Пелени за една употреба или пелени што се перат

Дискусија во 'Бебе' започната од captivating, 22 септември 2013.

  1. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/ekopeleni.mk/ Не се тетра еве ги и на фб се сега и супер што имаме конечно ваква опција со тетра ми беше малтретирање ова пери носи.
     
    На merriel0 и Ygritte им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Ова ми звучи интересно :) и колку вакви пелени се потребни за почеток?
     
  3. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Јас прво земав 10 ама тие ми стигаа за еден ден јас 8 користев на ден па после за да не перам секоја вечер си земав уште 10 и сега ми е топ. Плус си купив водоотпорна торбичка па и кога одам негде си ги менувам и ги чувам во таа торбичка.Сеа за сеа сум многу задоволна
     
    На srekice, Lolipop23 и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    А за перење во машина или на рака и на колку степени в машина? Фала за одговор
     
  5. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Во машина ги перам на 60 степени супер се перат.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Ти ги читав искуствата за пелениве и ми изгледаат многу добри.Им пишав на фб и ми кажаа топ понуда.
    Кажи ми дали пропуштаат и има ли потреба од заштитни гаќички за врз нив или само пелена иде?
    И генерално дали си задоволна?
    Сакам да ги нарачам иско имам уште време:D
     
  7. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Даа супер понуди имаат, јас имам сега доволно за синко мој ама сакам уштее принтови мн ми се слатки. Не пропуштиле до сега, за навечер му ставам два апсорбирачи еден од микрофибер еден од бамбус и така без да пропушти тераме 8,9 саати. Нема потреба од никаква друга заштита бидејќи тие имаат водоотпорна заштита од горе и нема шанси да пропушти. Јас уште кога бев бремена истражував сакав со тетра ама мн мачно така ќе ми беше.Вака е топ многу сум задоволна и лесни се мн за употреба.Они се услужливи се ќе ти објаснат што те интересира а јас со задоволство ти ги препорачувам :)
     
    На Lolipop23 и srekice им се допаѓа ова.
  8. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    И јас имам уште некој месец но разгледувам опции и за ова не верував дека постои воопшто и пријатно се изненадив.Свесна сум колку се штетни еднократните пелени нели самиот состав им е штетен штом имаат толкава апсорбирачка моќ.
    Дали ти одземаат многу време за одржување,се постига ли ? Тоа ми е мислата уште една обврска домашна на грб се постигнува ли? Нели сепак се поспецифични за одржување неможеш една по една да переш треба да се соберат ,се умирисуваат ли :?:
    Ти досаѓам со прашањава извини :)
     
  9. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Сестра ми има близначиња и кога видов колку пари се даваат на пелени плус и двете осип секој втор месец имаа и проблеми,па тоа кристалите во пелените најштетни се мислам така што од старт сакав платнени пелени.Вака сега, овие пелени се многу едноставни за одржување затоа и барав ваков тип пелени со нитни. Си купив од кај нив водоотпорна торба што не пропушта ни мирис ни вода мн е добра.Ми стои во тоалетот и таму ги фрлам пелените и ги перам на два дена. Не се воопшто тешки за одржување и маж ми навечер ми пушта машина за 2ч се готови и ми ги пружи во соба сега дека нема сонце и до сабајле ми се суви.Не се пеглаат пери носи се. Плус кога ќе си влезеш во рутина ќе си речеш ова лесно било,барем јас така си реков иако мислев покомплицирано ќе ми биде ама напротив.Кај нас сега почнаа некои мајки да ги користат, но Германија Англија овој тип пелени се доста модерни и популарни. Се што те интересира плус пиши ми во порака :)
     
    На simonagj и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  10. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    одлично, и јас си мислам да земам за кога сме во Македонија, тука (во Германија) користиме секакви различни пелени што се перат, тетри па горе волнени гаќички, и вакви слични па од горе гаќички од полиестер, и мене не ми е тешко перењето брзо оди, само овие претежно споро се сушат, треба да имаш повеќе, затоа ми е со тетри полесно. А тука еко пелените за една употреба се многу скапи, пр. Naty 30 ден е една пелена, а каj нас пак не ни има (има еко од ДМ ама мене па на нив баш реакција ми даде). Лани користев слипи, сега баш ќе ги гледам овие и можеби ќе нарачам.
     
