Можеш да си земеш една ролна чисто онака да си имаш според мене,но тоа не е потребно за пелениве чисто ако сакаш.Јас немам ама прво земав 10 пелени и мешав на почеток една пампер една еко и на три дена перев.Сега си земав уште 12 и супер ми е.Ги користам само пелениве и перам на два дена мислам машината пере де Штом не си од тука, најубаво да си го земеш големиот пакет што го нудат. Ептен се исплати и поефтино ќе те чини а и се има во него.
a каде си? не разбирам за каде ти требаат? не знам македонските пакувања какви се, тука (во Германија) се како една голема ролна кујнска хартија да речеме околу 4-5е е една и трае месец два.. не сум броела искрено. мислам дека дефинитивно требаат кога ќе почнете со цврста храна, зошто инаку како ќе ги одделуваш каките од пелената.. може со тоалетна или нешто ама ова ти е чиста работа. само не се, фрлаат во шолја подобро е башка, со памперсите пример. некои луѓе тие што се само мочани ги перат и користат пак инаку колку пелени ти требаат сама направи си сметка, колку често менуваш, колку сакаш да переш често.. јас имам 20 тетри и 3-4 навлаки, и уште 3-4 пелени за навечер (немам купено од овие од Скопје)
Во Грција сум. И тука маж најде такви пелени, ама од сите што ги знаеме никој не користи и не се наоѓаат ниту коментари.. па затоа сакав од Македонија да се опремам.. бебе е на пат, па искрено не знам колку пелени би ми требале, затоа собирам искуства.. Туку друго што ме интересира, и @Sparkles27 ако сака да сподели искуство, дали се случува пелените да пропуштат, или бебе да е многу водено? Или некаква друга ситуација таква слична..
Пелениве до сега еднаш меѓу нозе кај ластиците ми пропуштија ама ја бев крива не ја закопчав убаво.Значи во овие неколку месеци немам ама баш никаков проблем со пропуштање.Плус бебето не ти е мокро суво е во пределот каде допира памукот.Течноста се слева надоле во џебот на пеленката каде има апсорбирач.Е сеа да ти кажам најубаво е за искачање за подолго време да си земеш апсорбирач од бамбус најдобри се и 4,5 саати нема гајле Ова мене ми е најдобра одлука за бебчо мој што сум ја направила ... нема пари трошење секоја недела, нема пластики по дома смрдеа нема ѓубре и среќна сум јас што не ја загадувам срединава
да е мокро се случува кога користам тертри, ама не е проблем, мочката кога е здрава не е штетна на кожата (и бабицата ми го кажа истото, вели водата е поштетна)) и кога беше само мочана да не ја бришам со водено, само да се луфтира). А дури е полезна, има и козметика ако знаете со уреа шампони кремови.. Друго тоа што бебињата ќе знаат дека после мочањето се водени стануваат свесни за процесот и полесно се одвикнуваат од пелени. Колку се подобри пелените со технологијата за упивање толку за, до повеќе кг има . Така да не се плаши. Е каката е друго, таа знае да прави бељи и треба веднаш да се менува, ама тоа е веќе независно од пелените. А за пропуштање многу ретко скоро ич, дури за навечер користам едни ко волнени гаќи, не ми се веруваше ама држат суво цела ноќ.
@Sparkles27 @KidA Фала на двете за инфо. Намерно не ви пишував во пораки, за да информациите се најдат и на други заинтересирани. Јас нарачав и веќе ми стигнаа. Едвај чекам да почнеме со користење. Фала на двете уште еднаш.
