Колку што добро паметам за еден месец на мерење. Или па со трудничкиве хормони се имам заборавено. А не беше многу оддамна
Мене ми испуштија во четврток и предглед ми закажаа во сабота. Потоа мислам беше за неколку дена, па за недела. Го следат папчето. Инаку јас се породив во Ремедика и самите ми нудеа некои гратис прегледи, односно со симболичен надоместок за првите два-три (ова пред скоро пет години). Значи, самиот доктор педијатар од болницата те води. Е сега, јас откако дојдов дома, си обезбедив матичен, но кај неа појдов некаде по месец и нешто од породувањето. Беше лето, немаше гужви по чекалните, ниту пак некаква епидемија и поминувавме без проблем. И при самите вакцинации му вршат преглед. За специјалистичките кога ти даваат листа и датуми при исписот, а и тие (првото за срце и колкчиња) ги правев приватно. Сигурно и државните имаат сличен протокол. Подоцнежните за колкчиња си ги правев во мајчин и самиот специјалист понатаму ти дава насоки според потребите кога и дали би требало да направиш повторен преглед.
На картончето од раѓање на бебето пишува за 1 недела. Обично папче проверуваат и преглед со мерење. Потоа за 1 месец.
Ги носите децава на редовен преглед, јас го носев два пати заради папчето, мерење дома и сега кога примаше вакцина. Ама сакам на ортопед да го носам не знам дали работат на приватен сакам, поголемиот го носев кај Весна што работеше кај Видоевски и сакам и малово кај неа. Ама немам број сум го изгубила ако има некоја нека ми пише ве молам.
Ако се е во ред, на месец до месец ипол отприлика. Јас одев до кај 6-7 месеца, после не мислев дека има потреба.
Има нова педијатриска во реонски ПЗУ Реоника, педијатар Сашо не знам презиме. И јас сакам искуства од таму.
Ние ја носиме кај Др Марина Поп Лазарова во Ремедика. Презадоволна сум, кој е во можност топла препорака. По саат и пол останува и ти објаснува детално се, обично јас одам спремна со прашања напишани на ливче ама е многу фина, важи за еден од најдобрите педијатри во Ск и ти го посветива максимално своето време. Единствемо што имам замерка од Ремедика општо пошо таму водев и бременост е што се чека многу време.
Да докторката е супер, ама институцијата не. На тие пари што ги даваме приватно немаат никаква организација со термини ни за здрави ни за болни деца. Сум чекала со бебе и со дете што гори температура по 2 часа. Ниту посебен влез немаат направено за болни деца. Штета.
Тоа даа !! Гинекологија 1 саат чекање, педијатрија исто.. во ист влез со старци, посебно сега со вирусов ужас. Дека не знаат да се организираат тоа е вистина, а Марина како доктор според мене врв.
Др. Поп Лазарова ми беше на пораѓај пред една недела, па денеска бевме на прв преглед. На визитите многу ме нервираше, како да се брза некаде и нема време за прашања, а денеска ми го смени мислењето. Ми се свиѓа и мене и размислувам да си продолжам таму некое време барем додека порасне малку. Денешниот преглед ни беше вклучен во цената од пораѓај, па сакав да те прашам на колку време од прилика има контроли и која е цената на преглед? Фала
Ние немаме тука книшка за малава не знам затоа како одат прегледите тука во МК,главните прегледи и ги водам во Австрија ама кога сме во Ск одиме обавезно кај неа пошо од Австрија сум бар кај што ја носам разочарана, прво дете ништо не ми беше објаснато, а Марина ми се посвети скроз. Така да ние одиме на месец дена кај неа чисто онака да видиме напредок, 2500 мислам дека е контрола, скапичко е ама таа на почеток ме мотивираше и за доење,јас бев очајна оти немав млеко ама после нејзиното слушање и совети совршено си се научивме со беба и уживаме во доење.