Мислам дека е во пензија, уствари сигурна сум. Во нејзината ординација работат други докторки. Внук ми таму го носат, задоволни се. Само не знам точно кај која докторка. Знам дека е ако е нешто фрка, ѝ се јавуваат неа за консултација.
Леле не знам мислам дека Слаѓана повеќе зборува отколку што знае и проверува. На секоја контрола се едно исто ни збореше. И она што најмногу го мразам педијатар да ми го каже "па дете е" "па како ќе остарите" па како ќе ви обелат косите" "па нормално е да е нервозно му излегуваат заби", а детето воспалено уво имало со денови. А и замената кажа вирус е дека имаше пролив. Зошто? Заради тоа што не проверуваат уво. Нека се опремат прво со алатката за проверка на уво. Мене Биотек сомнителни ми беа, проверувавме во Синлаб или Авицена. Во врска со муабетот погоре. Сега кога беше болно моето сакав да ја прашам тагесмутерот од што беше болно нејзиното за да знам што би можело да му е на моево ама незгодно ми беше, не знаев што ќе си помисли. Така да кога веќе има можност и прилика убаво е да знае мајката иако прашањето на Дасикрет вака на форум може да биде погрешно сфатено, но во реалноста сите би сакале да знаеме без да бидеме погрешно сфатени.
Нема Автокоманда. Ние ги носиме од Автокоманда дури до Аеродром, во Јане кај д-р Митка Тренчева. Задоволни сме.
Нема закажани термини. Државна поликлиника е Јане. Чекаат во иста чекална, но има една мала чекална на самиот влез на педијатрија, тука сме чекале со здраво бебе. Има и соба за изолација за многу заразни деца.
Majki, dajte predlog za maticen pedijatar vo okolina na butel/cair? Bevme ednas vo ambulanta marija vo cair ama ne sum nesto zadovolna... Nekoj drug ima li iskustvo so doktorkata Marija? Fala odnapred
Мене ми беше битна близината на педијатарот и наместо кај педијатар, бебето ми го води семеен лекар, башка со неколку препораки. И после 5месеци видов дека вагата им забушава и плус ми го мереа различно, никојпат голо, секогаш бенкиче на него.Башка и вагата не е до грсм точна. И многу ми е криво што од старт не го носев на педијатар, иако веќе сме 5месеци, бебе некако покажува на вага дека слабо напреднува, а според мене он е се покрупен. И сеа сакам утре да му најдам матичен педијатар, не знам за кој да се одлучам, Ложанковски, Паскалов, Цекиќ, хаос сум во главава и вакви и такви искуства се изначитав на форумов. Сакам искусен, пристапен и да не е тотален хаос кога одиме на преглед
Добар ден мајки и среќни празници на сите. Би сакала да ми кажете искуства и мислење за Кристина Петреска ( кај Ложанковски ) оние кој сте биле или сте кај нејзе. Решив синко таму да го префрлам и ни закажаа во фебруари рутинска контрола. Па ми напоменаа дека доколку Драгана не е вратена прегледот ќе ни е кај Кристина.
Да криво ми е ептен си ја сакам, односот со синко и е прекрасен, но после последнава ситуација мислам дека изгубив доверба и да останаме кај нејзе нема да е тоа тоа. Се надевам нема кај Ложанковски да се разочараме.
На линкот подолу го читав интервјуто со педијатар Драгана Емел Маркоска, не ја познавам докторката лично и не сум била во контакт ама ми падна во очи тоа дека има бебе помало од месец а оди на работа. Како сакате сфатете ме, верувам има добра причина за да не користи породилно одсуство ама да не го посветиш целосно своето време на своето новороденче барем првите три месеци за мене не е во ред. Ако како педијатар не е свесна каков пропуст прави тогаш барем како мајка. Тоа е периодот на поврзување на бебето со мајката, создавање чуство на безбедност, се воспоставува лактација... https://deca.mk/d-r-dragana-emel-ma...lekarot-treba-da-mu-vlee-spokoj-na-roditelot/
АЛЧНОСТ за пари! Сфаќам да нема и да жртвува. Ама дека таа нема...тешко. Не може таков човек да ми кажува што да правам кога не може пример од себе да ми даде.
Ама не е вратена на работа, еве вчера закажував и ми нагласија ( баш за нејзе прашав ) дека не е сигурно ни од фебруари дали ќе се врати од породилно. Не верувам на некоја мајка да и е сеедно да остави толку мало бебе дома, верувам има причина. Која мајка би била рамнодушна да остави толку мало бебе и да се врати на работа доколку нема оправдана причина. Да не го изоставиме фактот дека секоја од нас за нешто викала вака и така ќе правам ( дур не станала мајка ) па после пу пу неважи све она за кое си викал Не вака нема да правам, баш сето тоа си го правел.
Со причина ќе се врати порано од породилно(да не навлегувам во детаљи)а мене лично тоа ни најмалце не ми го менува мислењето за стручноста и посветеност ко пациентите нејзини.Многу жени познавам што се вратиле порано па секако израснале дечињата здрави прави и полни љубов кон мајка си и не се ни најмалце за мене понепосветени или негрижливи мајки пример повеќе од мене која 13м си го чувам детето. Споредбата мајка што ја напиша е исто ко во градинка воспитувачката нема дечиња па нема да знае да го воспита и нашето и таков случај близок имам што судбина било да не чува свои дечиња ама таа особа вика дека целосно им се посветува и сите ги гледа ко свои деца. Ова е мое мислење и не отварам дебата. Секој родител си знае како треба и секој си ги знаеме потребите.
А знаеш дека може да те лажат?! Мене ме мотаа дека здрави деца не прегледуваат, а тука еден куп феминки се јавија со закажам термин за здраво дете во тој месец. Заради ова не сум ја однела веќе. Колку сака нека е супер, ова е дно.
Од се што читав, видов и слушнав-др.Сајковски во Систина е извонреден педијатар! Го имам слушано на неколку предавања, како и негови интервјуа и фасцинирана сум, посебно на тоа какви ставови има за важноста на доењето и природното породување пред се, па завршувајќи со сите топли совети за здравјето на секое бебенце. Не прочитав погоре, дали некој има искуство со др. Илија Тимовски од Воена? Ви благодарам однапред