Александра беше Ѓорѓевиќ? Ако е таа, јас не сум задоволна. Еднаш ја однесов пошо Марина не беше слободна и ништо не направи, препишаа од извештајот предходен од Марина.. Искра ми се виде ок, кај неа се паднавме кога улетавме без најава.
Да, Александра. Јас го носев на месечна контрола и задоволна сум. И Живкович е добра докторка само ме нервира кога го фаќа со два прста и е мртва ладна кога плаче, си збори таа јас ништо не слушам, а Ѓорѓевиќ е мнооогу поразлична во тој поглед, многу е мила. И многу чудно ми падна кога Живковиќ првпат слушна за Колипрев и ја прашуваше сестрата што е тоа, па не знаеше да каже дали смеам да ги комбинирам со едни други капки
На почетокот малиов на контрола го носам, Марина на одмор и Ѓорѓевиќ на смена. Јас цела насекирана што качил само 40 гр за една недела, млеко не дошло, ад му давав 4×30 мл и таа наместо нешто насоки да ми даде за доењето, ми напиша на 4 часа да давам ад, а со тоа ќе ми се ускратеше доење. Јас со солзи, таа ми вели ај па ти второто ќе го доиш, голема работа. И' велам сакам ова да го дојам, таа пак ми кажува како таа е педијатар а не доела долго време. Веднаш се консултирав со друг педијатар и ми рече никако зголемување број на оброци, туку зголемување на милилитри. Истото и Марина ми го кажа. И набрзина ми изнадрдла триста работи што да му давам, од кои и чаеви, ја замолив да ми запише бидејќи сум уморна и нема да запамтам, а таа преку наочари спуштени ми вика ова нема да го запамтиш? А бе да не бев уморна и очајна со доењево, ќе и' кажев убаво.
Таа исто како оваа Австрија шо ми се погоди, ме праша,, му даваш ти нешто на момичево да јајт?" Јас со солзи дома, само цица веќе 8 месеци, кашички почна да одбива ама зар така се зборува бе ццц. Марина за мотивација за доење е врв, бар јас имам преубаво мислење и сум задоволна. Секогаш насмеана и по саат и пол ми објаснува како и што треба да правам.
За Марина нема збор, ептен е фина и мила, многу ме опушта кога ми зборува. Само ме нервира тоа што е гужва многу и се чека понекогаш и два часа иако си закажал.
Е тоа да ама гужвата се прави зато што знае на преглед да остане по саат и пол/2 со некој. Маж ми има останато надвор да не чека дури и се загрижил што е. Не е фер за нас што чекаме ама пак и ние сакаме кога одиме на преглед детално објаснување. Не дека не може да сњ закаже на ден само по 6-7 дечиња ама тоа е нивна политика.
Гужвата се прави бидејќи има многу пациенти и нема доволно термини за сите, па ги вика на незакажано. Последен пат кога чекав повеќе од 2 саати си имав термин ама чекав зашто пред имаше неколку без термин ама дошле пред нас. Воопшто не е фер, сите сме со мали бебиња, а искрено јас не памтам да сум останала повеќе од 20мин, какви саат ипол и заради тоа многу брза, под притисок сум ама и верувам и се што ќе каже е на место.
Ау јас не сум бидена кај неа помалу од саат. Одење во Ремедика ни одзема пола ден, чекање и преглед. Иначе да, ние имаме 2 пати така улетано, имам разбирање за секого пошо се имам јас најдено во ситуација кај што немам друг избор освен да улетам со ненормално вознемирено бебе и настинато, тие работат и со редовна контрола ама и со настинати и болни деца. Мачно е да се чека со бебе ама нормално ќе дадам предност на тие што им е итно, затоа што знам како е да мораш одма на контрола. Јас немам тука осигурување, ни малава, па Ремедика ми е секогаш прв избор освен ако е недела и неработен ден, да морам би одела Козле.
Јас кога го носев малиот непланирано видно вознемирени и двајцата и излетани од дома како што сме седеле, Живковиќ не сакаше да не прими туку ни рече дека си има ред и си има нејзини пациенти. Уште повеќе се потресов и да не ви кажувам што се сакав да направам во моментот. Среќа што онаа намќорестата сестра се покажа во најдобро можно светло и не смируваше цело време. Живковиќ дефинитивно е избришана од мојот избор.
Јас Ремедика кога сум одела и со здраво и со дете што горело 40тт сум окапувала луѓе, не претерувам ама по 3 саати МИНИМУМ! Толку е бедно и мизерно, а 3 год све дете таму носев ама не се дочекува. Тие стресови и нервози за обичен преглед. Одев кај Марина, имало прегледи од што е преморена жената дури и ќе ми се развикала, Живкович подалеку од носот не знае, Александра е многу несигурна во себе. Однесов дете со гнојна ангина ја викаше Марина зошто не знаеше антибиотик кој да даде. Последно одевме кај Искра, многу ме бендиса ама пак налет на тоа чекање на закажано. Искра дури и ми се јави да праша како е детето и јас целата се чудев за на крај да рече заборавив да ви кажам Бимунал сирупот ви е на попуст земете малку да појачате имунитет Значи што да кажам понатака. Ремедика се со најслаба организација што постои, а богами накачени цени маваат фино по џеб.
А од приватниве најдобро каде е и кај кој доктор? Од систина за доктори немам слушнато баш најдобро..
Доктор Христовски и Фидановски мене ми се врв во Систина. Не сме чекале воопшто, само еднаш др. Фидановски го почекавме, ни рекоа испаднало нешто итно со некое новороденче. Ама чекањето беше 5мин.
@Bubish26 потврдувам и јас за Фидановски. Нема доктор што поише ме смирува од него. Ептен е сталожен и детален. Ќе ти одговори на секое прашање. Шеф на оддел е. Јас го обожавам.
Абе имаш добри доктори само организација лоша на установата. Лошо е тоа и овие неколку што се "извикани" хаос е кај нив. Марина е одличен педијатар во Ремедика, новата Искра е супер пулмолог, поготово за деца што спуштаат лесно на плуќа. Фидановски, Сајковски и Станка од Систина, сум чекала и таму ама пристојно чекање било. Со Паскалов не се најдовме на иста линија и таму сум носела дете. Тешко да ти се погоди сѐ. Само Ремедика хаос станаа тоа ми беше зборот.
Спомнав дека два пати сум налетана без најава во Ремедика, првиот пат плачеше без престан до хистерија, денес бевме зарад настинка, овие пати не прими Искра и јас сум задоволна од неа, не е така зборлеста многу како Марина ама дефинитивно се двои од Александра. Прв пат ми настина беба и вчера празник не знаев ни каде да ја носам, Систина видов од после дека имаат педијатрија ургентен 24/7.
Систина имаат цела зграда посебно педијатрија. Вака нешто слушнав на вести дека сега ја пуштиле во употреба ама Систина има еден огромен Х кај мене.