Јас сум разочарана од нестручноста на неколку педијатри од систина и пристапот нивен и за жал не одам веќе таму иако условите ептен ми се допаднаа најдобри до сега нооо најважен е добриот доктор така што за дефинитивно најдобар и најпозитивен педијатар е Марина Поп Христова од Ремедика според мене.
Што му беше на детенцето? Што ви даде? Ние оеднашод систина си отидовме со муабет, мајка, за ова дете не се носи на дктор, и еднаш со сове за испирање нос. Еден преглед е 2300, трае колку што треба, околу 5 до 10 минути. За жал, на клиника треба да чекаш 2 саати ноќе.
И јас имам лошо искуство од Систина со педијатри. Глуво детето дека ми е ми кажаа. Демерџиева. Ако дое ред, не дај Боже, да треба дете на ургентно да го носам, прво би се јавила кој е на смена.
А кај матичен педијатар зошто не носиш дете? Од Систина јас сум задоволна, кај Сајковски сме кога сме таму, ОК е, еднаш на итна кај еден шлаки се паднавме, не знам ич како се викаше, но ОК беше и он. Јас за најобичен преглед идам кај матичен, Драгана, Ложанковски ни е, искрено 2.000ки не ми се даваат да ми кажат колку ми е дебело бебе но и Драгана ми се допаѓа како педијатар, па кај неа идеме
Таа Демерџиева еднаш на ургентен беше дежурна. Притоа, однесов дете со темп 39.7, а она 15 мин ми збореше да почнам со дохрана, а бебе тогаш беше 3 месеци И тоа со готови сокчиња да сум почнела И ми рече да се стрпам да си спадне темп сама Само со неа од Систина сум имала лошо искуство. Кај други било ок секогаш.
Јас сум била на клиника навечер неколку пати, секогаш одма сме завршувале... Преку ден е лудница да, ама навечер на дежурно се завршува брзо.. дали така мене ми се погодило незнам..
Јас у најкриза момент отидов, им беше расипан компјутерот, и имаше 20 деца пред нас. Мојата се гушеше, полно беше со деца, една мајка вика моето има 41 темшература, а требаше со сите деца заедно да седиме. И отидовме од у Систина, не примија, лежевме у болница, а на клиника ако чекав, ми рекоа у 3 сабајле ќе дојдете на ред, дотогаш ќе беше критично.
Кога е сезона на грипови во зима, или стомачни вируси во лето, гужва е секаде. Сѐ е до како ќе ти се погоди.
И покрај тоа што многу луѓе ми ја фалеа, со истата докторка ми се случи буквално како цитираново +уште некоја дрскотија и нелогичност. Дали докторкава бира си кој како се однесува, не знам, знам дека од тој непрофи однос, од едно бесконечно маткање и чекање на друг оддел, како и на ургентно бутање деца со врски пред некој што уредно чека, ми се одмили целата болница...
Два пати сум ја начекала Обочки на ургентен. Се самондрска не е . Баш има супер одност, со децата посебно. Цуци буци А колку е стручна и ја бива не знам.
Септември, месец на деца кои првпат одат во градинка. Ете ти ја гужвата Во септември нема што нема. Се погодило. Другарка ми од Систина на Детска отиде ради преголема гужва. Нема правило.
Да, со детето беше цуци, буци, а дека не не ислуша што збориме, тоа е друга приказна, со проблем отидовме.
ЈАс детето од старт го носам кај ПАскалов и Виктор, и не ги мењам за ништо и за никоја приватна клиника. Достапни и за викенд и во било која доба...Дијагностичари се според мене, така да ќе продолжиме...
И јас не ги менувам Гого и Виктор Веќе им се навикнав и на карактерите и на она на Гого „ништо не му е“, „доктореее се удави детево од кашлање...а бе ништо не му е“... и кога оп, навистина така. На друго место одма ќе го наклукаа непотребно со сирупи, антибиотици... Дијагностичари, нема збор, тоа што и впрочем се бара за да се продолжи до конечниот наод, терапија и слично. Секоја препорака.
И ја не ги менувам Паскалов и компанија, имало момемти и кога сум ги пцуела да признаам, ама си го повлеков зборот, незаменливи се!
Веќе 40 дена е со настинка, вирус, грип, бактерија, кашлица и фати пушти е работава, без разлика колку и да го пазам. Беше болен пред 2 недели каде во една ноќ имаше напад на кашлица 7ч без престан. Отидовме у систина беше станка му даде терапија му помина и еве пред 2-3 дена пак е со кашлица без престан (не може повеќе од 15 мин да сврзе сон)само плаче..и затоа и отидовме у систина у неделата пак за да го видат да ми кажат од што кашла на секоја минута. И се деси катастрофалниот пристап на Обочки.. А пие и цефалексин пошто на брис покажа дека има стрептокока пиогенис во грло. А на страна од тоа што ништо дкоро не е јаден 3-4 дена.