Нас Којич не прима, бевме минатата недела за редовна контрола. Интревјуто е океј, навистина има безобразни луѓе, мајка ми работи во ИЈЗ и докторите имаат право да се лутат за неодговорното однесување. Ама знам дека не работи со болни деца така да она и не треба да се жали баш дека има многу работа. За разлика од неа има доктори што навистина работат без прекин. Ама ете на нас до сега ни е океј, достапна е и она и сестрата. Се што ми требало ми завршиле.
Ја само др Смоковска ја знам позади Палма Бев кај Маја ама не знам малце како изгубена беше има и уште една др Магдалена па сега да пробаш тебе може ќе ти одговараат докторките мене не ми се погодија Али многу ги фалат и од кај мене од фамилија сите со дечиња се кај неа...
Јас само да кажам за Којич, ај пред корона кризава колку-толку океј беше, језда на еден преглед на малата и вика што си ги свиткала така нозете, па ти си голема, не можам да те прегледам и фати да и ги тегне надоле и тоа не баш нежно. А бебе неколку месеци беше тогаш. А откако почна коронава па ич не прима, на комшиите детето со температура неколку дена преку телефон им го "лечеше", не бе ништо не му е и им кажуваше што да му земат. А за тој статусот на фб што и беше пред неколку месеци.. шта речи. Со други зборови: ич не ми доаѓајте.
Педијатар колку што е потребен кога дете е болно, потребно е и на здраво дете да му го следи растот и развојот,да не речам најважно е на здраво дете да му се прави мониторинг. Затоа најдете добар педијатар.
Тоа дека деца до 10 години не се заразувале и не пренесувале корона не е точно. Мојот син од 5 години и ќерка ми од 19 месеци прележаа корона пред 3 недели. Нормално ги тестирав и двајцата - тест позитивен. Јас и сопругот префативме од нив на 7ми ден по први симптоми и си "поседовме" во изолација 30 дена. Ве молам најдобронамерно не шпекулирајте дека деца не фаќаат корона и не можат да пренесат. После денешниве статии https://health.acibademsistina.mk/b...vje/nova-postkovidna-sostojba-kaj-decata/amp/ само бројам денови од прв симтом кај децава и се надевам се ќе биде во ред и нема да има постковидни компликации.
Здраво мајка со помин нека е Секогаш постои мал процент исклучок од правилото. Жалам што тебе те снашло. Мојот пост не е шпекулација истото е пренесено од страна на др Софијанова. Се надевам на побрз опоравак Може ли да споделиш симптоми как двајцата како се одвиваше болеста и со што ги лекуваше? Обично тука жените пто беа заразени децата им беа без симптоми
@Miss.Sweet не е шпекулација туку од научни истражувања и те молам подобро прочитај, јас напишав "најмалце се заразуваат". Процентот на заразени деца е најмал во светот. Добра е статијава и убаво е да се знае ова, но пак верувам дека вакви случаи кај децата се многу ретки. Нека ви поминува побрзо и верувам дека немаш простор за грижа. Сѐ најдобро!
Да не одам надвор од темава, имам напишано мислење во темата Искуства со корона вирус па може да прочиташ. Во зградава кај што живеам има 20 дечиња на возраст до 10 години. До сега корона прележаа 9 дечиња, тоа и не е баш мал процент. И мислам дека ретко кој тестира деца за корона бидејќи симптомите се слични на настинка, стомачен вирус.
Се редактирам Еве линк за тоа што го зборат систина https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/mis-c-in-kids-covid-19/symptoms-causes/syc-20502550
Докторкава не знам како не ѝ е срам да ги критикува родителите, кога и самата таа не постапува коректно во пандемијава. Еве јас го тестирав моето бебе (и јас), ми се јави да ми каже дека сме негативни, ама ковид имаме и не сакаше да го прими. Е да и кажам дека сепак немавме, не заразивме никој, ние постапивме "правилно" и се изолиравме, таа не. Ми спреми и рецепта за антибиотик да му дадам ако имал повеќе од 3 дена температура, на невидено. А проповеда против злоупотреба на антибиотици, прва е на фб. И што е со препораките да не оделе деца во градинка? Ако таа има можност да си ескивира во пандемијава на некој начин, немаат сите родители таква можност и мораат да работат. А за циц миц фина докторка, харизматична и приступачна. Ама со пандемијава се покажа во право светло. Барем нека ќути кога ни она не е права. Детево година ќе направи за 1 недела, еден преглед имаше на 40 дена и толку. Ни здраво ни болно не го видела.
Ја сменив, нели пишував. Митка ни е сега, не е многу цуци маци не зборува ама барем ми значи што има кој да ми го прегледа детето кога ќе треба
Извини, сум изумила Не е цуци-буци Мене баш тоа ми се свиѓа, коса ми се крева од такви што се лигават. Пред една година ќерка ми кога расече долна уста, како најблиску ја однесовме во Ремедика, ама освен цуци-буци не добивме никаква интервенција, на крај завршивме на максило фацијална. Важно нека си ја работат работата како што треба
Бебето ми имс еден месец, 2 недели му е затнато носето, чистам до кспки и аспирирам после ама џабе кажувам на педијатарот дека е затнато носето освен моментот чистете го не добивам друго. Ќе може ли фа ми кажете добар педијатар може и приватен што ќе ми помогне за мојот проблем.
Нормално е да му е затнато носето, мало е уште, ќе се пушти со тек на време. Не претерувај со влечењето, може да се направи беља. Му тече ли секрет? Какви се мрсулчињата?
Нормално е тоа, речиси сите бебиња имаат затнато носе првите неколку недели. Добро те советувал педијатарот, нема потреба да се грижиш. Чисти го носето неколку пати на ден, најдобро пред јадење за да може убаво да цица.