Здраво на сите. Ќе ве молам за совет. Ние моментално живееме во странство меѓутоа не сме задоволни од вниманието кое го добиваме од докторите тука. Дали знаете да име некој педијатар што нема проблем да комуницира со нас преку мејл и којшто би го препорачале бидејќи имаме ситуација со синчето за којашто би сакале да се консултираме. Благодарам многу!
Искуство со др. Марија Христова, како матичен педијатар? Каде се наоѓа ординацијата во која работи? Се мислам помеѓу неа и Драгана Емел Марковска.
Majki dali nekoja znae dr Dragana dali prima novi pacienti i koja smena e da ja baram ili da idam podobro do ordinacija?
075 260 907 на овој бр ги добив денес,инаку на врата преходно имаше заленепо лист со стар број од докрорката што веќе не го користи
Ние денес прв пат бевме на контрола кај доктор Тимовски - во Воена болница. Него го избравме за матичен. Презадоволни сме од првиот преглед. Не чекавме, дезинфицираат пред секој пациент, го прегледа детално, ни објасни се, одговори на секое прашање. Фала Богу добро е се, па добро и пројдовме. Нели викаат доктор се гледа каков е кога бебе е болно. Дај Боже да не видиме (барем не во брзо време).
Ние сме кај него и планирам да го сменам. За да не носам деца, некогаш ми треба само консултација по тел, на вибер не одговара, по 100 пати се јавувам на фиксен за да го добијам, нез колку пати ме извадил од памет, де на мононуклеоза се сомневал, па правев испитувања во Авицена, тоа бактерија да имало детето, од јуни до септ раб само до 3 (неколку пати во раб ден за нешто после 4 на клиника сум ги носела). Само дава тоа за имунитет и става печати на листовите дека он дава. Е зт докторката е сосем спротивна, ама па не можам стално нејзе да ја начекувам...
Уффф... мене ми е блиску и слушнав некои добри мислења. Здравје ќе видиме следниов период како ќе биде. Вие каде ќе одите сега? Во Карпош некој друг добар знаете?
Каква е ситуацијата кај др. Драгана со закажување во поглед на гужва, дали има и болни и здрави деца или се запазува редот? Се мислам дали до примањена вакцина на 2 ипол месеци да го носам кај др. Поп Лазарова како до сега или да си почнам кај др. Драгана?
Како сте задоволни од доктор Моника во Промедика? Прима пациенти сега? @Sexybaby86 мислам твоите малечки таму ги носиш.
Не се веќе таму моите, ги запишав кај мојата матична од практични причини. Инаку од Моника бев задоволна како доктор, но не ми се допаѓаше тоа што во чекалната сите заедно се, и болни и здрави, и новороденчиња и возрасни. Реално и не сме имале поголем здравствен проблем кај децава за да знам како би се поставила докторката, сме оделе само на редовни контроли, но чекањето секогаш од 1+ саат и деца што кашлаат на сите страни наоколу не ми се допаѓаше, па ја сменив