По многу размислувања, ја одбравме коич за матичен. Ладна е во односот со родителот како да е уште во државна, ама со пациентите т.е.дечињата е ок. И ги ценам мислењата, единствено не ми се допаѓа што не е ни на секунда достапна вон работно време, ни з итност ни з ништо. Точно е дека има дежурни служби, но сепак како матичен педијатар според мене треба да има еден службен телефон за итни случаи. Не очекувам да отвори ординација во недела вечер, но за совет би требало да има простор. Се слагам и со тоа дека има досадни родители, но се да биде во интерес на здравјето на децата. Со постариот син до скоро имавме супер педијатар, достпен за сите наши дилеми, но се пензионираше па во потрага сме по нов. Коич не го прифаќа, се концентрирале на деца до 6 годишно возраст. И оваа политика баш не ја сфаќам ама ајде... Ако не најдеме заеднички јазик ке ја смениме.
Ја видов темава и морав да си го пофалам нашиот педијатар Д-р Ѓорѓи Паскалов поборник за доење, здрава храна и правилен раст и развој на децата. Не многу комуникативен што на пример мене не ми одговара пошто и јас сум по малце таква ама достапен во секое време и за секаков проблем. Вреди целиот пат што го поминувам за да стигнам до таму
Јас баш поради ваква достапност не би ја менувала Драгана. 2 пати до сега има отворено ординација за викенд за да го ѕирне синко. Ми се јавувала и на полноќ да праша како сме. Во денешно време ретки се такви доктори.
Вторник и четврток од 13 до 19 ч. Понеделник, среда и петок прва (не сум сигурна дали до 15 или 16 ч). Сабота работат со здрави дечиња до 14 ч
Само сабота се со здрави? Треба да одам еден упат да сменам, па викам кога нема гужва и да не правам гужви на болни дечиња.
И ние сме кај Којиќ Бевме еднаш на контрола и океј ми се виде. Ептен беше мила со бебе го играше и бебе и се газеше од смеење. И јас многу се мислев и читав кого да направиме матичен. Сега за сега сум задоволна За итен случај вон работно време (се надевам нема да затреба) ќе го носам во Систина.
Мајки малата има скоро 3 месеци, и до сега цело време кај Палческа ја носев во Систина. Последниот пат толку ме разочара, чудо едно. Толку незаинтересирана, само со телефонот во раце беше, не знаеше каде се наоѓа, ја измери за 3 минути и толку беше, а и кажав дека бебето е цело затнато. Ај ве молам кажете ми кај кој педијатар да ја однесам приватно, не битно систина или друго место во Скопје.
И јас првите 3 месеци ја носев бебка во систина. Откако сфатив дека давам 2200 само за мерење тежина, должина и обем на глава, прекинав. Сега ја носам во Промедика, таму одбравме матичен д-р. ама мене ако ме прашаш јас од докториве од ниеден не сум задоволна, се е про форма
И тој не е поарен, телефонот ми се чини залепен му е за дланката, ти збори и зјапа у екран @barby јас од Драгана Емел сум задоволна, посветена е многу, достапна 24/7 и дури беше 2та месеци на породилно она помисли на бебе мое и ме праша на Вибер како е (имавме мака). И да телефон не и е прилепен у рака
Два пати ни била на дежурство , збори со синот на телефон и у меѓувреме го прегледува детето. Чекам да заврши и ми вика што чекате. И ми се изнасмеа дека сум го донела со температура ,тоа било вирус поминувало за 3 дена , а терапија ќе ми пишала у извештај (демек нема што да ти објаснувам). Мн незаинтересирано делува. Реткост е да најдеш солиден педијатар. Ама па воопшто не личи телефонот и преглед! Срам да им е.
А во февруари кога се враќаше од породилно, некаде на форумов имав прочитано коментар "таа сопственото дете си го остава на 2 месеца, а не јас моето да го носам кај неа". Мислам дека не постои попосветен педијатар од неа. И јас сум доктор, па не сум толку посветена на пациентите, особено што се работи за бебиња кои постојано имаат некаква мака, и ние мајките нормално се грижиме и за најмалата ситница. Капа и симнувам за професионалноста, достапноста и посветеноста. Мене бебе ми падна од кревет летово на одмор, итно ја однесовме во болница во Грција, па едвај собрав храброст да и пишам после чисто за консултација. Бебе си беше океј, си викам не сакам да додевам за нешто што веќе поминало. Некогаш може сериозен проблем да имам сред ноќ или за викенд, па ептен да имам потреба да ја барам. Цел реферат ми пиша, совети, поддршка, како за свое дете. Премногу пациенти има, а исто ги чува и првиот и последниот.
Изгледа за кого како, мене до сега синко не ми бил болен, ама лани летото нешто топол ми беше ептен на глава и со саати чекав да ми врати на вибер, и звонев не ми крена и пиша оскуден одговор едвај. Последниот пат па не ми врати на вибер Инаку на прегледи никогаш не ја мрзи да објасни, не штеди на зборови, ама ете на вибер оскудни одговори ми давала. Се на се кога се нема избор на асални педијатри она е во предност пред сите други со позитивата која ја има и стручноста.
Од Систина само од Симонида сум задоволна. Едино она никогаш не фатила телефон додека траел преглед, не трае прегледот 3 мин и не се осеќаш како едвај да чека да излета од ординација. Дава опширни одговори и совети, сослушува и посветена е на бебе максимално. Сега скоро се врати од породилно колку што знам. Исто, задоволна сум од матичната наша, Моника од Промедика. Чисто како опција ако нејќеш да носиш во Систина.
Јас вака мислам, да е итно, мајката треба да оди на доктор. По вибер, болничко ми е детето, не е ништо итно за да остави дете кое го прегледува за да одговори. Мене доктор игнор ми мавнал кога ми дал антибиотик за дете и ми рекол направи брис од око, па дај капките. Праќам резултати и не ми одговара.... прво нервоза, да не ештетна бактеријава... леле што акоооо... ама до следниот ден веќе окото беше супер. Сфатив дека видел рез, дека бактеријата реагира на терапијата според резултатот и крај. Ама затоа пак, кога имаше гнојна ангина секој ден, сабота и недела идеше на работа за да ја чуе да не спушти на гради. Понекогаш мислам дека и ние претеруваме. Не сакам да се правам доктор покрај педијатар со 10 години школо само за тоа.
Ама и ние родителите сме чурук. Ем нејќеме да ни дремат на телефони ем сакаме на Вибер одма да ни одговорат.