не те чуди што ок изгледа мојов седиментација 90 он колички вози си игра. страшно е што децата до последно ок изгледаат. Ќе ти пишам лп една докторка што 100% мислам ќе ти помогне.
И мене ми објаснија дека може... но како што ги разбрав јас, ако е интолеранција на глутенот или целијакија, горе проблем правело на тенкото црево, па крварењето немало да се гледа со голо око, ова крварење он што го имал било од доле некаде, дебело црево или некаде на друго место доле А па на скенот сцитиграфија па контрастот беше задржан низ сите црева, горе, доле, секаде. Па поради тој скен ги асоцира на кронова, колитис или интолеранција на глутен... Уф незнам збудалена сум, ни јас незнам веќе што зборам...
Каде ги носите децата на дежурен лекар доколку не делува пресериозно за на Клиника/Козле? Вечерва ни качи малата температура, ништо страшно, ама се замисливме што би правеле ако треба да ја носиме навечер или за викенд
Не сме носеле, ама минатиот викенд блиску бевме до тоа. Ние имавме две опции Јане Сандански има дежурен доктор и Систина. Не знам како е по другите поликлиники.
Барав на интернет, не најдов информација за ова. Во Систина секако имаат дежурен, мислев на државните установи. Најдов и вест дека Јане Сандански останале без дежурен педијатар пред некое време, не знам каква е ситуацијата сега. Добро е што не сте имале потреба до сега Ќе памтам да го прашам матичниот за ова.
Пред 2-3 недели Јане имаа детски дежурен 100%. Јас бев за мене, а имаше родители со деца што чекаа за да влезат во соседната соба.
Точно, тешко се открива кога е од тенко црево, ама кај бебиња кои се само на млеко се гледа. Искрено, за случајот со Тео умот еднаш ми отиде на Кронова болест, баш кога почнавте со испитувања, ама баталив, си реков да не лупам дијагнози без врска, веројатно докторите знаат подобро од мене и со испитувањата ќе откријат за што точно се работи.
Здраво, Дали некој може да ми го пише мобилниотод др Симонида Спасевска од Систина? Имав проблем со мобилниот ми се избришааконтактите, а имам потреба да се слушнам со докторката.