Педијатар

Дискусија во 'Бебе' започната од lina-kalina, 22 август 2015.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Зошто? На ургентно ако си носела, како ќе ти се погоди. Има 2-3ца што цело време само едно те исто испитуваат и иста терапија даваат.
    Сега им е одлично направено, сосема посебна зграда, со засебен влез педијатрискиот дел. Нема мешање на децата со останатите, што е одлично, посебно во коронава.

    За мене клучно е да си го најдеш педијатарот кој ќе биде стручен и ќе имате иста енергија. Јас никогаш не сум ја однела на ургентно. Пишувам, прашувам која смена е докторката и со неа се договарам кога да носам. Дури и ако била дежурна, а не на ургентно ќе се симне она да прегледа. Јас сакам таков однос. Да се чубствуваш сигурно во било кое време да пишеш, да се јавиш, да прашаш. Друго е да имаш "свој", друго е да носиш кај непознат. На 4 месеци летавме со авион (2 во еден правец) и др беше кога знаев дека иако далеку имам на кого да сметам. Имало ситуации кога ми вика не ја носи, следи 48ч би требало да е добра, ако се влоши, ѕвони, да не закачи уште нешто тука, ама на др.симптоми кога ќе сум пишела ми велела одма да ја носам.

    За чекање, никогаш не сум окапала, па дури и на незакажано. Најмногу 20тина мин затоа што била на пораѓај. Најбитно не форсира ад, баш е за доење. Јас на почеток давав ад, 2 шишиња на ден и некако посигурно се осеќав. Нејзин коментар беше - знаеш колку ништо е тоа во однос на напредокот кој го има?!

    Матичен, приватен небитно, важно да се погоди човекот и да кликнеме :) Јас си сакам отворени и динамични луѓе. Е сега со цените малку претеруваат. 2500 ден се ту мач за преглед. Нит ехо, нит посебна апататура се користи, треба малку да се зауздаат. Ептен забегани се со цените.
     
    На KuklickaSk, azelea, 0ли и 4 други им се допаѓа ова.
  2. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    дали педијатар одбравте пред да се породите и ако да, колку време однапред?
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    18.565
    Не, откако дојдовме од болница, после ден два се јавив кај таа што ми ја препорачаа и го закажав првиот преглед што е на 7 дена од раѓање.
     
    На rainbow_bb му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    А се наоѓаат ли термини толку брзо на приватно? Бидејќи ко што читам кај тој видоевски талевски што ги фалат се чека доста време
     
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.593
    Допаѓања:
    17.525
    Пол:
    Женски
    Ама тие се ортопеди,секако не го носиш одма на ортопед.
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    18.565
    Тие се ортопеди и за кај нив да се чека по 30-40 дена
    На ортопед се оди на 2 месеци, јас се јавив кај Талевски кога беше бебето 1 месец и ми закажаа термин за кога беше бебе 2 месеци и 1 недела.
    Кај матичните педијатри обично има термин.
    Пред да се јавам кај нашава др се јавив кај друга ќе не примеше и таа,како нов пациент.
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Аааа ок, мислев дека на 7 дена на ортопед се носи. Фала ти на информација. А за широк повој дали треба или не ни кажуваат на клиника или матичниот педијатар? :) Извини со прашањава може се глупи ама нзнам што треба да знам а што ќе ми кажат на клиника:D
     
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    18.565
    Јас не ставав,ниту на клиника ниту ортопед ми кажа.
    За внуката на прв преглед на ортопед,на 2м им кажаа дрка треба да и стават и купија од аптека како еко пелена што се пере.
    Не ставаа класични тетри,осмици
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.215
    Пол:
    Женски
    За во Карпош матичен педијатар да ми препорачате?
     
  10. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.882
    Допаѓања:
    10.397
    Паскалoв не е натака?
     
    На solzicka.solzicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Паскалов е во Козле во кулите.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.025
    Допаѓања:
    5.537
    Букурешт, др Тања и Златка.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Ве молам за препорака за лекар за дете специјалист за ОРЛ
     
  14. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Др Христовски во Систина го препорачувам ние сме многу задоволни, за разлика од др Палчевска каде што почнавме да го носиме на почеток.
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @Ano мислам кажуваше за некоја постара докторка дека добра била.
     
    На Ѕвездички му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.097
    Допаѓања:
    40.469
    Пол:
    Женски
    @Ѕвездички Мирка Шалиќ - Интерги. Позади дом на градежници се наоѓа. Види може има и термин преку матичен, последно имаше пуштено повеќе термини.
    Ако е за интервенции, Елена Димеска на клиника, само незнам дали уште прави интервенции, пред пензија е.
    Исто и Докоска на клиника.
    Не знам за што ти треба и колку е ургентно.
     
    На Ѕвездички му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Денес цел ден ѕвонев кај Мирка, никој не се јавува на фиксен,а мобилниот исклучен, утре пак. Да не има некој друг број?
     
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.097
    Допаѓања:
    40.469
    Пол:
    Женски
    Уф мм има, ама тој не можам да ти го дадам зошто и е приватен. Да се јавиш кај матичната да провери со термин. Последен пат кога го носев пред два месеци добив впечаток дека изгледа прима само преку матичен, како некој филтер заради ситуацијава. Баш мои блиски исто сакаа да закажат и проверија на мој термин еден куп термини имаше, а за приватно и они не можеа да ја добијат (или ја добија, ама им рече да закажат преку матичен, не можам да се сетам сега точно како беше).
     
  19. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    ок ќе пробам и така, инаку не е толку итно, ама сепак сакам специјалист да ја види. Имаше во февруари инфекција на увото, тоа помина, но сега почна многу да си го чеша едното уво, да пика прст, да се кубе на таа страна, дури и во сон тоа го први и плаче. А вака кога ја допирам надворешно, не реагира како да ја боли
     
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.097
    Допаѓања:
    40.469
    Пол:
    Женски
    Прати го увцето да не расклемпави. Кај син ми од недоисчистена инфекција се направи мастоидит. Да не те плашам, ама внимателно со децата и ушињата.