Како и се смените на Др.Драгана сега во Идадија? Кај Ложанковски кога беше не стигнавме да отидеме па затоа не знам.
Понеделник, среда и петок прва, вторник и четврток втора. Со работа прва смена почнуваат од 9 часот. Но нема сеуште печат и не може да пријавува пациенти ако одите за тоа да знаете, треба деновиве да и стигне.
фала. веќе ни е ставена како матичен педијатар на мали така да за ова околу печатот ништо не ми спомнале. мислиш на печат позади у книшка?
Јас уште ја носам кај неа и не ја мењам. Достапна 24х7, па и на одмор кога е. За мое Бебе болно секогаш точна дијагноза дала. Мене ми е погодена.
Да и ние имаме само позитивно искуство со неа.И карактерно е мн пријатна лабава зборлива Малата имаше хемангион .Само нејзиниот збор излезе прав сите останати не преплашиа .
Да, да. Баш е отворена, да не се устручаваш да прашаш нешто. И за преглед секогаш ми излегувала во пресрет, посебно кога не можам да закажам. Ако раѓам пак, ќе ја договарам и за пораѓај
Треба она да си активира печат во фондот дека е вработена таму како матичен педијатар, и после сите деца да ги запише кај себе од почеток. Печатот во книшката ништо не значи, тоа е за тебе да си знаеш кој е матичен на детето и кој број картон е во нивната ординација. Јас денес се јавував, рекоа од понеделник ќе почнат со запишување, од повеќето пациенти си имаат податоци, ама нели да си ги однесеме картоните е најдобро зошто таму веќе има историја на бебето.
Нас ни е три години веќе , ама сега сите се одјавени, одпоново ќе треба да се пријавуваат. Можеш и на мое осигирување да провериш ќе видиш.
И јас проверував, и уште стоеше. Ама денес ми рекоа дека промената ќе стапи на сила неделава, значи од понеделник нема да биде веќе, ќе треба да се оди да се пријави детето. Или ако веќе сте биле сигурно си земале податоци, и ќе ве запишат они.
Стоеше и кај нас до петокот, во петокот извршиле одјава. Додека пак во фондот ми рекоа е одјавен уште од 17.10 кога и престана да работи ложанковски ординацијата.
Би требало прва да е, минатата беше втора. Но сепак звони на телефонот, говорна порака ќе ти каже која смена е,зошто требаше да биде отсутна неколку дена периодов.
Нема педијатар на мое осигурување и за моето девојче. картон однесов и ми рекоа чим добие печат докторката ќе ја заведат.
И за ќерка ми нема педијатар на мое осигурување. Картонот им го однесов пред 2-3 недели. До кога ќе чекаме?
Од понеделник ми рекоа дека ќе внесуваат. Се чека да се активира печатот во фондот. Освен ако треба да идете на специјалист, не е ништо страшно ако нема осигурување, не се секирај, кај нив секако ќе те примат ако има некаков проблем.