На сите им се затнати носињата и како да крчат. Моето е 2 ипол месеци и сега дури како да му се ослободува. После бањање можеш да пробаш со чепкалка за уши ПЛИТКО да извадиш мрсулчиња. Или капни физиолошки, па по 5 мин исто со чепкалка пробај, но и не мораш. Може да си кивне и така да ги исфрли или да ги голтне, па во каката да ги исфрли. Не се секирај, кај секое бебенце е така, кај некој порано кај некој подоцна се решава ова. Немој да влечеш пошто пренежни се и може да ја повредиш слузницата
Мене ова ми е на место. Малото кога ми качи температура и почна кашлица одма заминав на тест. Инаку пишува “глупости” точно ама конретно тука,нема ништо лошо. Прочитај другото што вика на фб , за коса ќе се фатиш
Нормални мрсулчиња се тоа, не треба да ги влечеш. Може да се направи беља. Претпоставувам дека се и растегливи, густи. Сите бебиња ги имаат, без гајле, не е нешто за кое треба да се секираш. Прскај со спреј, има за бебиња чиста морска и дестилирана вода, ќе кивне или ќе голтне.
Да премногу се растегливи и густи и и се затнува носето само ефнатс ноздра, ми е страв фс не и се затне скроз ќе имам проблем со подојот после.
Јас знам дека не треба таков секрет да се влече. И моето имаше, ниту еднаш не сум влечела, а си јаде и си цица. Кога ќе видиш дека има, извади ги внимателно. Мало е и не ти се трга и не мрда многу, ќе можеш полека да ги извадиш како што ти пишаа погоре.
Ставај мокра крпа на парното, сув воздух уште толку затнува носе. Често проветруај, беба нема да настине. Сите имаат затнат носе толки малечки, каналот им е многу тесен и треба бар уште 2-3 месеци за да се среди. Од тесно каналче може и да има секрет во очињат, се е то нормално, така да кој педијатар да прашаш и да е настинато бебе нема ништо друго да ти каже. Не се ни дава нешто за пиење, само капки, доколку има секрет влечи, ако нема остави.
Марина Поп Лазарова од Ремедика, јас сум релација Австрија-Скопје и е секогаш достапна, воедно и најпедијатар. Е сега, ние сме бидени и на контроли кај неа, за вака не знам мада жената мислам дека е прав доктор и совет би ти дала.
Топ докторка една од тие што многу ја сакаат бебињата и знае како да се постави позитивна никогаш не била намуртена и се со смирено објаснува што и да ја прашаш одговара јас три пати го носев кај нејзе супер поминавме
ги знаеш имињата на ординациите? Ај оваа позади Палма ваљда ќе ја најдам ама тие другите две што ги спомнуваш кај се поточно?