@Sparkles27 имам прашање за еко пелениве, па да се консултирам. Имаше пишано дека со 2 абсорбирачи терате 8-9 саата. Бебе спие по 12 саата и нормално не постасуваат, јас имам само од микрофибер, такви добив во сетот. Како ти е искуството, дали тој од бамбус собира повеќе па да земам 1-2 такви, или да правам комбинација како тебе? Ги земав специфично за ноќното спиење зошто бебе има чувствителна кожа, од првите 2 месеца од животот дали 10 дена не беше вцрвенета. Педијатарот ми ги препорача, ама да ја будам малата само за пресоблакање не ми вреди, многу се трудев да стасаме до ова спиење, не сакам да и го расипувам. Моментално ставам мушама под нејзе, ама секоја вечер да спие со натопен грб нема смисла.
Мене моментално ми е доволен само апсорбирачот од бамбус,до сега не ми пропуштил. Од милрофибер за цела вечер не е добар апсорбирач. Идеално би било да си земеш ноќна пелена од бамбус видов дека има и ја ќе си земам, не сум ја пробала ама читав и се консултирав со мајки викаат топ е за навечер... едино што подолго се суши. Или да земеш апсорбирачи од бамбус тие мене за сега ми се супер не пропуштаат. И нема да имаш проблем цела вечер сигурно
Мамички здравооо. Искуство со Еко пелената наместо тетра?? И каде можам да ја порачам и каква е за одржување (пропушта или што ако се намокри ?, 2 или 1 ми е доволно ?? Во двоумење сум, а уште малку имам време до терминот.
Како 1 или 2 пелени Ти требаат најмалце 10-12 ако мислиш да ги користиш .Скапи се околу 200 евра се цел сет со 12 пелени да ги земеш наеднаш,ама еднократна инвестиција се,и се поисплатливи дефинитивно.Читни ги предходните страни членката пишала искуство. Јас сакав да ги нарачам ама пошто баба ќе чува дете кога ќе тргнам на работа,шпанско село ќе и бидат за да ми ги одржава така да дигнав раце од нив.Иначе се стварно супер за бебе.
Па како бе ми кажаа мене 1 до 2 пелени земале, една била 1500ден. Не знам значи за што зборувале... Ги најдов на фб тие со Еко пелени па ќе ги прашам најдобро, ќе ми објаснат.
Здраво @Yowannty извини стар е постов но сакам да те прашам дали ги користиш уште и како си задоволна од еко пелените и дали е напорно? Се мислам да порачам и јас здравје за во јануари. Фала поздрав
Ги користев првите 7 месеци. На моето бебе не се погодија. Пропуштаа многу, не издржуваа повеќе од 2 часа. За напорно, е напорно нормално. Кој ќе рече дека не е лаже. Значи мора да се протријат во вода по користење, а пред машинско перење. Да се перат, да се пружат правилно за да сонцето биде директно на пелената оти сите какани пелени се со флеки и после машина. Па да се соберат кога се суви и да се спремат за наредно користење. Со мало бебе кое има константна потреба од тебе и маж што оди на работа е навистина напорно, јас ги собирав и ги оставав, па маж ми ги переше рачно пред да ги стаи во торбата за собирање, секое доаѓање од работа прво тоа правеше. Ако имаш помош дома ќе биде полесно. Плус, се големи, посебно со 2 бамбусови инсерти внатре, тоа значи дека многу сетови облека нема да ти одговараат. На пример ако блузичката е точна, пантолончињата ќе бидат мали. Што значи ќе треба или да комбинираш различно цело време, или да купиш бројче поголемо и блузичка во која бебето ќе биде како во торба. Дека се најздрава опција да, како за самото бебе, така и за природата. Дека се економични да. Дека се интересни и уникатни на изглед, нема збор. Ама некој да ми доловеше ваква слика мене кога јас прашував, најверојатно немаше да ги купам. Е да се погодеа, и да не пропуштаа веројатно ќе ги користев сеуште, оти нели веќе сум ги купила. Јас би ти рекла да почекаш, за ако бебето има проблем со осипи и црвенила, да ти бидат опција. Јас сега ги користам за на плажа само за во вода.
Супер што постојат и кај нас вакви пелени, се утепав од барање и конечно ја најдов темава. Си имам наумено да користам вакви пелени со бебе уште оддамна.