Јас ќерка ми од бебе ,а сега е 5,5 години и сум задоволна,до сега само еднаш има пиено антибиотик и тоа од јасли е во градинка и првите година две почесто одевме на лекар,знае да процени ситуација ,не е паничар стварно знае да те смири,а и децата ја обожаваат.Само штета далеку ми е сега ќе морам да барам поблиску педијатар,инаку не би ја менувала.
ти благодара многу, нас ни беше само проблем што до скоро не беше достапна вон работно време, ама сега и тоа го смени.
Се префрлив и јас кај Јадранка и сум презадоволна. Објаснув темелно и посветува време. Јас го носам за сега еднаш месечно, за да видам како напредува, па понатака ќе видиме.
Препорака за добар педијатар во Аеродром или во близина? Поназад во постовите некој праша за ПЗУ Реоника, па дали има некој што оди таму да сподели искуство? Исто се спомнуваше Кармен Цекиќ, али една членка спомна дека не примала нови пациенти, плус работното време и е до 17h, на работи во смени
Којиќ со протокол за одење на доктор.. У превод не доаѓајте. Многу сум во мисла дали да ја смениме.. https://www.facebook.com/305718290023598/posts/698623357399754/
Страшно. Нека затвори скроз ординација ако и е страв дека ќе се разболи и решен проблем.. Со бебиња работи! со бебиња. За животно згрижувачка состојба секако нема да го носам кај неа...
Сите вака ќе направат, за да се оградат од одговорност, ама и да се заштитат од зараза. За жал, имаат право да постават услови, а не би требало...кога ќе се бањаш пред преглед ако не дај Боже се работи за нешто итно? Па не одам кај матичен секогаш со закажан термин од пред три дена, одам и ако ми е итно, а работи во моментот.
Мали имаше тт. Вироза беше и не сакаше да не прими. Имавте ли контакт со заразен ме праша и идете во Козле ако не спаѓа тт. Ја сменив без размислување. Иначе тоа се по телефон ми го кажа.
Леле бе докторкава. Не допирајте НИШТО. Како бе така? У најголемите пандемии докторите сами иделе кај болните од чума и им помагале, знаеле дека имаат чума ама тоа им е должност. Она нека си носи скафандер маска капа ракавици и готово, ако и е страв. Јас само на гинеколог сум била од март наваму, докторката носеше само маска. Познавајќи ја и да у дојде трудница со ковид она со неа ќе оди секаде за да и помогне не да бега како од чудивиште
Протоколов-живи глупости. Па не се идиоти родителите да не знаат како да се однесуваат со децата во овие услови. Јас би ја сменила. Инаку, прв пат ја отварам оваа фб-страна. Очекував корисни информации, текстови....а тие само глупи видеа објавувале секој ден. Разочарувачки ептен.
Одма позади Пелагонија, до Рептилот има ординација др. Јасна Јермилова. Нас докторката ни остави супер впечаток, плус достапна на вибер цело време
Одма. Братучед ми уште од старт ја смени. Им забранила вибер и телефони вон раб време и им одржала лекција. Шо ми треба таков педијатар? Преводот и е баш не ми доаѓајте. Епа извини лекар си. Ќе работиш и во пандемија нормално. Ако не бирај др.професија
Ми се повраќа од "педијатаров". Мојава е секогаш достапна. Јас не знаев дека била на одмор и и пишав на вибер и ме советуваше се што ми требаше.
Да ви кажам ич не ме бендисува оваа Којиќ,ја следам на ФБ и не би сакала ваков педијатар за моето дете. Јас се мислам да ја менувам нашата за малата и за бебето кога ќе се роди, бидејќи ми отиде многу далеку во Влае а ние сме во Аеродром инаку не би ја мењала, многу сум задоволна од бебе ми е таму. Се мислам меѓу Драгана во Идадија или Др.Моника Топузовска од Промедика? Оди ли некој кај вторава да сподели збор два? Или предлог некој ?
И нас тоа на прв преглед на новороденче ни кажа, и ајде ок ми е тоа, се согласувам дека не треба да им се пишува на вибер вон работно време. И они како и сите други имаат работно време, а ако е итно има каде да се носи бебе. Ама откако почна пандемијава, буквално никој не прима. Ни здраво, ни болно бебе. Како што пишавте, лекар си, ќе работиш и во време на пандемија со ризик дека ќе се разболеш како сите останати доктори. Секако нема многу пациенти, место да ги задржи, ги брка.
Не сме кај оваа, ама прочитав од љубопитсво. Добро, дете од две години да не фати? Па тие фаќаат се живо и диво. Непредвидливи се, побогу. И што ќе дезинфицира, ако треба да се лебди у воздух?? Освен да прска озонер. И друго, на бебе ќе му смениш пелена пред доаѓање, ќе се искака по пат. Ни да го провери, ни да го преслече. Или нека му менуваат пелена на клупа.Па, децата маски да носат. Педијатриве некој пат ми се ко од Марс паднати, простете ми. Ко да не работат со деца, ко да не знаат што се деца. А, ако бљувне дете во ординација? Да плаќаат оштета родителите.