Во изолација беше, ама сега е вратен на работа и мислам иде прва смена. Да знаеш објавила ја фб дека од 19ти април ќе имаме можност сами да си закажуваме кога сакаме и кај кого сакаме онлине.
Супер е, задоволна сум од редовните контроли што ги правиме за бебуш, посветува внимание и објаснува. Достапна е на вибер кога и да ми затребала,
Здраво женски Добар педијатар по можност да не е приватен? И заинтересиран за бебето..не само да го ѕирне и добри сте можете да одите.... И по можност околу аеродром ама не е тоа задолжително. Битно да е добар/добра.. На темава еден куп мислења прочитав последниве 20 страни ама не знам кои се со склучени договори со фондот за да и ги препорачам .. Фала однапред
Јас сум задоволна од др Јула во Железничар кај Беко. Не идам често ама ептен е достапна, ми завршила услуги, мила, фина. Не бил болен досега фала богу, за да споделам и такво искуство ама вака досега супер е.
Јас го носам кај д-р Митка Тренчева се наоѓа во нас. Аеродром, засега сум многу задоволна. Истата има склучено договор со фондот.
Има ли некоја мајка од Охрид да ми предложи педијатар (може и на приватно да работи)? Ќе бидеме 3-4 месеци минимум во Охрид, матичен си имаме во Скопје но ќе треба да ја носам ќерка на месечни контроли...
И јас го носам кај Митка Тренчева, задоволна сум од пристапот и од тоа што не трча одма да дава антибиотици туку ако стварно има потреба. Има склучено договор со фондот исто така.
Голем избор во Охрид и немаш... д-р Билјана Главинчева Руменовска и д-р Колевски, само нив ги знам...гледам на Златна книга има повеќе ама освен со д-р Билјана немам искуство со никој друг...еве ќе ја тагнам @LivingGlam можеби таа има искуство со некој друг или ако знаеш некоја друга членка од Охрид тагни, можеби ќе добиеш повеќе одговори и искуства. Јас задоволна сум од доктор Билјана ама ја познавам и приватно па не можам да сум репер баш за тоа како се понаша со пациенти што не ги познава од претходно...Ова го кажувам за односот со пациентите, а за стручна е престручна...сепак тоа е мое мислење, можеби од друг ќе добиеш друго
Ти благодарам Не знам членка од Охрид ама ќе ја тагнам @0ли, пошо сега ми текна дека сте на релација Ск-Ох ако одиш кај некој педијатар да ми препорачаш
Нели беше во неуромедика ? Иначе врв од доктор, ја знам од Ремедика, големката само кај неа ја носев.
Во Охрид сме долго време, но ниту еднаш не сум го однела кај педијатар тука, одевме за Скопје кога требаше контроли и кај ортопед и кај педијатар. Не го носевме секој месец бидејќи си ја донесов бебешката вага и сами го меревме напредокот, а повремено за консултации и по телефон се слушав. Само го вакцинирав тука еднаш и пак ќе го носам за ревакцина. Ако имаше потреба нешто итно, кај Биљана Руменова ќе го носев, неа ми ја препорачаа.
Кај мојот матичен го однесов, не најдов добар педијатар. За руменова не знам, а колески деф не ги препорачувам.