Здрaвo, дoкoлку имa вaквa темa зaклучете,преместете. Не знaев кaде дa јa стaвaм темaвa. Се знaе декa сите сaкaaт дa дoчекaт пензијa, тaкoв периoд пa кoристење нa истaтa. Пa зaтoa.. Ме интересирa дaли кoгa вaш близoк се пензиoнирa прaвите мaлa прoсчaвa,кaкo честитaте, предлoг идеи зa пoдaрoк?
Татко ми бидејќи на 50 г се пензионираше му спремавме прослава. Но во меѓувреме сестра ми се омажи, па веридбата и прославата за пензија во исто време ги направивме. Татко ми си рече тогаш поубав подарок за пензија не можев да добијам.
Мајка ми и татко ми пред 2 месеци отидоа во пензија. Прослава со блиските ќе имаат сега во октомври пошо беа на одмор долго време и нема кога да организираат. Од мене однапред добија поклони. Мајка ми- таблет, татко ми- часовник.
Јас пак велам од пензија треба нам нешто да ни купат @SunnyGirl2 добар подорак е дормео. Ако се работи за љубители на книга добар поклон е, да се релаксираат.
Спoртскa oблoжувaлницa, рибaрење -хoби А дa нaпрaвaм чaшa сo нaтпис СТOП ТЕНЗИЈO,ЗДРАВO ПЕНЗИЈO Или нaвлaкa зa перницa Чaшa ќе е oк и некa пие чaј зимoвo хaхa Идеи другии?
Дајте ми идеја за убав подарок за пензионирање. Стварно незнам каде да го поставам прашањево, но ајде во оваа тема бидејќи е за мајка Вие што сте/би подариле?
@Kitten јас на мајка ми часовник Немаше и не носеше, па тоа и купив зошто знаев дека е нешто што ќе и трае и ќе го носи. Се израдува ептен
@Kitten и мене ми се допаша предлогот за рачен часовник. Јас обично купувам поклон за кој знам дека би го користела но никогаш не дошло ред да си го купи.
@Sexybaby86 @danichap и мене ми беше тоа првичната идеа НО кумата ме претркала Ѝ купила уште пред два месеци, кога официјално ги поднесе документите, но обичен, часовник од Parfois кој верувам нема да трае повеќе од една година Без врска е сега јас пак да ѝ купувам, сакав поквалитетен, но часовник на часовник некако не иде. Ептен ми е криво. Значи тотално сум аут, ни идеи ни бутур
Нарачај и сребрено ланче со твоето име и сестра брат што имаш или нешто слично има на фб изработуваат по нарачка
Што да подарам на човек кој ќе оди во пензија, се разбира во повеќе работи, се занимава со електрика и дрвенарија. Може да поправи и тоа што мислиш дека местото му е во канта Сака најразлични алати, алатки, се интересира за технологија, поврзува, заштрафува, сече, лепи, додава, одзема, од старо ново На мисла сум за некоја алатка, си замислувам некакво волшебно куферче со најразлични алати внатре... немам друга идеја, а баш сакам да биде нешто посебно, нешто убаво, во истовреме штосно, а корисно?
п.с. Ја има во dm како засебни пакувања... инаку корисна е и за мажи и за жени. @Вереничка ова само како предлог, можеби е најдобро ако се дадат пари па секој сам да си одбере што би сакал.