Ако може да ми препорачате матичен педијатар. По можност во реон од Влае до Центар. И дали знаете кој прави лапизација на гранулом кај папоче? (Да не е систина и ремедика)
Леле стар ти бил постот Толку ми гледаат очиве Мене често ме прашуваат дали сакам кај неа за да не чекам многу кај Марина, но им велам ќе си чекам.
Александра го прифати на порајѓај првиот син,воопшто не ми се допадна. Постариот си го носев кај Марина исто чекам со месец дена унапред закажано. А сега за второво пријатно изненадена од Јадранка. Супер се покажа
И мене оваа докторка воопшто не ми се допадна. Тотално непрофесионална,арогантна и нељубезна. Едно големо НЕ за оваа докторка!
Оваа само со нас беше префина? 15 минути си играа со синко пред да почне со прегледот зашто се плашеше од неа, па ајде као да се запознаат. Може цел саат си правевме муабет на многу теми околу бебе. Кога не отпушти од болница не ми остави добар впечаток ама на овој единствен преглед што бевме кај неа сум многу задоволна. Може и бил денот.
Вчера бевме на педијатар и ехо во Систина од мене имаат многу голем минус, чекавме саат време платив 6700 за двете а бебето само го пресоблекував ептен се разочарав
Закажав за еден месец преглед кај неа, можеш да замислиш!? Не е нормално тоа. Стварно не знам каде да носам дете. А и кај неа на закажано и по 2 часа сум чекала.
Чекалната е боже ми опрости. Сега само една седи во ходникот, една е внатре во таа ординацијата лево и една во помошната десно. Претходно по две во чекалната, но по ново е како што пишав погоре, барем така беше кога бев пред некој ден.
Како што ти кажа Оли. Докторката е со пациент, следните чекаат во втората ординација, третите во чекалната. Следните кај пултот или кој сака во кола, па ги бараат на мобилен. Додека ми беше помало бебето не ми беше проблем, ќе се нацица и ќе заспие. Оди сега излажи го да седи мирен, се тегне на сите страни 2 саати, таман ќе заспие ќе се развика некој особено што ги има некои 3-4 годишни деца што се дерат како во планина, а мајките се мртви ладни, па овој мојот скока од сон со плачење... А сама одам со такси, па носи го навака натака во раце забавувај го да седи мирен. Ми се рика кога доаѓа време за контрола.
Леле мила знам како е, со поголемото дете вака се имам мачено. Ќе откажам преглед, Систина има каде каде подобри услови, ќе си терам таму ако не.