Колку што сум јас информирана, треба да го земеш картонот од кај стариот матичен, доколку имаш во него инфо за досегашни болести и сл. Ако нема ништо, тогаш одиш директно кај новиот и таму те пријавуваат.
Јас последно за мене кога менував општ матичен, го земав без проблем(ама имаат поминато сигурно 4-5години). А годинава менував гинеколог, не го ни побарав искрено. Каде што отидов ми побараа само книшка и отворија нов
Не дека мора да го имаш картонот од претходниот педијатар за да се упишеш кај нов, ама пожелно е. А за давање, законски мора да ти го дадат, тоа се твои документи, како лична карта е се тоа. Они треба да чуваат копии, а оригиналите се твои. Велам твои, мислам на бебето
Jas ne sum zadovolna ic ama mie epten pred zgrada i ne mi se menja. Za 5 min te otkacuva vcera go nosev maliot vika crveni usite i grloto,go nosev denes na usno nema nisto
Јас сум кај Коиќ,ама бре односот и е крш некако.Супер е она ,но кога идеме она ја гали ,бацува,тешка долга и ајт чао Ке си останам кај нејзе тогаш.
Коиќ не сакала пациенти да и пишуваат на вибер или да и се јавуваат.Братучед ми се кај неа и се нервираат не е ич достапна.Не се јавува,не враќа на пораки ,ништо. Незнам како е кај тебе. Имало дежурство за тоа ,вон раб.време . Ич не се задоволни и бараат нов педијатар. Епа извини ако сакаш да си конкурентен со другите педијатри мораш да се смениш . Јас таков педијатар не би избрала колку сака нека е стручен. Они се залетаа од клиника била, ама сега се каат.
Истоооо,тоа ме нервира и мене.Муабетот беше,за 50 денари од пациент работам. А ако треба нешто трчај у дежурна недај Боже.
А таа Бети таму замена е или? И ние се запишавме кај Слаѓана,ама на последниот преглед оваа Бети беше. Ја мислев дека она сама работи.
Абе остај.Човек нема каде да појде ,сите се или лрезафатени или по приватниве.Да ја носам боље кај мој матичен и да ја лекувам и чувам по совет од феминкиве ,така искача за жал.
нас којиќ не сакаше да не прими бидејќи била пријателка и приватно се дружела со екс педијатарот на син ми.апсурд каква е таа непрофесионалност, џабе стручност џабе се. каде е тука заклетвата што ја полагаат, во каква лажна држава живееме а што е битно да појаснам: прописно се јавив прашав примате пациенти, да, колкаво е детето толкаво, ок дојдете.одиме сестрата средува документација искача т.н педијатар др д ни кажува ааа не можам да ве примам ние приватно се познаваме со вашиот екс педијатар лол... а ја се немам искарано со екс педијатарот барав нов бидејќи се преселивме и ни требаше да ни е поблиску. шта речи...
Паскалов, на ул Јуриј Гагарин, карши новите згради Алумина. Внука ми беше таму, ништо посебно, дава антибиотици, фина и пристапна, ама не беше некој доктор да се завземе за дете. Дете болно од ретка автоимуна болест она се нема јавено да праша едно 4г како е. Прашувавте за доктор педијатар во Ѓорче, асалаен, за мене нема таков, се се со проспектите од фирмите по бироата, тоа што сум слушала што советуваат ми е поише маркетинг од медицина.