Носам ама недела не работат. Па и мене не ми се даваат ама не дај боже човек да има мака. Од такви цуци буци понекогаш работава е бегај. Може со некои е фина ама со нас не беше деф. Баш. И мене ми се одмили. Одиш со проблем, плаќаш преглед 2300 и едвај чекаат да те исфрлат да не кажам избркаат. Секоја чест на исклучоци.
Еве денеска на контрола треба да одиме, од Ново Лисиче до кај нив Мм често знае да искоментира „поарно некој педијатар во Куманово да најдеше“
и ние сме денес....(одам попладне зашто ем на работа, ама ем од сабајле таа докторката, искрено, мислам дека не ја бива до толку), а втора е Виктор. Ете таа женската некако не ми оди. ММ ми вика сум имала негативен став, ама нешто совеста ми вика дека НЕ.
И јас го носам син ми кај Паскалов . Најдобри се. Вреди да се чека во гужвата @kikin истото мислење го имам за докторката Кате . А најчесто сме кај Виктор .
Многу е тешко да се погоди педијатар Јас го носам во ремедика ама секогаш се јавувам ако е викенд да прашам кој е дежурен , ако е пр.Лидија Спасова ни под разно не одам. На клиника еднаш бевме,недела беше, вриеше народ, ама се изненадив колку профи беа , љубезни,ислушаа,прегледаа, па и оти едвај недела беше малото,не пратија во др соба да чекаме да не го мешаме. А и брзо завршивме и покрај гужвата. @PUPICA не се секирај,тоа ништо не му е е став на сите матични. Ама кога треба треба антибиотик и јас не сум против. од тоа ништо не. е завршивме во Козле. @Lady*Bug почекај и ако не се смирува кашлицата напрај пнеумослајд и респираторен панел. Друго-кога ќе оздравитр пиши им на систина,јави се,пожали се. нека си поработат со докторката. во приватно не одиме и не даваме толку пари за да некој се понаша. Особено па дете болно. срамота. Ако не и се работи нека си оди на клиника.
I jas ednas po site procitani komentari za Paskalov rekov ajde da odnesam dete. Odnesov i mi rece gluten nikako do 2 godini, od togas nekam ni da pomislam kaj nego ne pa da nosam, nema sansi. Se zaprepastiv, da go poslusav deteto do dve godini ke mi jadese samo palenta i oriz.
Ја не знам како можат како приватна болница да ја држат таа Лидија Спасова. Еднаш отидовме за папчето уште, имаше крв. Го исчисти и толку вика нема потреба да ги чепкате. После отидовме на редовна контрола кај Розита и рече обавезно треба да се чисти и кога има коагуланти. А плус со тој незаинтересиран став, не би се вратила и јас кај неа
И јас никогаш веќе нема да го однесм кај Спасова, еднаш на почетокот случано бевме кај неа и никогаш повеќе. Иначе мислам дека оди во пензија.
^Изгледа само јас имам прекрасно искуство со неа Жената за однос не можам да зборам, некогаш е и како ќе кликнете, ама за дијагностика досега немала утка. Баш се изненадив од коментарите погоре.
Зошто не го однесеш пак кај Станка? Не верувам дека ќе ти наплати. Можеш и да ја побараш или на вибер да и пишеш, ќе ти пише жената.
Станка ми остави голем впечаток. Алал да и е на жената за првиот пат. Во недела со малиов се десија стварите, она не беше дежурна а ситуацијава не ми беше за чекање и затоа. Ок фала ти, ќе видам што ќе правам, ама морам да видам со еден доктор да фатам работа.
Мислам сите бегаат од Кате,ама зт Гого не го даваме. Ние сме кај него,дека прематурче па само тој не води,баш треба да му се навикенш на незборењето,ама ништо не му промакнува,све гледа.. Одговор има уште пред да го прашам
Јас го научив веќе и не ни прашувам . Знам дека штом нема муабет се е ок . Чао пријатно и толку А за Кате,не дека имам лошо искуство со нејзе ,повеќе немам доверба некако . Штознам .
На страна и пари и време и се тоа, иако не се за потценување и тие во денешно време. Поентата е друга. Одиш на педијатар и претпоставуваш учел, пракса ова она има знаење..ама што е со немање основна општа култура и однесување, очигледно е на некои колку само не им се работи, а не знам како не сфаќаат дека учеле за да работат со сензитивни суштества и чувства на родители. Сезона на вируси е и сфаќам дека сакаат и тие да се олабават со прослави и предновогодипни шоуа ама на некој му гори под нозе, ама тоа е македонски менталитет да не кажам. Да не ме сфатите погрешно јас оставам простор и тие се луѓе и немам намера да негативизирам, едноставно давам мое гледиште на работите. А да и спомнав погоре има исклучоци и браво за нив.