Нас ни е матична Моника Топузовска во Промедика. Јас сум задоволна, ок е, фино објаснува, сослушува, одговара на сите прашања, обрнува внимание. Ако е за редовна контрола, многу многу не одоговлекува, ама ако си со болно дете посветува внимание. Човечна е, фина со дечињата и со родителите. Ја препорачувам
јес да е предалеку, и јас од ново лисиче возам до кај нив...и не ми смета. Не ми се става било кој само да ми е блиску....BTW, се надевам за братче/сестричка на нивни пациенти (новороденче) прават исклучоци. Белким нема другото (здраво живо нека се роди) да го носам кај друг доктор. Небулозно е едно дете кај еден друго кај друг, па трчај навака/натака.
Прават исклучоци секако. Јас големиов го носам кај Кармен Цекиќ, затоа и малото го примија како нивни пациент, во спротивно немаше да го примат да ми беше прво дете.
Мајки, прв пат ќе го носам бебе кај Ложанковски на педијатар следната недела. Прво сакам да ве прашам како им е процедурата? Само еден педијатар е, таа Кристина замена за др. Емел? Што треба јас да носам? Тетра,пелени,било што... Се наплаќаат ли прегледите? Ова ни е прва контрола на еден месец, дали веднаш треба да закажам на ортопед за два месеца?! Имаат ли они со некој соработка? Не знам каде да ја носам .... И сакав да прашам каде е таа зграда за здрави деца? Се влегува со кола од рампата кај Пиаца кафичот?
Од рампата, одма првата уличка десно. Колите се една врз друга од што нема место на паркингот. Тетра нема да треба, само обична пелена, за да му смениш чиста по мерењето. Ќе биде др. Кристина, замената на др. Драгана. Немаат процедура. Си одиш на термин (ако имате закажано). Соработуваат со ортопед Тони Талески, секој четврток е кај нив во ординација. Ќе прашаш, ќе ти закаже сестра Јасна. Се надевам ти помогнав.
Мајки кои сте во Рес Хумана ..никако не можам да ги добијам на телефон таму, а ми треба да прашам за смените на др.Олгица. Некој дали знае како беа?
Јас сега ја прашав, денес е до 19ч. Ке ти пишам во лп бројче нејзино лично, пиши на вибер одма ке ти врати Пиши ми ти прво порака, јас неможам.. па ке ти го пишам.
Вчера вечер ја приметив малата имаше 3 бубулички, 1 на врат и 2 на стомак. Како полнети со вода. Се сомневам дека е варичела, па затоа не ја однесов во градинка. И се јавив на матичната ми вика да сме оделе утре да ја види, денес имала многу работа. И реков дека сакам денес да ја види за да ми потврди што е. Иначе денес и се проширија има околу 10 тина, но новите се поситни. Валда после се зголемуваат. Чудно ми е што не ја чешаат. Т има 37.5. Расположена е, не се приметува дека има нешто. Сега бевме кај матичната, не ни влеговме, искочи она до кола ја виде и ми рече дека не била сигурна што е? утре да сме оделе пак. Искрено, докторката ми изгледаше исплашена и мислам не сакаше да ја прегледа. Боледување не можела да ми даде додека не потврдела дека е сипаница. И реков тогаш да ја пратам во градинка па кога ке потврдите ке ја изолирам затоа што штом немам боледуванје немам како да оправдам на работа(ова затоа што ме изнервира и го реков). Некој мора да го чува детето. Па рече утре ќе ми дала боледување.Ме интересира вие што сте прележале сипаници, каков бил пристапот на вашите матични? Дали е во ред да се одлага преглед на дете за кое што се сомнева дека има варичела?
Auuuuu, како бе вака. Од 3 треба да знае што се, не да чека. У уста може да види. Во ред е тоа што го видела во кола, ама не да ти рече од утре боледување.
Рес хумана, не знам како се викаше докторкава. Скоро се префрливме кај нејзе. Претходната имаше сосема поинаков пристап и кон деца со варичела. Штета замина во Козле..
Зар ќе се враќа?? Спомна јасна нешто ама мислев се шали.. Реално најдобра е Драгана, јас едвај чекам да се врати, ама многу мало бре.. Али алал да и е... мислам нема таква докторка.
Јас незнам за што рачуна гужва докторката. Три деца чекаат надвор, тоа неа и е гужва.... Кое време бевте? И ние вчера бевме и немаше гужва, како што викам две пред мене беа, две после мене дојдоа, нормално. Гужва е по 25 книшки кај Паскалов пред тебе, не тоа кај неа. Во кола е во ред што ја ѕирнала (може имало стварно дечиња внатре што чекаат), ама за боледувањето не бива така.. И Паскалов еднаш така комшиче прегледуваше во кола поради осип, мајката многу се налути (особено што има он и заден влез ,а не го пикна од таму детето). Како сте сега? Баш така избиваат, поситни како точки па стануваат поголемки со водичка... Нас па вчера крвна ни направи, малиот мирисаше на ацетон, а не бил болен. Леукоцити му се 18, ништо не било, вирусче Малку ми е чудно зашто како што знам од вирус не би требало леукоцитите да рипнат...
Како бе во кола? Разбирам да е време за бебиња здрави, да е полна ординацијата со други болни па да се заштитат сите, ама вака, не разбирам. Ние еднаш влеговме во ординација од надвор, ама полна беше ординација со други деца а синко со тешки опструкции, да не накалеми уште нешто. А сипаници се нормална појава кај деца, зар од тоа доктор да се плаши?
ЈАс претпоставувам дека во ситуацијава не се плашел докторот, туку поради другите деца внатре, детето е прегледано во кола. Ова според мене е сосема нормално и во ред. Подобро отколку да го внесува и меша внатре со другите деца, кога не се знае што е осипот. ЈАс пример да сум внатре би се налутила да влезе осипано дете до моето во ситуација кога уште не се знае што е осипот. И јас да сум родител на тоа дете исто би побарала во кола да го ѕирнат, само поради другите деца да не им пренесе што и да е.
Не се плаши докторот за него, за другите деца во ходникот. Во Рес Хумана има еден влез и за да дојдеш до собата на др треба поред сите деца да поминеш, поред сите луѓе... зашто не е само педијатриска амбуланта тоа...