Пеколот (Данте Алигиери)

Дискусија во 'Книги' започната од SexyLady, 14 септември 2011.

  1. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Една од најинтересните книги кои сум ги прочитала,начинот на кој Данте
    го разработил Пеколот и Чистилиштето е многу интересен и кога објаснува за
    круговите на пеколот и кои личности во кој круг се сместени..е тоа ми беше најзанимливо...:)
     
  2. LikeDomino

    LikeDomino Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    25
    На часот по македоонски јазик ја обработивме ,,Пеколот'' и сега професорката ни даде задача да составеме наш пекол односно да напишиме кој во кој круг го ставаме, каква е казната и образложеније. Па ве молам ако имате некоја идеа помогнете зошто јас незнам ни како да почнам :) Благодарам однапред
     
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    33.806
    Пол:
    Женски
    Јас ја имав во тетратка обработено и Пеколот посебно и Боженствената комедија,а оваа книга ја читав почетокот на септември...Е сега пред два дена станав на часот по македонски да прочитам тие 10 страни шо сум ги напишала во тетратка за обработка на Пеколот,а и Боженствената комедија де....Е сето ова ме фати околу 30 мин од часот и добивка од ова е што добив петка во дневник...Тенкју Данте хахаха :lol:
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.098
    Допаѓања:
    174.232
    Пол:
    Женски
    Ремек дело♥ Се сеќавам дека ја прочитав во прва и станав да ја раскажвам како слободна лектира, а за во втора ми беше како дело и класната (по мк.) тогаш ме праша зошто баш во неа сум се запнала да ја читам, ама небитно тоа која е причината која сум посегнала по ова книга, битни се крајните впечатоци и искрено немам зборови да опишам колку величествена е!! Нешто ... не знам, прекрасно, ремек дело изведено од перото на Данте Алигиери. :inlove:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.211
    Пол:
    Женски
    Јас па не ја имам книгава целосно прочитано, не можам да ја најдам да ја изнајмам, има линк дирекно да се чита на нет? :D
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Ја читав сега пред некоја недела ми требаше за во школо и плус писмена имав на тема пеколот.Искрено напочетокот не ни сватив за што станува збор затоа што е во стихови и некако потешко ми беше за читање,ама прочитав предговор и нешто разјаснив.Делата од ренесанса,предренесанса некако не ми се нешто баш нај нај.Може тоа е затоа што не сум навикната на такви содржини,но нема да кажам дека не е вредна за читање,затоа што се си носи нешто само од себе.
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Претешка книга,ја имавме обработено во прва средно.
    Првпат кога ја читав,едвај разбрав збор два,нон стоп прибележував до кај сум и сл.Вторпат ја пак читав за писмена работа,ама ја читав со задоволство,дека претходно професорката по македонски јазик и литература детално ни ја презентираше.
    Ми остави голем впечаток.За читање бара многу концентрација,и познавање на карактеристиките на ренесансата,само така би се разбрал Данте,и би се почувствувала поентата на книгата.
    Се 'барам слободно време' за да ги прочитам и Чистилиштето и Рајот,ама никако да најдам. :lol:
     
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    Да ја имам прочитано... По мене мислам дека оваа книга е многу тешка за сваќање... :(