Како бе ова со татковциве? Море море. Не ми се случило да начекам ваква ситуација, бог да чува, како другите да не чекаме и само тој има дете што треба да биде прегледано. Кај Марина секогаш чекам, само на прва контрола откако се роди немаше никој и веднаш влегов. И сега трча во две ординации, не е сменето тоа. Ме нервира чекањето, па си мислам да се префрлам во Систина.
Хаха мене често ми се дешава со татковците Еден ми остана во сеќавање, си чека така мирно во редица и си мислиш пациент е, па кога дојде на ред кога почна да се дере 'Дали треба сега да се јавам на Елица? Еве кажете ми, да и ѕвонам? За 2 мин ако не не прими и ѕвонам на Елица. Па ние преку неа сме овде и сега да чекаме? Еве сега Елица ќе ви се јави директно, па објаснете и нејзе.' Не знам која е Елица ама и јас се исплашив од неа 10 пати и го повтори името
Јас ја носам кај Паскалов, поточно кај виктор и сум пре презадоволна؛ Сега не примаат здрави деца веројатно ради коронава ама мене ме примаат бидејќи сме 1 месец؛ Ги препорачувам؛ Инаку имам слушано мн добри муабети за Емел Марковска мислам беше
Здраво мајки, Би можеле да ми препорачате некој добар, ама стварно добар педијатар во Скопје. Мака мачиме 10 месеци со инфекција на окцето, нашиов ништо не дава освен капки а од нив никалво подобрување. Или некој добар очен лекар од кој сте задоволни..
Во систина имаат офтамологија и доста ги фалат лекарите таму. Исто мајка ми правеше интервенција во промедика доста стручен кадар се мислам кај др Наум Трпеновски беше. Најдобро телефонски консултирај ги далј може за бебче да ти помогнат...
Само јас изгледа имам среќа. Со првото се имаше случено да, чекам. Со второво, најмногу сум чекала 15 минути.
Само кај неа одиме од раѓање и секогаш закажувам во 16h. Први во втора смена. Син ми е 3 години, малово 3 месеци и кај друг педијатар не сме биле. Е сега, мислам @Cka пиша погоре, добар педијатар се гледа кога бебето е болно. И да, поголемиот еднаш беше со мрсулчиња како бебе, така добро изреагира што остана само на тоа, не спушти надоле. Може и среќа сме имале. Битно за мене Марина е супер. Еднаш бевме на ургентен во Систина навечер(големиот имаше 3 м и многу плачеше, излезе дека му било жешко хаха) и чекавме 30мин.
И ние сега на последниот преглед чекавме 15-20 минути и скоро цел саат траеше прегледот. Конечно задоволна да си отидам од таму.
Сеуште не сме го однеле малиот на педијатар, денес полни 12 дена. Дојде патронажна сестра, не советуваше без потреба да не го носиме нигде... Инаку ми ја препорачаа Драгана Емел. Дали има некоја од вас контакт од докторката или од ординацијата?
Здраво мајки. Некоја чие што бебе било болно да ми каже доктор што прима болни деца? Кога е здраво ете на вакцина го проверуваат. Синче ми имаше температура, се тестиравме двајцата за Ковид, бидејќи Којиќ ни е матична и знам како бега од Ковидот како од црн ѓавол. Ѝ се јавувам, мислев барем ќе го слушне детево. Не, ковид имате двајцата вика не се точни тестовите. Ако имал 3 дена температура анбитиотик ќе ни дала, тоа е тоа. Јас сум многу толерантна, ама ако е пандемија и докторката има фобија од ковид, а детето ми е НЕГАТИВНО, не мора да значи дека други болести не постојат и дека детето треба да биде непрегледано. Јас имам воспаление на крајници, морав антибиотик да земам и ми е страв да не е и бебе така, јас еве немав ич т. Абе немам коментар, се расприкажав. Пожелно Аеродром некој добар лекар што прима болни деца во пандемијава. Претходниот пат 100 евра во Систина дадов за дежурен, па нема смисла ова веќе. Што им е работа на матичниве?
Не ми е јасно што и е на таа докторка Се надевам ќе остане без пациенти ради ваквиот однос. Колкаво е бебето што таа брза одма да даде антибиотик? И тоа без да види грло. Ако бебето имало само 3 дена температура, може била само обична вироза. Па и да Е ковид, без преглед на плуќа и грло смее ли така да се расфрла со антибиотици кај малецки деца Да пробаш кај Митка Тренчева? Она беше во Јане, сега се преместила во своја ординација малку подоле на Васко Карангелевски колку што разбрав. Можам да ти дадам број па јави се, прашај дали ќе ве прими.