Доктор Митка Тренчева од Јане се преместила на друго место. Знае ли некоја каде и се наоѓа сега ординацијата?
Ние вчера прв пат бевме на педијатар со бебето. Се е ок. Во вторник одиме повторно, за да му мери тежина и да видиме дали синко напредува.
Вчер Вчера бевме ние кај Живковиќ, на закажан термин, воопшто не чекавме. Како за прв пат ми остави добар впечаток, па планираме кај неа да продолжиме.
Искуство од др Лидија Спасова од Ремедика? И дали имате препорака за добар педијатар во Центар/Карпош?
Јас сум презадоволна од Јадранка, мака ми е што сум далеку неможам да ја носам редовно, само еднаш месечно кај нејзе.
Јадранка според мене е исклучително добра педијатар. Прекрасно искуство, сталожена, смирена, систематично објаснува, одговара на прашања и дава корисни совети. Кога мојава беше бебе, ја носев кај неа за редовни прегледи. Стои на располагање за дополнителни консултации и покрај зафатеноста. И дава алернативи кога конкретно нуди некој производ за одреден проблем, не инсистира на конкретен бренд, особено ако ете немало ефект во вашиот случај.Ми беше и на породување и си реков колку кул докторка.
И јас ја носам кај Јадранка и задоволна сум, попладне закажувам и чекам највеќе до 10мин барем до сега.
Јас бев кај неа неколку пати, кога беше со Снежана, ми остави одличен впечаток. На 3 м, ме подготви за регресијата на 4м, дека нема да спие, дека ќе цица повеќе, да не дадам ад мисллејќи дека е гладен, што реално таквите совети ми се допаѓаа, иако читам доста за скокови, регресии итн. За здраво дете беше супер, не сум имала друго искуство.
и јас го носам, ама контроли редовни, до сега немал проблем. Многу е опуштена ама позитивно, не во смисол да не се замара, туку не крева паника и убаво објаснува. Таков впечаток имам за сега..ама ме интересираше дали некоја има искуство со болно детенце