  11. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Со тетра мачење малце ми беше, овој систем повеќе ми се допаѓа, пери носи значи многу лесни за употреба.Тетрата ме замарас малце со пеглање, а и сушењето на овие пелени е мн брзо.Навечер ги перам и до сабајле ми се суви.Освен апсорбирачи од бамбус што имам неколку тие ги ставам во машина за сушење и топ. Навистина ти ги препорачувам, синко мој има баш нежно бебешко газе без црвенило и до сега не ми пропуштиле иако преку ден некад и до 5 саати го заборавам упсс хахаха
     
    На srekice и KidA им се допаѓа ова.
  12. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    не, мажот ми заради тоа неќеше ама досега не приметил ништо а веќе година користиме, сепак треба да се знаат некои правила : пример мокрачата мириса само ако дојде во допир со вода, и исто ако има недостаток на кислород. Значи не треба да биде херметички затворено тоа кај ги чуваш.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Баш тоа сакав да те прашам.Ние сега земавме водоотпорна торба и таму ги ставаме ама сега сме на доење само и до сега не мирисале.А понатаму? Како ги одржувате?
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    да, кога е само на доење може да, се чуваат со се каки и така да се перат, таа кака се, раствора во вода :). а после откако ќе почнете со дохрана, ќе користите од оние како хартивчиња ролната, видов на страната ги има. на него ќе останува каката и тоа оди во ѓубре, а пелената пак исто во ќеса, ќе нема проблем.
    за перење, важно е да се исплават претходно за да не испадне да се перат во мочките, јас имам таква опција на машината и ги пуштам прво на неа без прашок. ако немаш тогаш може и на предперење. а после на 60 степени (не еко), на колку вртежи зависи од материјалот, за посигурно максимум 800 или 1000. важно е да не се користи омекнувач, а прашокот да е обичен да има белило хм не знам како се вика тоа кај нас - Sauerstoffbleiche. ама пример перам со Persil Sensitive, или Ariel може.
    јас имам една специјална торба исто, со кофа оди, и од долу има патент, ја ставаш во машина отвораш патент и сами се вадат во перењето, сигурно и ти така правиш. удобно
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Да, супер што имаат инструкции на веб сајтот па од таму се водам и до сега не сум имала никаков проблем ни со дамки ни со миризба. Ајде ќе мислам за тоа уште малку, ама сакам од амазон да си нарачам туш мал што се прикачува на тоалетот, ем за чистење на тоалетот е супер ем за пелениве да ги плакнам. Јас на 40 ги перам. Ама затоа прво ги пуштам на пола саат опција на машината, со прашок малку и калгон па потоа на 2 часа. Супер е таа опција еве веќе месец и пол така си перам на два дена :)
     
  16. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    пази само ако ги плакнеш па ги чуваш мислам дека тогаш баш е можно да ти се створи миризба :-/ ама пробај. јас со тие салфетките немам мака, се на нив останува.
     
  17. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Не ги плакнам,туку ги перам на quick wash па одма после тоа ги перам на heavy wash. Самсунг имам така ми се програмите. А ќе земам и од тие лентите ама кога ќе почнеме со дохрана.Тоа ептен чиста работа изгледа вака :)
     
    На srekice и KidA им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.605
    Пол:
    Женски
    @KidA јас исто сум заинтересирана за овие пелени, пред малку ги контактирав на фб од страницата за еко пелените, ама ништо околу тие ленти/салфетки не стана збор. Може да ми кажеш колку често ги купуваш и колку се, колку има внатре? Да знам дали ќе ми се исплати..
     
  19. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Баш сега ми излезе пост од нив за лентите. Инаку тие не мора да се купуваат кога користиш вакви пелени, јас не сум ни купила.Знам ми кажаа кога бебето ќе ми биде на храна значи тврда столица кога ќе има тогаш може за да не перам многу туку да ги ставам лентиве.Ама јас Немсм потреба од тоа... Што и да те занима околу пелениве пиши јас ги користам неколку месеци топ ми се ептен се уходав 8)
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.605
    Пол:
    Женски
    Знаеш јас, не живеам во мк, и сега работата ми е што јас не знам кога наредно ќе доаѓам пак за мк, затоа ме заинтересира тоа со лентите, дали се задолжителни кога веќе бебето ќе почне и друга храна.
    Ти колку пелени имаш се на се во овие месеци? Мислам колку би ми биле потребни за цело време, не само за почеток оти јас ќе морам така од напред да земам повеќе, оти може да немам можност да дорачувам по потреба.. и се мислам колку би ми требале..