Која од овие две докторки е пониска женичка накај 45 години, многу фина со коса до рамења? На вакцина кога бевме дојде со едно бебе и многу убав впечаток ми остави а глупо ми беше да ја прашам како се вика. А барам замена за Коич.
Мајки може ли препорака за педијатар за бебе во Ремедика или Систина кои се меѓу подобри? И кога го правевте прв преглед? И што се ви прпверува?
Меѓу подобрите и попознати се Поп Лазарова во Ремедика и Сајковски во Систина (мислам дека така беше). Прв преглед беше 5 дена по испис од болница, стандард преглед мерења, совети и бсг вакцина.
Д-р Христовски во Систина, проверуваат тежина, прегледуваат бебе, слушаат дишење, срце, тестиси дали е се во ред, плус совети за бебе и мајка.
Може нормално, јави се и закажи си преглед. За Ремедика конкретно да знаеш дека доста се чека за кај Лазарова и покрај закажаниот термин, ако нема слободни Живковиќ е исто добра. За Систина не знам.
Сега кога прегледува само здрави деца, сфаќам колку ми фали Колку трпеливо објаснува и малото колку ми ја сака... А не матичната сто пати ја препрашував и пак не ми беше јасно !
Дефинитивно. Уште од новороденче кога беше, јас цела во прашалници и ја прашував 'глупости' секогаш ми објаснуваше се', достапна секогаш. И мали се радува кога ќе ја види. Многу убаво работи со деца. Како прав педијатар, нели.
Мајки каква е постапката со матичен за новороденче? Избирате одреден доктор и треба да се јавам кога ќе се роди за дали ќе го примат и кога на контрола прва или? И ако некоја мајка знае Слаѓана Ристовска во Кисела вода дали прима дечиња?
Предлог за добар матичен педијатар ? Дефинитивно ќе ја менувам сегашната. после 5 месеци одиме на контрола јас со спремни прашања, а госпоѓата едвај на мое барање го измери колку кг. е , што е 5 секунди работа, а не да ми одговори на прашањата. Негде прочитав за др.Моника промедика @Larahappy вие да не одите кај неа?
Мајки, има ли некоја од вас искуство со посета на педијатар во Жан Митрев? Гледам на групер има понуда, па наведени доктори кои го извршуваат прегледот се Благица Манчева и Соња Петровска. Како сте задоволни?