Ама секако, тој си работи, никој не му брани тоа. Ама не може да биде матичен доктор, небитно дали општ или педијатар.
Значи специјализант не смее да биде матичен доктор? Искрено прв пат слушам, не сум во тек со законскиве прописи за оваа тематика а и не сум имала потреба да знам. Јас кај докторов отидов по препораки од други доктори на клиника кои му биле професори, ни тогаш не знаев дека е доктор по општа медицина а не педијатар. Не дека лично ми менува дали е специјалист или општ ама негов печат имам во кишката на малиов. Како тогаш му е решено ова со специјализацијава не знам, веројатно постои некој начин.
Ако он веќе специјализирал за тоа што го работи мислам нема фрка да си раб и да специјализира на друга гранка во педијатарство. Ама мислам. Пошо кај нас прават така. Вајда и кај нив е исто
Не знам за субспецијализација како е регулирано. Ама во тек на специјализација не смее како матичен да работи. Освен, како што кажав, ако нема некои измени поради дефицитот на медицински кадар.
Јас мислам дека специјализира сеа детска кардиологија или како и да се вика.... како и да е, од поглед знае што е и како е, се сеќава точно на секое дете, знае се што треба за секое...
Па таков и треба да биде матичен педијатар. Добар дијагностичар пред се, и терапија соодветна за детето што треба да ја прима.
И мене малку ми се гледа збунето. Кога бев на контрола со малата после стомачниот вирус, јас и викам нема пролив веќе,а таа по 5 минути ми вика: А има пролив? хахаха За дијагностичар ми се виде ок, ама многу е збунета некако.
Кога го виде осипот скокна леле ова е морбили и се трга ко лепрозно да ми е детето. Ни д од доктор не покажа. Јас ко што го држев по нејзината реакција почна да ми се врти ко небаре детето канцер 4 стадиум да слушнав. Маж ме задржа сестрата почна да се дере ШТО ТИ Е МА НА ТЕБЕ КАКВА МАЈКА СИ Ти. Кога кажав не е боцкан ми вика а што ти од аутизам се плашиш и ми се смее во лице. Собирам сила да помине периодов и ќе одам некој ден во систина.. Ама ќе гледам и во пмс да сум. Па се ќе изнакажам таму за професионалноста на госпожата ..
Јас искрено во Ремедика наидов на поголема професионалност и човечност од педијатрите и од сестрите, ама штета што немаат за инфузија, затоа отидов во Систина. А како можела сестрата така да ти рече и да ти се развика, ццц, а колку плаќаш.Па ако е за дерење, ќе одам бе на клиника. Страшно.
Искрено мене на клиника никој ми нема повишено тон. Освен што за прием вториот пат ја спукав со лидија ама и тоа за 10 мин се среди. Првиот пат кога требаше да не примат дур чекав имав паничен напад иако делував смирено од надвор. Мислев готово ни е. Аа мајката. Но напротив. Грижливи беа редовни на саат за терапија и докторите се стварно од еден до последен искусни. Сама себе ќе си гризнев од газот зашто приватно сум носела. Поради тоа испитувањата за вакцини ги почнав кај карева на детска. Жената ич притисок не ми вршеше слушаше и читаше се што и однесов од историја и слики гледаше од детето кога имал осип. Мислев ќе ме осуди зашто бев во систина ама беше апсолутно професионална. Никаков притисок не ми вршеше да прими вакцина. Напротив. Рече сега ќе Испитаме па ќе чекаме до септември да видиме ако има нешто веднаш тука да го видам. Вториот пат кога не хоспитализираа на инфективно ми олесни. Зошто дома не би знаела во таква ситуација како ќе издржев. Таму се осеќав сигурно.
Некој да сподели, или @ajaja95 ти ако отиде? Барам педијатар за ќерка ми, се обидувам да ги избегнам Драгана и Паскалов, пошо гледам сите нив ги препорачуваат а не сакам да одам таму каде што е цела гужва. Докторкава ја гледав на една емисија на тв, ми се виде ок, а гледам и на фб, по групиве ја препорачуваат. Некој од тука да каже искуство?
Jas Vi ja preporacuvam Dr. Olgica od Res Humana.Nema guzva,doktorkata e korekna, dobar dijagnostichar, sekogash dostapna na mob za sovet.
Мене па океј ми е докторката, само што се потресува дека има гужва, а нема гужва никогаш. Децата од кога ми се кај неа, не ми се разболеле, цела година и више немаат пиено антибиотик. Антибиотик малата пиеше некаде на 3м, ама препишан од Козле болница (сега е 15м), а синчево не се сеќавам, ама уште кај Паскалов бевме кога пиеше последен пат антибиотик. До сега инхалации дала само, исто пред година. До душа не ми оди и големово во градинка, ама ги мешам со дечиња, шетаме. Пред да се роди малата, глава не кренавме со синко, мислам на два месеци антибиотик пиеше, зима, лето, болен беше. Е сега има друг проблем синчево, ама тоа е сосема друго и не е нејзина област, за тоа не следат на клиника.