13 пропуштени повици во недела во 9ч. Моб бил на безвучно ставен и заборавен од саботата. Непознат број, и веднаш ѕвонам сигурно е нешто итно. Прашањето беше: утре кој доктор која смена е, која сум јас и до колку саат сум била??? Проблемот биле брунченца кои ги имале веќе трет месец па да дадам упат за кожно. Заради ваквите повици, неможеш да кренеш некогаш баш на вистинските проблеми. И пак кревам многу пати мислејќи им требам,муабетот е кој доктор е на работа? Не ѕвонат сите како вас, затоа и џабе генерализирате, 95% се повици кои ти го потрошиле времето за воопшто неитни работи
епа јас кога мислам на достапен доктор не мислам за да прашам која смена е. Имам фиксен од ординација и најчесто таму и ѕвонам. А сме имале и ситуација кога го однесовме малиот на ургентен и добивме одговор за ова ли се доаѓа. И вистина сега знам дека не било ништо, ама сега..
И мене ми рекле на ургентен за ова ли се доаѓа. И стварно така е. Ама млада мајка и разбираат, знаат дека поим немаме и ни е страв. Ама, ако не ти речат, ќе почнеш за се да одиш, вака ќе размислиш. И јас бев у 2 ноќеска на дежурен заради пролив, у ќерка ми директ пред докторката искака најтврдата кака дотогаш. Ми идеше у несвест да паднам од срам. Педијатри се, не сме им први мајки. Они го лечат детето, да,ама и ја советуваат мајката за како да му помогнеме
И матичната секогаш ми одговарала. Инаку, да, Станка ми е прва опција. А дека ѕвонам по раб време ич не ми е гајле. Не ѕвонам за глупости и обично сама сакам прво да пробам. Ако не бива, ѕвонам. И мене ми ѕвонат по раб време и не гледам ништо страшно во тоа.
Незнам зошто да е проблем да пишат,нормално во граници на нормала да е се,и од двете страни.Кај син ми се појави страшна уртикарија,со изобличување на тело,фаца.Ако го однесев кај матичната,или на ургентен ќе погрешев.Матичната рече трчајте на дерматолог.И така и направивме.Не беше нејзина обврска ама многу ми помогна.Еве сега детето да ви качи тт одма ќе го носите кај матичниот?Што ако е корона во прашање?
1600 ден беше преглед пред точно 2 год. За бебиња родени во Ремедика, помалку наплаќаа, ми се чини 800 или 900 ден.
Мислам дека секој лекар може да препознае уртикарија и да даде терапија. Инаку за покачена температура не повеќе од 39, јас не носам дете на лекар. Посебно ако укажува на вироза. Дури третиот ден ако сеуште качува, тогаш го носам да видиме што е. За коронава незнам више што да мислам и како да делувам
Зошто да те препратат? Јас мислам во аптека да влезеш ќе ти дадат за уртикарија, не па на ургентен Алергиска реакција која е итна, нема шанси да те препраќаат ваму таму Реакција која не е итна, може ќе те препратат, а ако не е итно значи нема потреба од ѕвонење И дури и да те препратат, тоа е поправилно иако за пациентот е потешко, пошо треба рашетување ама не го замараш лекарот вон работно време Да не го правиме муабетов ко ако не ни одговорат матичните на вибер готово не знам што ќе биде За ургентни состојби постои 194 И јас сум имала потреба од лекар па не сум барала матичен никогаш досега после раб време Искрено јас прв пат слушнав ваква пракса овде на форумов Мене ми било секогаш common sense кога на некој му завршило работното време не ни го рачунам, барам друго решение Никогаш не ме одбиле, дали на брза помош, дали во ургентен центар, дали дирек на одделение
Сменила ординација? Не сме биле, фала богу, уште од зимоска, така да појма немам. А да не случајно се пензионирала? Сигурна си дека отишла на друго место?
И ние сме кај Митка. Тука прочитав дека сменила, прашав ама не ми одговорија. Никакво известување нема од неа, а на интернет нема нова адреса.
@Kitten @BlackNight Ќерка ми е кај Мими, летово додека беа на одмор ми требаше совет, па ми рекоа доколку се влоши состојбата да ја носам кај Митка и дека е во друга ординација. Некаде близу Јане Сандански Нас Митка ни е замена. Ме замисливте сеа, баш ќе ја прашам Мими. И така деновиве треба да одам кај неа.
Јас со Митка последен контакт имав по вибер крај на март за една кратка консултација, ништо повеќе. Не ми кажа ете дека се преселила. Нас па Мими еднаш не прими како замена. Митка и останатите се концесионери, ништо чудно да и истекол договорот, па да се преселила., што знам. Барав на интернет и сега и фигурира адреса на Коста Новаковиќ. каде што е поликлиниката. Веб страница нема.
Прашај, фала ти. Знам дека се замена со Мими, баш и го следам календарот со смени онлајн, па по неа се ориентирам за смените на Митка.