Тотално спротивно од неа работи др. Ѕвезда во Идадија. Не прими на преглед за здраво дете, во мај и јули бевме, сега септември пак ќе одиме. Секогаш ми одговара на вибер без оглед дали е после работно време или за време на викенд. Можеби малце подоцна ќе одговори ако е зафатена,ама ќе одговори. Не дека Ѕвезда не запазува протоколи за заштита од ковид,си работи со претпазливост и си прима пациенти. Оваа се понаша ко да е секој што ќе влезе кај неа заразен. И со постов звучи дека си го пази сопственото здравје,не дека се замара за другите пациенти да не се заразат. На внука ми и беше матична лани,на 3ипол месеци кога беше малото отидоа на викенд до грчка, и викаат ако имаме некаков проблем дали може по вибер да ви се обратиме за совет? Она им рекла не сум јас доктор за по телефон. И одма ја сменија. Многу дрска
Има ли сестра што работи со др. Ѕвезда или сама е? Треба упат да земам еден, др. Драгана беше на одмор и др.Ѕвезда ми заврши работа рече на шалтер ќе го остави, па дали да ја чекам Драгана утре втора смена или има сестра што работи со Ѕвезда
Јас лично немам искуство со Моника, ама имам неколку пријателки кои носат деца кај неа и се задоволни. Достапна на телефон, детална и не трупа антибиотик на секое. Еднава пријателка дури дека паничар се лути кога нема да и даде антибиотик на прво И јас ќе треба да барам нов педијатар за мали. Нашава ќе оди во пензија, ама стварно не знам каде да носам. Сепак детето ми е специфична категорија и кај него мора повнимателно со се. Оваа беше искусна со деца како него (колку што може со оглед дека е поретка ситуација). Сакав локално Аеродром, ама изгледа ќе мора да барам и пошироко за да биде соодветно.
На страна колку е стручна (искрено не ми значи и многу) кога е безчувствително створење, искрено се чудам како работи со деца. Која траума и малтретирање лани периодов ми го направи она, мислам до крај на живот нема да ми се повтори. Имам пишувано и во темава кој сака може да прочита, накратко, заради промена на живеалиште сакав да одберам педијатар поблиску што ќе ми е, случајно по фб ја најдов неа и викам ај, одам таму со 2годишно дете коа не седи во место, таа 45 мин ми држеше предавање како не може да не прими бидејќи екс прдијатарот на син ми и била пријателка, а со екс педојатарот нејзината драга пријателка нит се имав искарано нит ништо, дури и се јавив и ми вика "зошто да не сака да те прими, многу чудно, кажи и ако треба дозвола од мене може" додека да најдам нов прдијатар морав уште еднаш да го однесам таму, луѓе мене и син ми не гледаше со некое потценување, нит во ординација не не прими. Таа за мене не е ни доктор ни човек. Не знам стварно како дала заклетва за доктор и како успева да работи со деца... Никогаш ама баш никогаш не би ја одбрала за педијатар. Јас го кажав моето искуство можеби на некој му е ок...
Многу тешко е со педијатри во Аеродром,тие што ги има или се пред пензија или не примаат пациенти,а и реално ги нема многу
Којич и нас ни викаше ќе не праќала во Козле да се тестираме за ковид со вироза обична. Женава ми изгледа дека е извадена од памет од коронава страшно многу и не осеќам дека имаме матична моментално. Во систина го носевме 2та пати кога беше со вирус..
Коиќ и нас ни е матична. Од Декември не сме биле. На година имавме video call преглед. Лани исто, за течење на нос морав во Систина да ја носам. Знаеме колку е тамо преглед нели Страв ме фаќа што допрва идат настинките. А кај нејзе тешко да одиме,односно да не прими
Знае ли некој дали во моментов има педијатар во Букурешт, др. Снежана во пензија, а др.Билјана во Влае, друг? Или некој друг во близина, Козле на пример, Тафталиџе? Случајно прочитав за др.Марија Јованоска, искуства? Паскалов го знам ама за здраво дете тешко се доаѓа до термин...
Наша матична е Којич. Сега бебе ќе направи три месеци ама она не не прима. Кажете ми од кој педијатар сте задоволни што работи сега со здрави деца? Или да фаќам Систина? Не ми се оди некако во Систина, 2500денари преглед за 5мин што ќе го измерат и диши диши....
Задoвoлна сум. На бебе му течеше нoсетo и пишав на вибер веднаш врати дека на oдмoр е и каj да се oбратиме. Првите прегледи не ми правеше мерак пoсле сменив мислење.