Јас бев пред 10 дена 900 ми наплатија, може качиле цена или пак помалку наплаќаат дека сум породена таму поим немам.
И јас платив 900 денари. Не знам зошто тебе 1.400 ти наплатиле. Да не сте правеле нешто крвна слика таму плус?
Од 900 до 1400 е преглед во ремедика. Така ми кажа пријателка. Зависи за што е и изгледа зависи од докторот.
И јас, ама постои таа цена во нивниот ценовник. Имаа друга тарифа за тие денови. Исто имаат нешто како систематски преглед, така им се води, мислам дека е исто околу 1400ден.
И нас ни наплаќа др. Марина 1400 ден за предглед, но наредниот, т.е. контролата е бесплатна. Одиме на 1-1,5 месец и секогаш цената била толку. Спаѓаме во тие што редовно одат?
900 ден е прегледот, а потоа контролата бесплатна? Од јуни нас ни наплаќаат по 1400 ден. Ме збунивте мајки со цениве. Баш ќе прашам на следниот преглед.
Првите 2 месеци одевме десетина пати и не ни наплаќаа, прв пат ни наплатија на контрола за 2 месеци и одиме секој месец и ни наплаќаат по 900 денари ако во меѓувреме сме имале потреба да отидеме вон месечна контрола исто не ни наплаќале.
Јас само да си кажам не би сакала и друга мајка да се излаже. Никогаш на никој не би ја препорачала Катерина Обочки од Систина. Па дури и без пари да е прегледот. А не е, 2300 е.
Прв пат слушам за докторкава, што биднало? Така, но никој не спомнал дека и во Ремедика е така, не знам, нека кажат тие што се таму
@emka @emkaemka толку сум изреволтирана што ако почнам треба реферат да напишам. Почнувајќи од непрофесионален пристап, да не речам нехуман (како е педијатар јас не знам), до поставување на прашања кои воопшто не беа поврзани за тоа што одиме, до малтене навреди (у стил детето ми е дебело) како само она до сега го има кажано тоа сите други викаат крупен и висок е личи ко за 2год... Терапија сиромашна посиромашна амин, и најбитно контрола рече бидејќи треба да се дадат уште 1200 ден така. А тоа што едвај чекаше да излеземе од ординација е друга прича, леле има уште не ми се зборува. Стварно дајте совет за нормален пред се човечен педијатар, само не од систина се одрав таму месецов.