Ние дме во Јане кај др. Митка Тренчева. Јас сум задоволна, и второто дете го запишав кај нејзе. Посветена е, но имам дојам дека цел аеродром е кај неа, во сезона на вируси е голема гужва и тоа само пред нејзина ординација
Бев јас кај Снежана на два пати, демек за матична ќе ја бирав за бебе @TeddyGrey фина беше, детална, убаво го прегледа бебе. Но докторката смрди труе на цигари и пот, ама очајно ова, не се стои до неа И да ординацијата е од времето на дедо Ное, од вага, до кревет и не е баш најчисто. Мене ова ми е битно, па за таму јас би ти рекла едно големо НЕ. Блиска ги носи во 8ми Септември, машко и женско доктори се, она е задоволна и вика дека ординацијата е пристојна. Појди еднаш, не давај книшка и види
Значи супер се сите. Сме биле кај Кристина и пред да замине на трудничко, и пред некој ден. Кај др. Сашо исто неколку пати. Ми се допаѓа што исто работат. Целосно се посветени иако во чекална е митинг. Имаат одличен пристап со деца, не гледаат да те откачат на брзинка. Не би ги мењала за ништо на свет. Многу ми е битно што слушаат и мое мислење. Јас одам и си кажувам што мислам или моја дијагноза а они ае тука да ми потврдат или поправат. Ако сметам дека треба некоја анализа си ја барам сама и никогаш не ме одбиле. Иначе и ние пред одмор бевме некаде август, ни меше ни ништо. Сега гледам охо мешко рипнал.
Штознам? Јас вакво искуство немам,прв пат слушам од тебе иако 4 години скоро таму ја носам,мада повеќе сме се погодувале кај др Билјана ,али секој со свое искуство,јас имам и други пријателки што ги носат таму децата и сите се задоволни во поглед на преглед,дијагноза и лекување.
И нас Снежана ни е матична ама повеќе идам кај Билјана. Темелна е, секогаш и на мобилен ми крева, генерално задоволна и од двете. Иако Снежана повеќе сака муабети да прави а мене тоа ме нервира.
Ве молам да ми препорачате некој матичен педијатар во околина на Маџари или Автокоманда? Го гледам на утринска на телма Денис ал Кхалили, вака е Ок но не знам каде се наоѓа. Ако има некој искуство од кај него нека сподели Поздрав
Dr timovski gledaj i on koga e na smena da odis. Violeta ne e losa iskusen pedijatar ama timovski mi e podobar.
Кој педијатар ви оставил повеќе впечатоци, Станка или Фидановски? Или пак Симонида? Не знам кај кого да закажам.
Фидановски е специјалист, нема сомнеж. Малку е воздржан во комуникација. Симонида ќе оди на породилно, ако веќе не е отидена. Мене Станка ми е супер за комуникација. Секогаш достапна.
Јас ја носам кај Фидановски. Тој ми се падна и на пораѓај. Задоволна бев. Е сега што вика Кукла, воздржан е во комуникација, ама супер одговара на прашања. Сакам прецизни луѓе.
Ја однесов еднаш кај него,па баш заради тоа што е воздржан се подразмислив. Јас прашувам и зборувам многу, сакам до детал да ми се објасни. Посебно сега за дохрана кога ќе почнам да прашувам... Значи сепак Станка, колку што имав прилика да ја запознаам, одлична е и комуникативна. Ќе продолжиме кај неа. Фала девојки