^^ова нешто изненадно дала отказ, ептен ненадејно е или па не знам зошто се се одвивло тајно Не нешто ме бендисува Како и да е и јас поради Драгана носам бебе у Ложанковски, така да ќе има +пациент у Идадија
Ја отворив темава само ради драгана. Она ја што приметив е нива сестра, Јасна ја немаше. Оваа што е со Кристина е катастрофа, помрзлива не сум видела мака и е да збори. За ова прв пат слушам. Додуше вчера ми спомнаа ама не верував. Сметам дека би требало да се објави за да знаеме. Како и да е, јас драгана не ја мењам. Идадија секако повеќе ми одговара. Криво ми е само за Кристина, зпшто на докторите од идадија ич не им верувам и искрено не би се осудила да носам дете таму кај замената. Инаку во идадија се посебни делови, за болни и здрави. Поделени, не се мешаат еден со друг. Делот кај здрави е помал, оној кај вакцините. Другиот е поголем. Поделеји се со стаклени врати. Она што е лошо е шо не е чепнато со години да се смени инвентар и слично. Не е баш пријатно за децава. Се привикнаа ваму и не знам како ќе биде во тие темни чекални кај што немаат што да прават.
Два пати ја имам однесено малата и кај Кристина, така се погодило, стварно си е прекрасна докторка. Баш штета за неа ако изгуби пациенти заради лоша организација, особено ако има некоја сериозна причина зошто Драгана напуштила.
јас бев во понеделникот да го запишам кај драгана и ми отворија картон но на преглед воопшто не сме биле. е сега прашањето ми е: ако не дај боже ни треба доктор каде да одам во ложанковски или во идадија? и кој ќе го прегледува мали? збунка ми дојде ств.. @Spidy @Цвет88 @emkaemka знаете?
Апдејт, Драгана е од понеделник во Идадија. Картони земање од понеделник до 14:00 На золва ми и стигнало смс со известување.
ова ми беше втор пат. значи толку. а сменив ради дотичната којиќ која не сакаше да не прими бидејќи била пријателка со екс педијатарот на мали. колку клет народ сме значи никогаш нема да се опраиме
@Lady*Bug ако те одјават по барање на докторот ќе имаш право пак да се запишеш кај друг педијатар. Значи докторот да те одјави, не ти. Вака е по општа медицина и стоматологија, би требало и кај нив да може.
Не сум сигурна, ама мислам дека пациенти се запишуваат кај доктор, а не институција. Тоа значи дека ако Драгана работи на друго место, би требало автоматски кај нејзе да се префрли, или кога следен пат ќе одите кај Ложанковски ќе ве презапишат кај друг доктор. Барем вака беше за матичен стоматолог пред 5 години кога тоа работев. И проверив на малата на сајтот на Мое Осигурување, уште ја пишува Драгана. Ќе видиме од понеделник.
Имаше најава дека ќе се смени. Да не се на фирмата, туку на докторот. Па ако нешто сега скоро е променето не знам.
Јас денес се јавив во ложанковски и сестрата ми рече дека и двете докторки нема да работат во ложанковски и дека педијатрија повеќе нема да има во ложанковски и картоните да си ги подигнеме ете така ми кажаа