Супер цена е тоа. Породена си во Ремедика? Марина Поп-Лазарова, како што пишав, по 1600 ден ни наплаќаше пред две години. Прв преглед 1600, наредниот по 2 недели го сметаше како контрола и не го наплаќаше. Одевме 2-3 пати и ги баталив. И тогаш наплаќаа различно....не разбрав што беше поентата, освен родени таму и на друго место.
Да, во Ремедика е роден, го носам кај Марина. Се зачудив за цената, но претпоставив дека е така бидејќи се породив таму.
Во новите,кај д-р Марин ветеринарот ако знаеш каде е позади него во истата зграда На ул Васко Карангелески спроти новото паркче што го направија со лулашките.
Дали некој се јавувал деновиве во Ремедика? Не можам да заѕвонам на главниот број, на другиот никој не се јавува, на мобилниот добивам некоја жена, а исто и Марина не можам да ја добијам изгледа е на одмор. Пред неколку дена ми рекоа 'Во среда го отвараме одделот'?! Што се случува? Дали некоја има број од Ѓорѓевиќ?
Јас ги добив пред малку ми рекоа денес и утре не закажувале да се јавам во среда..барав за педијатар да закажам @Jana06
И во Ремедика и во Систина сами ми давале број со цел ако ми треба нешто да ги барам. Матичната исто со цел да и пратам крвна слика ми даде број а до тогаш не сум имала потреба да ја барам. Не гледам проблем да се звони на доктор, барем мене 10 пати ми имаат укажано дека на ургентно не се носи туку така, па ми се нашле кога ми требале и сум избегнала носење
@Butterfly1107 Ја добив Марина ми кажа дека само породилиштето работи моментално и Живкович била на работа ама само на одделение. Од среда отвараат. А Марина е на одмор.
Џабе когс место нема.. се јавувавме и ние да закажиме ама до крај на септ кај неа ништо. И да, од утре работат.
Знам... Истото беше и за август, ниеден слободен термин, па го носев кај Ѓорѓевиќ. Таа на прв поглед ептен лош впечаток ми остави ама на преглед 2 пати го носев и супер поминавме. Ептен внимание му посветува, си разговараме, совети, многу е смирена и достапна на телефон. А гледам пуштиле оглас за педијатри, не можев да ги добијам, одделот ми викаат затворен си викам да не менуваат персонал таман се навикнавме таму.