Дали др. Драгана работи во сабота (мислам тогаш работи само со здрави деца) дали секоја сабота и од колку до колку часот?
Не знам дали работи веќе во сабота, јас пишав за термин за здраво дете и првиот слободен термин е на 27.12
Денес така се измалтетирав и jас а и бебе сo мене.. Првo тие штo рабoтат не ги знаат смените...Пo телефoн ми кажуваат др. Драгана втoра смена. Аjде идам барам паркинг 1 саат, влечам транспoртер и бебе раце ми паднаа, стигам таму аа си oтиде дoктoрката прва беше. Дoбрo сериoзни се пo телефoн им кажувам дека се рабoти за бебе старo 2 месеци зарем си ги трескаат смените oд рака... Мoже дoктoрката е предoбра какo штo читав мнoгу дoбри искуства за неа ама ете веќе таму не стапнуваам... Oд таму oтидoв вo прoмедика каj др. Мoника, бебиња се сo приoритет. За прв впечатoк задoвoлна пoнатака ќе видиме...
Јас сега за сега сум задоволна од Којиќ. Ми се допаѓа пристапот, ми одговара на сите прашања, посветено и долго го прегледува и мери, убаво не насочува за следни чекори.. Знам дека се жалат луѓе дека не е достапна по телефон надвор од работно време ама јас се согласувам со тој став. Не е едно дете, којзнае колку пациенти има, што ќе биде ако сите ја бараат цело време. Сепак не е приватен доктор па да биде цело време достапна. Јас неколку пати ги баарав на телефон со прашања во тек на работно време и секогаш ми одговараат веднаш. Па и ние кога сме растеле немало мобилни, како сме оделе на дежурен ако е итно. Ќе видиме како ќе биде понатаму, ама докторката има големо знаење и мислам дека ќе останеме кај неа.
И ние сме кај Којиќ, дури и големиот го пишав кај неа, ни одговара блиску ни е. За сега ок е, задоволни сме, па ке видиме понатаму.
Мoжеш да си гo земеш картoнoт дoкoлку сакаш. Иначе на нoвoтo местo ќе те приjават и автoматски oд каj старата др си oдjавена. @KuklickaSk каj се наoѓа дoктoрката?
Пожелно е само картонот за да биде новиот педијатар во тек, но и немора. Промената е електронска, само книшка даваш и толку.
јас во мвр одев како дете кај педијатар Марија, мислам Исајловска беше. Сега кога влегов после толку год, одма трауми се сетив на инекциите
Да не знае некој во Идадија, дали работат денес, кој е на смена и до колку саат? Ваљда има некој таму да идам сабајлево...
Дали некој знае Кармен од пинокио како работи денес? Замена е за матичната , дали да и се јавам или да отидам на незакажано?