хахах е, пак може де и во ќеса да се печат, не е тоа проблем , оние на маги ќесите, не е страшна грешката има и за тоа чудо, решение. Штом пилето може и компирот може, но не би било тоа тоа, според мене
го направив и е превкусен му ставив презла,црвен пипер,вегета,italian herbs, и печев со путер,немам зборови
Повеќе пати каде што се продаваат готови готвени јадења или во порции низ ресторани гледав пекарски компир. Нешто што воопшто не ми се допаѓа е тоа што го прават неизлупен. Некако немам доверба дека доволно е измиен и чист компирот, па никогаш не сум пробала. Инаку дома си го правам малку сварен, па печен да зарумени и да фати како коричка, со повеќе различни зачини по избор. Го добивам ова Ама ако кај нас ваквиот компир се нарекува пекарски, на други краеви од светов пекарски компир е нешто друго . На едно патување порачав baked potato и добив неизлупен компир (си го излупив сама) ама цел, вдлабнат во средината и полнет со кашкавал, некој сос, павлака, варен зеленчук, шунка..Вкус извонреден! Е вчера по сугестија на Моира, испеков во рерна замрзнат помфрит на хартија со зачини и излегоа прекрасни, непремрсни, крцкави компирчиња (се прејадов )
Кај дечкото за прв пат пробав ваков вид на компир,односно приготвен вака.Се лупи,сечи компирот на половина ,по желба и на помали парчиња.Потоа се реди во плех предходно намачкан со маргарин или масло ,а одозгора се става ким,вегета,малки сол,рузмарин,црн бибер.Може да се стави се што сакате од зачини,изборот е голем.Се печи се додека не зарумени компирот.Вкусот е феноменален и дефинитивно препорачувам да го пробате.
Како сте домаќинки? Пекарски компир мммм преубаво. Читам дека го печете компирот во рерна. Јас пекарскиот (по рецептот од тато ) го правам во микробранова. Се сече компирот на кругчиња, се полива со малку масло вегета и млеко. Во микоробранова некаде 15тина минутки (зависно од микробрановата). Пробајте, поедноставно е за припрема ама во секој случај вкусно
Пекарскиот компир (или т.н компир во фурна) прво се вари неколуку минути, потоа се зачинува и се пече во релна додека зарумени целиот. Разликата од домашниот од тој по рестораните е што во рестораните користат замрзнати исечкани компири (а, во некои ресторани го печат во фурна), и не користат многу зачини. На крајот компирот мора да е убаво златесто-кафеав, одзгора крцкав, а внатре мек и да не е мрсен. (Значи не се пржи во масло, туку се печи). И највкусен е со одзгора изрендано сирење како на шопска.
Јас испробав многу рецепти ама пак не ги добив тие што ги барав. Претпоставувам дека по рестораните ги печат на поголеми температури така да ми останува само да одам по кафани
ние правиме онаков компир со сусам.. се земаат помали компирчиња, може и поголеми сеедно!! се ставаат во тавче (ама цели) се става малку масло врз нив и под нив да не се залепат.. потоа си ставаш зачини по желба (вегета,црвен пипер,оригано..шо сакаш) и потоа се посипува сусам врз компирите и ги печеш..тоа е тоа бонапетит!
Потврдувам за овој рецепт... синоќа го правев и сите останаа вакви . ПРЕВКУСНО Е !!! П.С го правев во комбинација со Доритос сосот на Ludoto19
Колку сакаш прави ги дома, ќе имаш вкусни компири, ама нема да бидат исти. Ги печат замрзнати и во фурна. Дома во релна не се добива истиот ефект.
Јас го правам вака: Тавчето го мачкам со маргарин за да не залепат,компирите ги сечам на поголеми парчиња и секое парче го посолувам со вегета и го ваљам во презла и сусам и го печам.Превкусен е