Паскалов прима уште пациенти? Ми треба матичен на мали, а од Ново Лисече се ми е далеку, така да само докторот да ми се погоди.
Оливера беше пред две години, знам беше на нашиот почеток, ама после некој месец ја снема. Останаа Ѓорѓи и Виктор, па дојде оваа КАте. И на муабетот што викав дека нема кај КАте, одам вчера, втора смена Виктор и КАте, таман пред да дојдам на ред, Виктор мораше да оди остана само КАте....И тоа е реков, само да го наслуша дали сме океј, ќе помине. Ама не можам да поверувам една мајка му се фрли на Виктор му вика„ама мора ти да не прегледаш“, тој на врата да си оди, сестрата вика „ама не сте вие на ред како така“, она пак „не јас сакам виктор да не види инаку ништо“, и што да п рави човекот, се врати. И си викам „па и јас сакав тој да го види син ми ама не ми изгледа некако културно да праам вака“...Боже мој свашта има по ова земјава... Edit: @wannaBeMomma кој е Цекиќ и зошто не кај Паскалов? И плус, мислам дека @TheSecret имаше нешто за глутенот...не знам зошто така ви рекол, нас баш ни го воведе на време, 8 месеци мислам беше, не се сеќавам точно.
Хм.. јас не му давав глутен на детето до 9 месеци - ме караше зошто не сум давала,комотно сум требала да почнам накај 8 месеци
Кармен Цекиќ е кај тренд во аеродром. А паскалов после се што имам изнаслушано и овде и лично. Не би П.с глутенот е 4 до макс 7м
Минатата недела прашував,ја знам жената , затоа така пишав,ама сепак нека праша секако Ако прим супер е Кармен .
абе добро, секој со свое размислување и искуства. Некој е некаде задоволен, некој на истото место не е, затоа бираме каде нас ни одговара, не на другите. П.С. Да не се натегаме за глутенот, реков не памтам точно (7-8 ), ама поентата ми беше дека не чекаат до две години.
Мое мислење , Паскалов штом кажал дека глутен не треба да се дава или треба да се дава на 7 месеци или не знам кога има причина за тоа (не сум упатена со муабетов за гутен пример е само). Тој е доктор кој прво сака да провери и види пред да збори.На крај збори кога се ќе му е проверено.Не е од оние доктори кои зборат зошто така треба . Пак ке напоменам мое мислење е ова . На крај краева секој си оди на педијатар каде што има доверба без разлика на другите искуства бидејки сите се различни . @JuLleE еден период не примаше нови пациенти за сега не знам.Мислам дека најдобро е да се јавиш и да прашаш . И јас од аеродром одам кај него едит: @kikin некои мајки се без осет, како нивното дете да е посебно.Па и уште се распраават . Како имаат сила додека детето им е неарно они џева да креваат
И нас Паскалов не советуваше на 8 месеци да почнеме со глутен, што знам зашто рекол 2 години!? Како и да е, нас ептен ни се погоди, кај него сме откако ја отвори ординацијата. На почетокот ме нервираше неговиот начин на комуникација, ама го научив. И секако, ни еден педијатар не е магионичар и не може секогаш да предвиди како ќе се одвива одредена ситуација, и со крвна слика и се уредно, па сме завршиле со јак антибиотик, и со одвратно кашлање, мрсули до колена, температури, па си поминало така... Треба меѓусебно разбирање со избраниот доктор за дете, јас си ги знам децава и некогаш сама си барам црп, брис и сл.
Значи требаше и двете да и се нафрлиме на таа мајката Епа нам пред нос истата ни настапи, мислаааам, ептен не беше во ред, ги стави во непријатна ситуација и Виктор и Ивона, мислам така се викаше сестрата. И ние си влеговме кај Кате, на контрола. И јас уште еднаш ќе кажам само, секој со своето искуство. Дали „да“ или „не“ кај Паскалов, Виктор, Кате или кој и да е. Всушност, најубаво ќе е никој да нема потреба од лекари, макар и за најобична настинка.
Беше и ти тука? Ја виде? Ај да беше нешто ептен болно детето, во несвест да паѓа, ама излгедаше сосема во ред, на контрола...ама тоа е, не кутурно ми беше да паѓам на нејзино ниво
Сакав да те прашам како ги договараш, т.е. закажуваш прегледите, преку пулт или директно со докторката? Ние сме кај Марина и јас преку Вибер се договарам со неа бидејќи никогаш нема термин, а многу ми е непријатно да и пушувам.